Неинформирани, па изманипулирани! Дали маските спречуваат ширење на КОВИД-19?


СЗО: Една корист од носењето маска од страна на здравите лица е дека „ќе ги направи луѓето да се чувствуваат дека можат да придонесат за спречување на вирусот“.


Со СЗО се поврзани безброј скандали, од пандемијата со свински грип, форсирањето на оралната полио вакцина низ Африка- што предизвикува повеќе полио од природниот вирус, сомнителните врски со фармацевтската индустрија, па сѐ до кршењето на меѓународните етички стандарди при клинички испитувања на вакцините. Сепак, СЗО ни е „ѕвезда водилка“ во оваа фарса, па ајде да видиме што велат тие повторно.

Неодамна на социјалните мрежи беше актуелизирана темата за употребата на заштитните маски и фактот дека власта во нашата земја ги присилува здравите лица, спротивно на препораките на Светската Здравствена Организација (СЗО), да носат заштитни маски и покрај знаењето за неефикасноста и штетноста на истите за спречување на ширењето на КОВИД-19.

На социјалните мрежи?

Токму така! Неколку медиуми срамежливо известија за тоа дека официјалните препораки на СЗО се спротивни на домашните препораки!

На 1.6.2020 година, информиравме (1) за официјалните препораки на СЗО од 6.4.2020 година кои беа на важност (2), согласно кои беше препорачано:

„Mаски треба да се користат само во специјални случаи. Доколку кашлате, имате висока телесна температура и потешкотии во дишењето, треба да носите маска и да побарате медицинска помош. Доколку ги немате овие симптоми, не морате да носите маска бидејќи не постојат докази дека ги заштитуваат луѓето кои не се болни. Маските самите по себе може да ви дадат погрешно чувство дека сте заштитени, па дури може да бидат и извор на инфекција доколку се користат несоодветно“.

Исто така, уште поважно, во ова известување можеше да се прочита и за научна литература која ја поддржува оваа теза. Но, сепак власта и дел од медиумите одлучија мудро да молчат и „да ги пикнат под тепих“, официјалните препораки на институциите кои инаку слепо ги следат, папагалски ги повторуваат и непогрешно ги исполнуваат нивните препораки. Дури не се ни потрудија да истражат во научната литература дали оваа кај нас казнива препорака е валидна, дали бенефитот е поголем од ризикот. Што точно се наоѓа во ревидираното упатсво на СЗО, во однос на маските?

ЦЕЛОСЕН МОЛК!

По прес конференцијата на СЗО, осамнаа наслови како:

„СЗО: Носете заштитни маски и на отворено, тие спречуваат КОВИД 19 да се шири“ (3)
„СЗО ја промени својата позиција за заштитните маски“ (4)
„СЗО ќе издаде нови упатства за користење на заштитните маски“ ( 5)…

Извор grid.mk

Извор grid.mk

Дел ги цитираа СЗО, дел препишаа од други медиуми, а дел и погрешно пренесоа, борејќи се за најчитан наслов со што го наведуваат јавното мислење кон сосема спротивен заклучок.

Но, чекајте, кои беа „старите“ препораки?

Дали е можно целата научна литература која укажува на тоа дека маските не спречуваат ширење на КОВИД-19 да падне во вода и чудотворно маските да почнат да спречуваат КОВИД-19 како резултат на нова научна литература? Па, дури и новата научна литература да укажува на такво нешто, дали старата едноставно ќе ја заборавиме? Дали навистина СЗО кажува да носиме заштитни маски на отворено? Дали навистина тоа спречува КОВИД-19 да се шири?

Одговорот на сите овие прашања едноставно се наоѓа во ажурираното упатство на СЗО од 5.6.2020 година (6). Ова е единствениот документ кој треба да се истражи, за да се дојде до одговор на прашањето за тоа: Дали медиумите покрај тоа што не нѐ информираат навремено, исто така и нѐ манипулираат?


Во продолжение следува анализа на новите препораки на СЗО:


ПРЕГЛЕД НА НАУЧНИТЕ ДОКАЗИ

1) „Студиите за: грип, болести слични на грип и човечкиот корона вирус (не вклучувајќи го КОВИД-19) обезбедуваат докази дека користењето на медицински маски може да превенира ширење на инфицирани капки од симптоматските инфицирани луѓе (контрола на изворот) кон некој друг, како и потенцијална контаминација на околината со овие капки“.

2) „Постојат лимитирани докази дека носењето медицинска маска од страна на здравите лица во домаќинството, специфично оние кои го делат домот со болни лица, или меѓу присутните во масовни собири, може да бидат корисни како мерка за превенција на пренесувањето“.

