Пертусис Пеги И Големата Кашлица – Како Вакцинираните Ја Шират Болеста

(NaturalNews) Во 1990-тите, во САД и во другите земји беше воведена нова ацелуларна пертусис (голема кашлица) вакцина (ДТаП). Пред тоа, се користеше целоклеточна вакцина против пертусис (ДТП). Целоклеточната вакцина имаше умерена ефикасност (со повеќекратни дози на бустер), но предизвика релативно високи стапки на напади (конвулзии), други невролошки нарушувања, оштетување на мозокот и смрт кај чувствителни деца. Поради високите стапки на сериозни несакани реакции, ацелуларната вакцина беше воведена на нејзино место.

Иако се веруваше дека ацелуларната вакцина е побезбедна, властите направија замена со вакцина која е помалку ефикасна. Новата вакцина против пертусис не само што беше делумно ефикасна кога беше воведена, но во изминатите неколку години истражувањата покажаа дека начинот на кој се произведува – да се бори против некои, но не и сите типови на токсините од  Bordetella pertussis,  всушност ја поттикнува природната селекција или адаптација на патогенот. Вакцината предизвика, пертусис микроорганизмите кои се поврзани со голема кашлица кај луѓето, да мутираат и да станат повирулентни. Вакцината не е ефикасна против овие нови соеви кои сега кружат низ целото општество.

Еве неколку од многуте важни трудови во кои се документираат неуспесите на вакцинацијата за пертусис:

Emerging Infectious Diseases неодамна објавија: „Видовите Бордетела пертусис со зголемено производство на токсини се поврзани со препород на пертусисот“. Неодамна, многу вирулентен вид на пертусис се појави од популациите вакцинирани против пертусис. Овој нов вирус произведува 1,62 пати повеќе смртоносен токсин од стариот сој, против кој вакцината беше дизајнирана да се бори. (1)

Pediatrics неодамна објави „Зошто не успеваат вакцините за пертусис?“ Тековните вакцини против пертусис не успеваат како резултат на генетските промени во циркулирачките соеви на Бордетела пертусис и од надуените проценки за ефикасност на вакцините.  Проблемот е што вистинската ефикасност на вакцината може да биде само 40%,  а не затоа што премногу луѓе се невакцинирани. Според авторот на овој труд, „Употребата на вакцини резултираше во генетски промени кои влијаат на  излачувањето на токсинот [пертактин] и фимбриата [фактори на вирулентност] во циркулирачките видови на Б. пертусис и се претпоставува дека ова доведе до зголемени стапки на  неуспех на вакцината“. (2)

Списанието Vaccine неодамна објави: „Несовршен имунитет предизвикан од вакцини и пренесување на големата кашлица кај новороденчиња“. Децата кои се вакцинирани со DTaP за да се заштитат од Бордетела пертусис, се со поголема веројатност да заболат од голема кашлица од Бордетела парапертусис. Очигледно е дека „патогената еволуција управувана со вакцини“ е избрана за овој друг вид на пертусис што може поефикасно да зарази по вакцинацијата. Според авторите на овој труд, „Постојат докази и од потенцијалниот епидемиолошки надзор и од неодамнешните експерименти на модел организми дека имунизацијата со ацелуларната вакцина всушност може да ја зголеми подложноста на домаќинот на инфекција од страна на Б. парапертусис“. (3)

Неодамнешен труд објавен од Proceedings of the Royal Society B: Biological Sciences го испитуваа однесувањето на патогеното населене на Бортадела пертусис под притисок од вакцинацијата. Случаите на пертусис кај вакцинирани деца драматично се зголемија од воведувањето на ацелуларната вакцината за пертусис. Вакцините кои обезбедуваат несовршен имунитет (т.е. ацелуларна пертусис вакцина), може да го зголемат нивото на циркулацијата на патогенот, правејќи го потешко елиминирањето на болеста. Според авторите на овој труд „Фактот дека популацијата на Б. пертусис можеби еволуирала за да го заобиколи имунитетнот одговор, предизвикан со вакцинација и да се смени нивото на вирулентност, покренува голем број прашања во врска со дизајнирањето и употребата на идните вакцини“. (4)

Иако здравствените власти како FDA и CDC се запознаени со бројните студии што ги документираат неуспесите на пертусис вакцината кај високо вакцинирани популации – поради несовршениот дизајн на тековните вакцини против пертусис, кои го охрабруваат развојот на мутирани видови отпорни на вакцини – тие ги обвинуваат невакцинираните луѓе за појава на болеста. Тие исто така инсистираат на тоа дека скоро секој мора да се вакцинира за да создаде „колективен имунитет“, што не би било можно дури и ако сите биле вакцинирани (100% стапка на покриеност на вакцините), бидејќи вакцината е толку слабо ефикасна против циркулирачките соеви.

