За Клеточниот Материјал Во Вакцините

Од каде доаѓа човечката ДНК во вакцините и какви проблеми може да предизвика?


Во студијата од 2011 година направена од д-р Хелен Ратајчак наречена Теоретски аспекти на аутизмот – Причини и преглед, која била објавена во Journal of Immunotoxicology, таа ги разгледува
проблемите поврзани со инјектирање на човечко ткиво во друго лице. Во статијата на CBC се вели: „ Ратајчак, исто така, разгледува фактор што не е широко дискутиран – човечката ДНК содржана во вакцините. Така е, човечката ДНК. Таа известува дека во исто време кога од повеќето од вакцините бил отсранет тимеросалот (живата), почнале да прават вакцини користејќи човечко ткиво. Ратајчак вели дека човечко ткиво во моментов се користи во 23 вакцини. Таа дискутира за зголемување на инциденцата на аутизам што соодветствува со воведувањето на човечка ДНК во МРП вакцината и сугерира дека овие две би можеле да се поврзат. Ратајчак, исто така, вели дека дополнителен зголемен скок во аутизмот се случил во 1995 година кога вакцината против големи сипаници почнала да се одгледува во човечко фетално ткиво“.

Зошто човечката ДНК потенцијално може да предизвика оштетување на мозокот? Начинот на кој Ратајчак објаснува: „Бидејќи тоа е човечка ДНК и приматели се луѓе, има хомологна рекомбинација. Оваа ДНК е инкорпорирана во ДНК – домаќинот. Каде е ова најизразено? Невроните на мозокот. Сега имате тело кое ги убива мозочните клетки и тоа е постојано воспаление. Не престанува, продолжува низ животот на тој поединец“.

ВАЖНО од статијата во Journal of Immunotoxicology: „Човечката ДНК од вакцината може да биде случајно вметната во гените на примачот со хомолошка рекомбинација, процес што се случува спонтано само во рамките на еден вид. Жешките точки за вметнување на ДНК се наоѓаат на X хромозомите, кај 8 гени поврзани со аутизам кои се вклучени во формирањето нервните клетки и врската – синапсата меѓу нив, развојот на централниот нервен систем и митохондријалната функција (Deisher, 2010). Ова може да даде објаснување зошто аутизмот претежно е болест на момчињата. Овие податоци ја поддржуваат хипотезата дека резидуалната ДНК на човекот во некои вакцини може да предизвика аутизам“.

Која е д-р Ратајчак и зошто е таа толку квалификувани во оваа област? Во текот на нејзината славна кариера, таа се фокусираше на имунологијата и токсикологијата, со акцент на хиперсензитивност.
Д-р Ратајчак работела во ИИТ Институтот за истражување во Чикаго и била лидер на Групата за имунологија. Таа исто така предавала применета имунологија за дипломирани студенти на IIT. Во врска со нејзината кариера и истражувањата кои ги правела, прочитајте во интервјуто.

Како зголемените стапки на аутизам корелираат со вклучувањето на абортирани човечки фетални клеточни линии и ретровируси во вакцините?

Студија објавена во 2014 година во престижниот Journal of Public Health and Epidemiology, насловена како „Влијание на факторите на животната средина врз распространетоста на аутистичното нарушување, по 1979 година“, беше првата што покажа, преку голем број на податоци, дека зголемување на преваленцата на аутизмот одговара со воведување на фетална клеточна линија, ткивата и ретровирусите во вакцините во САД. Истата корелација била пронајдена и во Обединетото Кралство, во Западна Австралија и во Данска, кога тие елементи биле воведени. Вакцините во кои ги додале овие фетални ткива биле МРП, Хепатит А и Б и варичела (големи сипаници).

Од студијата „Влијание на факторите на животната средина врз распространетоста на аутистичното нарушување, по 1979 година“ на Д-р Тереза Дајшер.

„Во 1979 година, што се совпадна со првата поголема промена на нарушувањета од спектарот на аутизмот е воведена промена во производството на вакцините, односно воведоа фрагменти на човечка ДНК и ретровирусни загадувачи.
Додека не го знаеме причинско – последичниот механизам зад овие нови загадувачи на вакцини и аутистично нарушување, хуманите фетални ДНК фрагменти се индуктори на автоимуни реакции, додека за ДНК фрагментите и ретровирусите се знае дека ги потенцираат геномните инсерции и мутации“.

Повеќе за д-р Тереза Дајшер.


Контаминирани животински клеточни линии:

За ретровирусите, Д-р Џуди Миковиц.

Преглед на безбедност при имунизација: SV40 контаминација на вакцина против полио и рак.

Активирање на метастатски потенцијал кај клеточните линии на бубрежните клетки на африканските зелени мајмуни со продолжена култура на in vitro.

Проценување на туморoгенскиот фенотип на VERO клетките кај возрасните и новородените голи глувци.

Систематски експериментални испитувања за карциногенеза или туморигенност на VERO клеточните линии на различни кариотипи кај голи глувци in vivo кои се користат за производство на вирусни вакцини. h

Вакцините за ротавирус сеуште се контаминирани со ДНК на свински вируи.

Вирусни нуклеински киселини во живите, атенуирани вакцини – Детекција на варијанти на видовите.

22 студии за контаминацијата на клеточните линии, а преку тоа и на вакцините.

Уште студии за контаминираните вакцини.