Научна Конференција

Вакцините во 21 век – предизвици со кои се соочуваме

20-21 Септември, Јавна Соба – Скопје


Драги роднини, соседи, пријатели, истомисленици, неистомисленици, доктори, адвокати, судии, здруженија, поддржувачи, професори, драги сограѓани,

Денес се обраќаме до сите вас со трошка надеж во срцата дека ќе успеете да издвоите дел од вашето време и ќе го посетите настанот во организација на Здружението за заштита на човекови права, Скопје ОД НАС ЗА НАС и Здружението за заштита на правата на пациентите ЗДРАВЈЕ СО ИГЛА НЕ ВЛЕГУВА КИЧЕВО.

Со оглед на актуелноста не темата последниве осум месеци, кога се соочуваме со (дез)информации за потребата, особено присилноста на имунизацијата преку игла и со тоа попречување на детската заштита, игра и училишен развој, одлучивме да организираме Научна конференција на темата: Вакцините во  21 Век – Предизвици со кои се соочуваме. Темите на дискусија можете да ги видите тука.

Ги собравме еминентните доктори, социолози, фармацевти, поборници за правата на пациентите од регионот и Македонија да земат учество на овој настан, верувам, од големо значење за сите нас. Врвни научници како д-р Сладољев и останатите објаснуваат зошто имунизација не е добро да се прави преку игла, зборуваат за вистините и заблудите за вакцините, како и за правото на избор при информирана согласност.

Подготвуваме покани за домашните експерти кои го поттикнуваат спроведувањето на присилната вакцинација преку тезата за имунизација преку игла, да ги слушнат спротивставените ставови, а потоа да ги изнесат своите аргументи. Поканети панелисти се: министер за здравство, д-р Венко Филипче, од Универзитетската клиника за детски болести Скопје д-р Катерина Ставриќ, педијатар имунолог, од Институт за јавно здравје, Комисија за заразни болести д-р Владимир Микиќ, од Фармацевтскиот факултет вонр. проф. д-р Александра Грозданова, од клиничка болница „Аџибадем Систина“ д-р Александар Сијаковски, педијатар, неонатолог и д-р Владимир Трајковски од Филозофскиот факултет, Институт за дефектологија.  Го очекуваме нивното присуство како би можеле сите заедно, без притисоци, отворено, да извлечеме заклучоци во насока на ревидирање и менување на сегашните политики на Влада на РСМ.

Јавно ги покануваме да нè почестат со своето присуство: премиер Зоран Заев, врховни, управни, кривични, граѓански судии, адвокати, студенти, претставници од правен, медицински, фармацевтски факултет, народен правобранител, здруженија на деца со посебни потреби, особено со аутизам, лекарска, фармацевтска комора, здруженија на педијатри, Хелсиншки комитет, Меѓаши, сите кои ќе се најдат засегнати од проблематиката.

Почитувани медиуми,

Веруваме дека овој пат нема однапред да заземете став и ќе се потрудите на јавноста да ѝ ги прикажете аргументите на двете страни. Дека ќе го прикажете реално соочувањето на истите во насока на помош на родителите за донесување на информирана одлука. Отворени сме за објективна и конструктивна соработка, но, поучени од минатото, најостро ќе се спротивставиме на објава на материјал кој претходно нема да биде доставен до Здружението и одобрен од негова страна.

Сегашни и идни родители, дедовци, баби, роднини,

Ако имате макар и мало сомневање околу последните случувања околу оваа тема, дојдете, можеби ќе ги отстраните. Доколку немате воопшто сомневања, во било која насока, дојдете, споделете го ставот. Ќе се сослушаме, ќе поразговараме, ќе се дружиме.

Ве каниме да дојдете како инстиуции, но и како луѓе. Дојдете заедно да извлечеме заклучоци, да се погледнеме кои сме, што сме. Та, луѓе сме, ќе се разбереме.

Однапред се извинуваме што во организација сме аматери и можеби нема да ги исполниме вашите очекувања од организационен аспект. Но, можеме да ви ветиме дека ќе има што да слушнете и научите.

Конференцијата ја финансираат самите членки на Здружението и донатори. Доколку и Вие сакате да ја поддржите конференцијата, Ве молиме уплатете на следнава сметка:

НАЛОГОДАВАЧ:

Назив на налогодавачот: Вашето име и презиме

Сметка на налогодавач: Вашата сметка

Банка на налогодавач:

Цел на дознака: Донација за P-2019-001

Повикување на број: P00002

ПРИМАЧ:

Назив на примач: Здружение ОД НАС ЗА НАС Скопје

Трансакциска сметка на примачот: 300000004379974

Банка на примачот: Комерцијална Банка а.д. Скопје

Износ: Сума која сакате да ја донирате

Повикување на број: P00002

Ве молиме запазете ги полињата цел на дознака и повикување на број одобрување/задолжување, со цел средствата да се насочат кон точната намена.

За уплата од странство, користете ја девизната сметка:

Zdruzenie OD NAS ZA NAS SKOPJE

IBAN Code: MK07300701003607591
SWIFT: KOBSMK2X
Bank Name: KOMERCIJALNA BANKA AD SKOPJE
Bank Adress: Orce Nikolov 3
Country: North Macedonia


Ви благодариме!

Дознајте повеќе за конференцијата и учесниците на страната https://k2019mk.odnaszanas.com/.