Зошто не може да се споредува количината на алуминиум во мајчиното млеко со онаа во вакцините

Дали има повеќе алуминиум во мајчиното млеко отколку во вакцините? Дали постои разлика меѓу внесување на алуминиум со голтање или со инјектирање?


Неодамна присуствував на настан за жени кои набрзо ќе станат мајки. Таму присуствуваа претставници на државната програма за имунизација, кои даваа информации. Разговарајќи со некои од другите учеснички, дознав дека овие претставници им кажуваат на луѓето дека алуминиумот во вакцините е безбеден бидејќи бебето прима повеќе алуминиум преку мајчиното млеко отколку со вакцините.

Бев до нивната маса за да ги прашам за ова конкретно тврдење. Не можеа да ми дадат детали, но ми рекоа да ја посетам веб страната на Children’s Hospital of Philadelphia (CHOP) која нуди подетално објаснување за тоа зошто алуминиумот во вакцините е „безбеден“.

ТВРДЕЊЕ #1:

„Алуминиумот во вакцините е безбеден бидејќи во првите 6 месеци од животот вашето дете ќе прими 4 mg алуминиум во вакцините, а 10 mg алуминиум преку мајчиното млеко“. (На друга страна од истата веб страна на CHOP се зборува за 7 mg алуминиум во мајчиното млеко, но јас ќе се задржам на 10 mg бидејќи тоа е поголемата вредност.)

Зошто ова тврдење за безбедност е НЕТОЧНО:

Мајчиното млеко се голта. Се што е проголтано минува низ гастроинтестиналниот тракт пред да се апсорбира во крвотокот и да отиде во други витални органи и ткива. Гастроинтестиналниот тракт е одлична бариера (кога е здрав), па Агенцијата за регистрирање на токсични супстанци и болести (Agency for Toxic Substances and Disease Registry – ATSDR) тврди дека само 0.1-0.4% од алуминиумот што се голта всушност и се апсорбира.

Тоа значи дека 99.9% од алуминиумот не се апсорбира кога се внесува со голтање (преку мајчиното млеко или преку храна) и се елиминира/отстранува од телото уште пред да стигне до крвотокот.

Малку математика (со користење на 10 mg алуминиум во мајчиното млеко и 0.4% за стапката на апсорпција):

(10 mg алуминиум) x (0.004 стапка на апсорпција) = 0.04 mg

Претворање од mg во mcg = 40 mcg вкупен апсорбиран алуминиум.

За разлика од ова, повеќето вакцини се инјектираат.

Содржината на инјектираната вакцина не поминува низ гастроинтестиналниот тракт. Алуминиумот, заедно со други состојки, се инјектира интрамускуларно за намерно да се премостат природните бариери на телото (кожата, слузните мембрани итн. кои постојат за да помогнат да се спречи апсорпција). Крвта тече кон и од нашите мускули, па содржината на вакцината може брзо да продре во крвотокот. Затоа, апсорпцијата на алуминиум преку вакцина е 100%.

Сега можеме да направиме точна споредба меѓу апсорбираниот алуминиум преку мајчиното млеко наспроти оној од вакцините, во првите 6 месеци живот:

Мајчино млеко : 40 mcg (0.04 mg)  |    Вакцини: 4000 mcg (4 mg)

ТВРДЕЊЕ #2:

Алуминиумот во вакцините е безбеден бидејќи брзо се елиминира од крвта откако ќе биде инјектиран“.

Зошто ова тврдење за безбедност е НЕТОЧНО:

Прво, елиминација од крвта не може да се поистовети со елиминација од телото. Зависно од индивидуата, нивото во крвта може да се намали откако алуминиумот ќе се наталожи во органите и ткивата, или алуминиумот може да остане заглавен на местото на инјектирање Второ, постојат докази од научни истражувања in vivo дека откако алуминиумот ќе се инјектира преку вакцината, тој не се елиминира брзо од крвта. Една студија има за цел да ја измери количината на алуминиум која се елиминира од телото 28 дена по инјектирањето. Секојдневно биле земани примероци од урина и крв. По 28 дена, биле елиминирани само 6% од вкупниот инјектиран алуминиум. Нивоата во крвта исто така покажале присуство на алуминиумот.

Концентрацијата на алуминиум во крвта беше доста постојана од вториот до дваесет и осмиот ден покажувајќи релативно константна стапка на апсорпција…“

Според добиените резултати, до 94% од инјектираниот алуминиум останува во телото (ткива, органи и крвоток), дури и по 28 дена од вакцинацијата. Студијата се ограничува на 28 дена, така што нема начин да се дознае колку подолго може да се задржи во крвта, но има студии кои покажале дека во ретки случаи  алуминиумот инјектиран преку вакцина може да остане на местото на инјектирање и 10 години.

ПОСЛЕДНО ТВРДЕЊЕ:

„Алуминиумот во вакцините е безбеден за здрави индивидуи“.

Зошто ова тврдење за безбедност е НЕТОЧНО:

Досега не е научно одредена БЕЗБЕДНА ГРАНИЦА на инјектирање за алуминиум .

Тврдењето дека количината на алуминиум во вакцините е безбедна, врз основа на грешната споредба со количината на алуминиум во мајчиното млеко, не е наука. Тоа е трик.

Дел од овој трик е тоа што ви се дозволува да ја направите претпоставката дека количината на алуминиум во мајчиното млеко е безбедна и нетоксична. Ова е неточно. Која било количина на биолошки активен алуминиум што стигнува во крвотокот може да предизвика штетни ефекти. Степенот и локацијата на тој ефект ќе се разликува зависно од индивидуата, но сепак, познато е дека хронична изложеност на ниски нивоа на алуминиум го забрзува стареењето на мозокот и невродегенерацијата.

Ризикот од повреда од вакцини што содржат алуминиум е значаен за возрасните како и за бебињата и за децата. Претходно здрави возрасни индивидуи развиваат автоимуни болести откако нивниот имунолошки систем почнува да го напаѓа постојниот алуминиум што останал наталожен во мускулното ткиво и полека се пренасочува кон други органи и мозокот . За жал, речиси е невозможно да се дознае дали е тоа влијание од вакцина што сте ја примиле неодамна, бидејќи симптомите на автоимуна болест индуцирана од вакцина може да се манифестираат по неколку месеци или години.

За повеќе информации, ве молиме ислушајте ја оваа презентација од страна на експертот за токсикологија на алуминиумот, Д-р. Ексли и погледнете го документарецот, Инјектирајќи алуминиум.

Дополнителни линкови:

Infants’ exposure to aluminum from vaccines and breast milk during the first 6 months.

In vivo absorption of aluminium-containing vaccine adjuvants using 26Al.

Извор