3) „Мета-анализа направена неодамна на овие студии на набљудување, со наследената некомплетност на набљудуваните податоци, покажа дека било која од хируршките маски за една употреба или 12-16 слојните памучни маски за повеќекратна употреба беа поврзани со заштита на здравите лица во домаќинството и меѓу контактираните случаи. Ова може да се смета за индиректен доказ за користењето на маските (медицински или други) од страна на здравите лица во пошироката заедница; Како и да е, овие студии сугерираат дека овие лица треба да бидат во непосредна близина со инфицирано лице во домаќинството или на масовни собири каде физичката дистанца не е постигната, за да се инфицира“.

4) „Резултатите од рандомизирани контролирани испитувања по кластери за употребата на маските меѓу млади возрасни лица кои живеат во универзитетски домови во Соединетите Американски Држави, укажуваат на тоа дека маските за лице може да ја намалат стапката на заболувања слични на грип, но не покажале никакво влијание врз ризикот од лабораториски потврден грип. Во моментов, нема директни докази (од студии за КОВИД-19 и за здрави луѓе во заедницата) за ефективноста на универзално маскирање на здрави луѓе во заедницата за спречување на инфекција со респираторни вируси, вклучително и КОВИД- 19“.

И ова се севкупните докази кои СЗО ги сумирала како релевантни и ги обелоденила во поглавјето Насоки за носење маски кај општата популација, за целите на давање препораки за универзално носење на маски. Заклучокот е дека ревидираните препораки на СЗО се должат на една нова студија (7) објавена во јуни 2020 година и финансирана од страна на СЗО, која направила ревидирање на голем дел од постојната научна литература и врз основа на истата, овој пат таа заклучула дека маските може да резултираат со значително намалување на ризикот. Иако голем дел од научната литература постоела и претходно кога СЗО ги даде претходните препораки согласно кои тврдеше дека нема доволно научни докази кои ќе укажат дека маските резултираат со корист.

Но и покрај појавата на оваа нова студија СЗО не препорачува задолжително носење на маски од страна на здравите лица!!! Што е и очекувано. Затоа што од прегледот на научната литература кој е спомнат од страна на СЗО, а и оној кој не е спомнат, видно е дека едни научни трудови покажуваат едни резултати, а други научни трудови покажуваат други резултати, поради што не е можно да биде донесен еднозначен заклучок.


КОРИСТ НАСПРОТИ ШТЕТА ОД НОСЕЊЕ МАСКИ

Наспроти нашите официјални медиуми кои еднозначно и недвосмислено повикуваат носење маски од страна на сите, СЗО во истите препораки за кои информираа нашите официјални медиуми, не заборавила да информира на транспарентен начин за предностите и опасностите од носењето маски од страна на здравите лица, сумирани во следната табела:

НЕГАТИВНИ ЕФЕКТИ ПОЗИТИВНИ ЕФЕКТИ
потенцијално само-загадување што може да се случи доколку немедицинските маски не се менуваат кога се влажни или извалкани. Ова може да создаде поволни услови за засилување на микроорганизмот; намален потенцијален ризик од изложеност кон заразени лица, пред истите да развијат симптоми;
потенцијална главоболка и / или тешкотии во дишењето, во зависност од видот на користената маска; намалена потенцијална стигматизација на лицата кои носат маски за да се спречи инфицирање на други лица (контрола на изворот) или на лица кои се грижат за пациенти со КОВИД-19 во не-клинички услови;
потенцијален развој на лезии на кожата на лицето, иритирачки дерматитис или влошување на акните, кога се користат често и долги часови; да направи луѓето да се чувствуваат дека можат да придонесат за да се спречи вирусот;
тешкотии во јасно комуникацирање; да ги потсети луѓето дека треба да ги почитуваат другите мерки. Но, ова може да има и обратен ефект.
потенцијална непријатност; потенцијални социјални и економски придобивки. Во услови на глобален недостиг на хируршки маски и PPE, поттикнување на јавноста да создаде свои маски од ткаенини може да промовира интеграција на индивидуалните компании и заедницата. Покрај тоа, производството на немедицински маски може да понуди извор на приход за оние кои можат да произведуваат маски во рамките на нивните заедници. Маските од ткаенини, исто така, можат да бидат форма на културен израз, охрабрувајќи го прифаќањето на јавноста на мерките за заштита воопшто. Безбедната повторна употреба на ткаенини за маски, исто така ќе ги намали трошоците и отпадот и ќе придонесе за одржливост.

