Д-р Сладољев: RT-PCR е најчувствителен, но истовремено и најнесигурен тест

Д-р Среќко Сладољев е хрватски имунолог, поранешен раководител на Одделот за истражување при Имунолошкиот завод во Загреб, член на Хрватската академија на науки и уметности на дијаспората.

Д-р Сладољев беше почесен гостин на научната конференција Вакцините во 21 век – предизвици со кои се соочуваме, која беше организирана од здружениjaта Здравје со игла не влегува и Од нас за нас, а кофинансирана од Владата на Република Македонија.

За д-р Сладољев прочитајте повеќе овде, а излагањето на конференцијата можете да го проследите овде.

Откако му беше избришан пост на Фејсбук и д-р Сладољев доби забрана за постирање од 24 часа, овој пат постираше и докази за проблемите со PCR тестовите, контаминацијата и давањето на лажно позитивни резултати, на кои укажувал уште пред 20 години.


Поради објавата на шест „далекусежни“ политички цели на социјалните мрежи завчера, „казнет“ сум со еднодневна забрана за објавување поради „кршење на стандардите на заедницата“!?

Оние кои цензурираат се во право ако размислувањето „со нечија глава“ е кршење на тие „стандарди“. Но, нивното наметнување во информативниот простор на суверена земја го брише сомнежот за тоа дали Длабоката држава си зела за право да интервенира во својот суверен простор!

Во постот, ќе предупредам за кредибилитетот на RT-PCR тестовите, метод со кој луѓето глобално се „пумпаат“ со паника и страв од смрт. Со погрешно толкување на резултатите од тестот RT-PCR, Институтот за имунологија (Имунолошкиот завод во Загреб) пред дваесетина години на глобално ниво повика на бојкот на неговиот најперспективен производ – природен леукоцитен интерферон. Го објавувам срамот да проверам дали за Длабоката држава секоја вистина е „кршење на стандардите на заедницата“?

Ковид-грипот, како што знаат и децата од градинка, се „докажува“ со RT-PCR, а е најчувствителен и најнесигурен тест во исто време.

Доволно е микроскопска честичка од кожата да заталка во примерокот и тестот може да тргне наопаку. Затоа „завчера“ ќе „докажат“ дека имате КОВИД и ќе ве вбројат во ковидашите, денес нема да го имате, а утре повторно е тука (затоа што сте го префатиле од ковидашите). Можам да ви дадам и податоци.

Јас не тврдам, но можно е да бев првиот во светот што ја оспорував точноста на резултатите добиени со тестот RT-PCR објавени во научен труд „заснован на докази“. Објаснив и каде е направена грешката. Иако бев во право (затоа што СЗО ги смени инструкциите за изведување на тестот веднаш после тоа!), го добив првото предупредување од мојата работа заради ова. Тоа беше пред околу дваесет години. Ајде да одиме по ред.

Институтот за имунологија воведе RT-PCR за откривање на вирусот на хепатитис Ц (HCV) во донирана крв во 1996 година, две години пред препораката на СЗО. Во Прилогот 1 се резултатите од RT-PCR на HCV од 1997 до 2002 година (човечки леукоцити се користат во производство на интерферон!). Црвените се HCV позитивни и сини HCV негативни серии. До средината на 1998 година, сите серии беа (претежно) позитивни, а од средината на 1998 година, кога го презедов производството, сите беа (претежно) негативни.

Прилог 1. Резултатите од RT-PCR на HCV од 1997 до 2002 година

Сепак, сериите на интерферон не беа отфрлени заради HCV, но ниските титри и загадувањето (Прилог 2).

Прилог 2

Во писмото до директорот од 8.9.1998 година, посочувам 4 слаби точки во процесот на производство, меѓу нив „несоодветно собирање и транспорт на леукомасите“, кое подоцна се покажа како предуслов за правилно извршување на тестот и сигурност на резултатите од RT-PCR (Прилог 3)!

Прилог 3

По воведените измени, производството започна на крајот на 1998 година. Се случи „чудо“! Не требаше долго време да се „интервенира“ од шефовите на Финалната контрола (чии „активности“ доведоа до прекин на производството!), цитирам: „Не се сомневам дека сте во можност да го подобрите производниот процес за подготовка на HAS, вирус индукторите, прајмерите и готовиот производ, но сегашните закони бараат од Вас писмено да му објасните на Одделот за контрола на квалитет за секоја промена во процесот на производство на кој било влезни или меѓупроизводи. Промените што ги направивте за време на производството на серијата 1138 се сериозни промени… Вашиот приговор за непознавањето на вашите луѓе за земање мостри (за RT-PCR) е неоснована. Јас лично одржав две состаноци за тестирање на HCV-RNA со RT-PCR со вашите луѓе, но тоа беше пред да стапите на должност“ (Прилог 4 и 5).

Прилог 4 и 5

Да, се случи уште едно „чудо“ – првата серија на интерферони не само што „помина“, туку беше и HCV негативна!