FDА признава – вакцинираните луѓе ја шират болеста!

Исто така, постои уште еден проблем со вакцината против пертусис – им овозможува на вакцинираните луѓе да станат тивки носители на болеста, ширејќи ја на други. Всушност, ФДА неодамна потврди во соопштението за печатот дека поединци вакцинирани со ацелуларна пертусис вакцина „може пак да се заразат со бактеријата без секогаш да се разболат и можат да шират инфекција кај другите, вклучувајќи ги и младите деца кои се подложни на заболување од пертусис“. (5)

FDA се повикуваше на важна нова студија објавена во Proceedings of the National Academy of Sciences. (6) Во оваа студија, бабуните (мајмуни) новороденчиња биле вакцинирани против пертусис на возраст од две, четири и шест месеци. На возраст од седум месеци, тие биле изложени на болеста. По 24 часа, невакцинирани бабуни беа сместени во истите кафези со вакцинираните бабуни. Вакцинираните бабуни ги заразиле невакцинираните со оваа болест.

Иако бабуните вакцинирани од пертусис, не се разболеле откако биле изложени на болеста, патогениот пертусис се размножувал и колонизирал во нивните респираторни системи. Вакцинираните бабуни биле многу заразни и можеле да ја пренесат болеста на други бабуни. Тие станаа тивки носители и предаватели на пертусис.

Денес, слично на Тифусна Марија – асимптоматски носач и предавател на тифусна треска – треба да бидеме претпазливи на Пертусис Пеги – асимптоматскиот носител на  голема кашлица, кои циркулираат пертусис насекаде каде што одат. Илјадници луѓе вакцинирани против пертусис би можеле да бидат несимптоматски носители на болеста, ширејќи ја на сите кои се во нивното опкружување.

За епидемија на пертусис веќе не може да се обвинуваат невакцинираните луѓе

Оваа студија дава силен доказ дека колективниот имунитетот не е можен со тековните ацелуларни пертусис вакцини. Покрај тоа, практиката на вакцинирање на лица кои имаат контакт со новороденчиња е малку веројатно да им користи на новороденчињата, особено кога вакцинираните лица кои не покажуваат никакви симптоми сеуште можат да ја шират болеста.

Оваа студија исто така потврди дека ацелуларната пертусис вакцина предизвикува имунолошки одговор кој е инфериорен во однос на природната инфекција, а нивото на антитела предизвикано од вакцинација не е во корелација со заштита од пертусис. (Вакцината го зголеми нивото на антитела, но не успеа да одбрани од инфекцијата и пренесување на болеста.)

Накратко, вакцината за пертусис предизвика микроорганизмите на пертусис да мутираат и да станат поопасни. Луѓето вакцинирани против пертусис се во можност да ја шират болеста. Вакцината против пертусис претставува значителен ризик од неповратна штета. Затоа, никој не треба да биде заплашуван или присилуван да се вакцинира против своја желба. Родителите мора да имаат слобода да прифатат или одбијат вакцини за своите деца.

Автор Нил З. Милер

Извор

За авторот:

Нил З. Милер е новинар за медицински истражувања и директор на Глобалниот Институт за вакцинирање Thinktwice. Тој ги посвети изминатите 25 години на едукација на родители и здравствени работници за вакцини, охрабрување на информирана согласност и незадолжителни закони. Тој е автор на неколку книги за вакцини, меѓу кои: Miller’s Review of Critical Vaccine Studies: 400 Important Scientific Papers Summarized for Parents and Researchers (2016) и Vaccine Safety Manual for Concerned Families and Health Practitioners(2015). Минатите организации за кои предаваше вклучуваат Меѓународно здружение за киропрактична педијатрија, Меѓународен колеџ за интегративна медицина, Максимизиран живот, Аутизам еден, Академија Ханеман во Северна Америка и Институт за култура на животот на д-р Габриел Казинс.

Г-дин Милер има диплома по психологија и е член на Mensa .

Референци:

1. Emerging Infectious Diseases 2009 Aug; 15(8): 1206-13.

2. Pediatrics 2012 May 1; 129(5): 968-70.

3. Vaccine 2010 Dec 10; 29(1): 11-16.

4. Proc Biol Sci 2005 Aug 7; 272(1572): 1617-24.

5. FDA Press Release 2013 Nov 27.

6. Proc Natl Acad Sci 2014 Jan 14; 111(2): 787-92.

Please follow and like us:
error