лажно чувство на сигурност, што доведува до потенцијално пониско придржување кон други критични превентивни мерки, како што се физичко растојание и хигиена на рацете;


неможност за усогласување за носење маска, особено кај малите деца;
проблеми со управувањето со отпадот; неправилно отстранување на маски, што доведува до зголемен неред на јавни места, ризик од загадување на уличните корпи и опасност по животната средина;
потешкотии во комуникацијата за глувите лица кои се потпираат на читање на усните;
неповолност/неможност или тешкотии при носење, особено за деца, лица со пречки во развојот, оние со ментални заболувања, постари лица со когнитивно оштетување, оние со астма или хронични проблеми со дишењето или оние кои имаат траума на лицето или неодамнешна орална максилофацијална хирургија и оние кои живеат во топли и влажни околини.



Ве молиме ВНИМАТЕЛНО прочитајте ги предностите и штетите од носење маска, особено „позитивниот ефект“ согласно која носењето маски треба „да ги направи луѓето да се чувствуваат дека можат да придонесат за да се спречи вирусот“, како и „негативниот ефект“ согласно кој маските ќе придонесат за добивање „лажно чувство на сигурност“.

Но, исто така не заборавајте и дека ова не е конечна листа на несакани ефекти.

„Во суштина некои студии откриле значителни проблеми со носењето маски. Тие може да варираат од: главоболки, зголемен отпор на дишните патишта, акумулација на јаглероден диоксид, до: хипоксија, па сè до сериозни животно- загрозувачки компликации“ – д-р Расел Блејлок (8).

ЗНАЧИ! НОСЕЊЕТО МАСКА НЕМА ДА ПРИДОНЕСЕ ДА ГО СПРЕЧИТЕ ВИРУСОТ! ТОА ЌЕ ПРИДОНЕСЕ САМО ДА СЕ ЧУВСТВУВАТЕ ДЕКА МОЖЕТЕ ДА ГО СПРЕЧИТЕ ВИРУСОТ!

А притоа ќе уживате, не во намален ризик, туку во намален потенцијален ризик од изложеност кон заразени лица, пред истите да развијат симптоми!



СОВЕТ ДО НОСИТЕЛИТЕ НА ОДЛУКИ ЗА КОРИСТЕЊЕТО МАСКИ КАЈ ОПШТАТА ПОПУЛАЦИЈА


„ … СЗО го ажурираше упатството со цел да ги советува дека за да се спречи ефикасно преносот на КОВИД-19, во областите каде има пренесување во заедницата, владите треба да ја охрабрат пошироката јавност да носи маски во специфични ситуации и подрачја, како дел од сеопфатен пристап за сузбивање на преносот САРС-КоВ-2.

СЗО ги советува носителите на одлуки да применат пристап базиран на ризик, фокусирајќи се на следниве критериуми кога размислуваат или охрабруваат употреба на маски за пошироката јавност:

1 ) Цел на употреба на маска: дали намерата е да се спречи заразениот носител да го пренесува вирусот на други лица (т.е. контрола на изворот) и/или да понуди заштита на здравиот носител од инфекција (т.е. превенција).

2 ) Ризик од изложеност на вирусот КОВИД-19:

– заради епидемиологија и интензитет на пренесување кај населението: доколку има пренесување во заедницата и има ограничен или нема капацитет за спроведување на други мерки за ограничување, како што се следење на контакти, можност за извршување на тестирање и изолирање и грижа за сомнителни и потврдени случаи.

– во зависност од занимањето: на пример, лица кои работат во близок контакт со јавноста (на пр., социјални работници, работници за лична поддршка, касатори).

3 ) Ранливост на корисниците на маски/популацијата: на пример, медицинските маски може да ги користат постарите лица, имунокомпромитирани пациенти и лица со коморбидитети, како што се кардиоваскуларни заболувања или дијабетес мелитус, хронично заболување на белите дробови, карцином и цереброваскуларни заболувања.

4 ) Подрачјето во кое живее населението: места со голема густина на население (на пр. бегалски кампови, места слични на камп, оние кои живеат во тешки услови) и поставувања кога поединците не се во состојба да одржат физичко растојание од најмалку 1 метар (на пр. јавен превоз).“

5 ) Изводливост: достапност и трошоци за маски, пристап до чиста вода за миење на немедицински маски и можност за носители на маски да толерираат негативни ефекти од носење маска.