11.2.1999, испратив упатства на Контролата за тоа како правилно да се раководи со меѓупроизводот на интерферонот за RT-PCR (во cc: Д-р Маркотиќ, потоа шеф на контролата на интерферон), (Прилог 6).

Прилог 6

18.2.1999, пристигнува одговорот од директорката: „Се плашам дека вашето искуство во изведување на RT-PCR за HCV-RNK не е доволно, за да можете аргументирано да инсистирате на промени во воспоставениот систем. Воведувањето на RT-PCR за HCV-RNK и неговата валидација во Институтот за имунологија, траеше три години (со оглед на вашето лично искуство во реконструкција на постојното производство, имајте во предвид дека порано немаше молекуларна биологија во Институтот за имунологија)“.

За ова време, соработници од Одделот за молекуларна биомедицина учествуваа во колаборативна студија на европско ниво (Viral Qaulity Control…)

„…со задоволство ќе разговарам за Вашите теории КОГА ТИЕ ЌЕ ДОБИЈАТ ЕКСПЕРИМЕНТАЛНА ПОТВРДА. Во меѓувреме, ве уверувам дека RT-PCR е многу скап тест и дека Институтот за имунологија во моментот нема доволно средства за недоволно образложени експерименти, т.е. предлози за експерименти кои немаат ЗАДОВОЛИТЕЛНА НАУЧНА ПОДДРШКА”(Прилог 7).

Прилог 7


Ниту збор за фактот дека производството започна после две години БЕЗ вирусот на хепатитис? И не е точно дека „пред тоа немаше молекуларна биологија на Институтот за имунологија“. Започнав како раководител на Лабораторијата за молекуларна биофизика. И тоа е уште „пософистицирано“.

Серија на HCV-негативни интерферони беше прекината од три позитивни. Преку внатрешна истрага, сфативме дека има пропусти во процесот на собирање и транспорт на леукоцити, поради невообичаено голем број на мртви клетки кои влегоа во процесот на производство и тестирање. Она од што се плашев се случи. Иако однапред ја предупредував Контролата дека серијата може да биде HCV позитивна(!) поради интерференцијата со човечки нуклеински киселини, Контролата брзаше да објави научен труд за своја научна промоција, а не грижејќи се што го компромитира Институтот за имунологија, цитирам: „Целта на оваа студија беше да се утврди стапката на HCV-RNA позитивни серии на човечки леукоцитен интерферон за време на големо производство. Нашите наоди укажуваат на присуство на HCV-RNA во серии од 6,1% и покрај закиселување на посредниците за да се деактивира вирусот Sendai” (Прилог 8).

Прилог 8

Хрватската Агенција за лекови воведува посебни контролни мерки и го запира производството.

Заедно со моите колеги, д-р Тот од Унгарија и д-р Филипиќ од Словенија, составуваме и испраќаме писмо до уредниците со наслов „За одговорноста и етиката на научниот придонес“ во кое го предизвикуваме кредибилитетот на објавениот труд! Јас се исклучувам како потписник за да не ја подложувам компанијата на поголемо исмејување (Прилози 9, 10, 11).

Прилози 9,10 и 11

Интервенирав и кај директорот на Хрватскиот институт за контрола на имунобиолошки подготовки. Тие ми веруваат и го враќаат производството.

Управата експресно праќа Предупредување во врска со обврските кои произлегуваат од работниот однос, цитирам: „На 25 март 2003 година, Вие упативте предупредување до директорот на Хрватскиот институт за контрола на имунобиолошки препарати во врска со производството на интерферон и вашиот личен поглед на проблемот, без знаење на раководството – генералниот директор. Со тоа сте ги прекршиле овластувањата што ги имате според Договорот за вработување и јас ви обрнувам внимание кон последиците од вашите активности, без мое знаење и одобрување” (Прилог12).

Прилог 12

На 14.4.2003 одговорам на Предупредувањето на управата (Прилог 13 и 14).

Прилог 13 и 14

На 14.6.2004 година, по измама на работ на криминал (подметнување на кражба зад која можеше да застане само Управата!), директорката ме известува дека покренува постапка против мене за раскинување на Договорот за вработување (Прилог 15).

Прилог 15

Отказот исто така беше испратен, но не беше реализиран затоа што Надзорниот одбор го распушти Управниот одбор десет минути пред врачувањто на отказот – поради штетни активности.

Набргу потоа, Светската здравствена организација (СЗО) издаде нови препораки за вршење на RT-PCR на примероци од човечка крв. Ако изминале повеќе од два часа од земање мостри до тестирање, резултатите не се повеќе веродостојни. Два научни труда потврдија дека човечките нуклеински киселини го компромитираат тестот со давање на ЛАЖНО ПОЗИТИВНИ резултати.

Не ви треба многу имагинација за да замислите што е со примероците за тестирање на Covid со RT-PCR? Замислете колку МРТВИ КЛЕТКИ има во спутумот на оние со настинки и грип!

Д-р Среќко Сладољев