Непријавените Здравствени Придобивки Од Морбилите

Речиси преку ноќ, од карактеризирање на морбилите како природен обред на прележување, неопходен за зајакнување на имунитетот, преминаа во смртоносната инфекција, против која имаме само една надеж против целосно уништување – 100% вакцинирање. Вистината е дека малите сипаници и другите детски инфекции, всушност, можат да ги заштитат луѓето од опасни по живот состојби како рак и срцеви заболувања.


Не така одамна, инфекцијата со мали сипаници се сметаше за нормален имунолошки ритуал на премин кај деца, при што CDC сеуште ги идентификува родените пред 1957 година, како имаат имунитет против мали сипаници, поради трајната заштита што ја дава природната изложеност. Проверете го ова видео како морбилите се прикажувани во медиумите пред половина век, при што морбилите се  предмет на смеа, а не смртен страв.

Како тогаш, сме залутале толку далеку од оваа свест во замката на незнаење и ирационален страв што следеше по избувнувањето на епидемијата во Дизниленд – Калифорнија, кое беше искористено за пробивање на одобрувањето на SB277, отстранувајќи ги сите, освен илузорното медицинско ослободување во Калифорнија? Како морбилите од не само бенигна, можеби неопходна детска изложеност, преминаа во  смртоносна болест?



Прво вакцината против мали сипаници е неуспешна и тоа многу години. Гледаме докази за ова уште  од средината на осумдесеттите, во целиот свет. Прочитајте ја статијата „Епидемија на морбили во 2013 година – Неуспешна вакцина, а не неуспех да се вакцинира“,  за да го видите прегледот на литературата. За потсетување –  Кинезите имаат епидемии на морбили кај популации кои имаат до 99% покриеност со вакцина.

Наместо да се обвини тоа што треба – самата вакцина, индустрија за производство на вакцини, владиниот и медиумскиот одговор (а сите делат финансиски врски) е едностран – да „ја обвинуваат жртвата“, принудувајќи повеќе вакцини врз популации кои се речиси универзално покорни, но им е кажано дека сепак треба да примаат засилувачи (бустери), бидејќи оригиналните вакцини не се доволно ефикасни. Вистината е дека вакцинацијата не е иста работа со имунизацијата. Всушност е сосема спротивно, живите вакцини како МПР, всушност инфицираат здрави поединци со многу преносливи вируси за кои се верува дека ги спречуваат. И ова е потврдено преку истражувања финансирани од СЗО, Мерк и ЦКБ.

Можеби најважното нешто што треба да се признае е дека самата теорија за микробите е мртва, без која агендата за вакцини веќе нема смисла. Откритието на улогата на микробиомот во нашата сопствена дефиниција како холобионски вид составен од многу повеќе „микроби“ отколку вистинските еукариотски човечки клетки, како и критичката важна улога што вирусите ја играле во помагањето да се создаде човечки геном (до 13% од нашиот геном е вирусно по потекло), го укинува ставот дека микроорганизмите се наш главен непријател  и против кој мораме да војуваме. Оваа логика е неодржлива и интелектуално банкротирана, бидејќи „тие“ се повеќе „ние“, отколку ние самите. Ова е причината зошто ние треба да ги погледаме морбилите од друг агол. Всушност, треба да ги цениме здравствените придобивки што изложеноста на природните морбили може да ги пренесе не само против истите, туку и кај други состојби кои бараат имунолошка суплементација со природни инфекции и последователна хомеостаза и оптимизација на нашата природна имунолошка одбрана. На GreenMedInfo.com има дел од овие истражувања, со клучните зборови – „Здравствени придобивки од инфекција со морбили“, фраза која ќе е добра за повторно да навлеземе  во популарната дискусија и свест сега кога преовладувачка мисла е дека „морбилите се смртоносни“.

Студии за здравствените придобивки од инфекција со морбили, на GreenMedInfo.com

На оваа страница, во базата на податоци, ќе најдете повеќе од десетина состојби, за кои било забележано дека можат да бидат ублажени преку изложеност на природни морбили. Некои од нив се опасни по живот како маларија и рак на крв –  секако далеку повеќе опасни по живот од што се морбилите. Додека некои од овие цитати се навраќаат уште во 1960-тите, истражувањето на морбилите и  здравствените бенефиции, од нивната изложеност – продолжуваат да се објавуваат. Всушност, пред неколку месеци, објавена е пионерската студија во списанието Atherosclerosis со наслов „ Association of measles and mumps with cardiovascular disease:  The Japan Collaborative Cohort (JACC) Study“, која открива дека инфекцијата со морбили и заушки (особено во случај на двете инфекции) е поврзано со пониски ризици од морталитет од атеросклеротични кардиоваскуларни болести. Авторите го предложија следниот потенцијален механизам зад оваа асоцијација.

Очигледно ако хипотезата за хигиената држи, потиснувајќи ги природните инфективни изложености со човечки направени, администрирани преку нови начини како инјекции, заедно со адјувантите и хемикалиите на кои нашите тела немаат еволутивен преседан за изложеност, ќе резултираат со имунолошка нерамнотежа или дисфункција. Ова би можело да има широк спектар на штетни ефекти, вклучувајќи ги и кардиоваскуларните.

Една работа е сигурна. Истражувањето за потенцијалните здравствени придобивки од морбилите, покажува дека тие не се „смртоносна болест“ – карактеризација која служи за корпоративните профити и здравствените политики кои го загрозуваат нашиот телесен интегритет.

Извор