6 ) Вид на маска: медицинска маска наспроти немедицинска маска“

Но, водичот на СЗО не застанува тука, туку продолжува:

„Ако маските бидат препорачани за општата популација, носителот на одлуката треба:


– јасно да ја соопшти целта од носењето маска, каде, кога, како и каков вид маска треба да се носи. Да објасни што може да се постигне со носењето маска, а што нема да се постигне и јасно да соопшти дека ова е еден дел од пакетот мерки заедно со: хигиена на рацете, физичко дистанцирање и други мерки што се неопходни и сите се зајакнуваат едни со други;


– да ги информира / едуцира луѓето за тоа кога и како безбедно да ги користите маските (видете делови за управување и одржување на маската), т.е. да се стави, да се носи, да се отстрани, да се чисти и да се фрли;


– да ја разгледа реалноста за употреба, проблеми со снабдување/пристап, социјално и психолошко прифаќање (и за носење и за неносење различни видови маски во различни контексти);


– да продолжи со собирање научни податоци и докази за ефективноста на употребата на маски (вклучувајќи различни типови и производи, како и други покривки за лице, како што се шалови), во поставките за здравствена заштита;


– да го процени влијанието (позитивно, неутрално или негативно) од користењето маски во општата популација (вклучително и однесувањето и општествените науки).

– СЗО ги охрабрува државите и заедницата да донесат политика за употреба на маски во пошироката јавност да спроведат истражување со добар квалитет за да ја проценат ефективноста на оваа интервенција за спречување и контрола на пренесувањето“.



И доколку истражувачки се прочита целиот овој текст, што е работа на еден истражувачки новинар, сигурно нема да се дојде до заклучок дека „СЗО: Носете заштитни маски и на отворено, тие спречуваат КОВИД 19 да се шири“, како во случајот со нашите медиуми.

Заклучокот е едноставен и недвосмислен. Затоа што научната литература не е единствена, затоа што струката не е единствена, СЗО нема доволно информации да препорача носење маски од страна на здравите лица за целите на заштита од КОВИД-19. Затоа СЗО „охрабрува“ носење маска, при истовремено спроведување мерки за прибирање податоци врз основа на кои ќе се испита дали носењето маска има смисла. Значи, СЗО охрабрува ние да учествуваме во експериментот за да собере релевантни податоци, па со тоа и не презема одговорност од евентуални штетни последици. Но, СЗО барем, за разлика од нашите надлежни институции, ги истакнува добрите и лошите страни од носењето маска. Па, на вас останува да одлучите дали сакате да се чувствувате дека придонесувате за спречување на КОВИД-19, за сметка на можна хипоксија и оштетување на мозокот кој може да го предизвикате кај себе со носењето маска.

Можеби и ќе се запрашате дали официјалните медиуми по истиот принцип (целосно пристрасно, со исклучиво обелоденување на информации кои во целост ги поддржуваат политиките на властите) нè информираат и за сè останато.

Во меѓувреме стотици граѓани се казнети поради непочитување на „потенцијални мерки“.

Референци:

1 ) https://www.odnaszanas.com/?p=3337&fbclid=IwAR1smYD2oBBaxiWwHnVd481iJGxTA1ynmcwJ7Eonuc06eUZVWZrR5sYgnA4

2 ) https://apps.who.int/iris/handle/10665/331693

3 ) https://telma.com.mk/szo-nosete-zashtitni-maski-i-na-otvoreno-tie-sprechuvaat-kovid-19-da-se-shiri/?fbclid=IwAR2Q3-87DfoAzU6HBxbOIaPZD_fouKXk_RezkF1Z42Ip0viMeILkxuwRFTE

4 ) https://skopje24.mk/szo-ja-promeni-svojata-pozicija-za-zastitnite-maski/?fbclid=IwAR3VJ00d23DXRDNCQ4CaM2wmXC401Zgj0vdnEq2EKis9pnPHsQ3H-x452A0

5 ) https://mia.mk/szo-e-izdade-novi-upatstva-za-koriste-e-na-zashtitnite-maski/

6 ) https://apps.who.int/iris/bitstream/handle/10665/332293/WHO-2019-nCov-IPC_Masks-2020.4-eng.pdf?sequence=1&isAllowed=y&fbclid=IwAR0V6hxNEfxhGtLPrpbBVYs0Kkz4qOHSgYIFTsW2VjIbhEpsuRIsWkuki6k

7 ) https://www.thelancet.com/pdfs/journals/lancet/PIIS0140-6736(20)31142-9.pdf

8 ) https://technocracy.news/blaylock-face-masks-pose-serious-risks-to-the-healthy/