Како Се Станува Член?


Со уплата на месечна членарина од 100,00 денари ќе бидете внесени во регистарот на членови. Уплатата за членарина се врши на месечна основа на официјалната сметка на здружението на ПП10 доколку вршите готовинско плаќање или ПП30 за вирманско плаќање со наведување на месецот за којшто уплаќате чланарина во Цел на дознака:


Налог за членарина

НАЛОГОДАВАЧ:

Назив на налогодавачот: Вашето име и презиме

Сметка на налогодавач: Вашата сметка

Банка на налогодавач:

Цел на дознака: Членарина за месец ———

Повикување на број: P00001

ПРИМАЧ:

Назив на примач: Здружение ОД НАС ЗА НАС Скопје

Трансакциска сметка на примачот: 300000004379974

Банка на примачот: Комерцијална Банка а.д. Скопје

Износ: 100,00 МКД

Повикување на број: P00001

Ве молиме запазете ги полињата цел на дознака и повикување на број одобрување/задолжување, со цел средствата да се насочат кон точната намена.


Основни начела по кои ќе работи здружението се:

Начело на еднаквост. Секој член (тука влегуваат и основачите) има еднакви права и обврски. Тоа значи сечиј глас е важен, сечиј глас се брои. Секој е член на Собранието на здружението и секој може да учествува во другите органи на здружението, управен или надзорен одбор.

Начело на информираност. Со акаунтот кој ќе ви биде доделен при регистрација во здружението ќе можете да пристапите во заштитениот дел од веб страницата (понатаму портал) каде ќе бидете информирани за сите активности на здружението. Ова споделување на информации ќе гледаме да биде и на повеќе други начини, на ФБ група, на месинџер чет, на мејл, но сепак најдобро е на нашиот портал. Исто така, дел од известувањата, наместо преку пишан збор, можеби ќе одат преку видео.

Начело на транспарентност – ова се однесува, пред сè за начинот на донесување на одлуките (но, за ова повеќе во делот начело на самоуправување), но и за информираност во однос на трошењето на средствата. Еднаш седмично ќе се изготвува извештај за собраните приливи и направените одливи, како и со приказ на салдото на паричните средства на сметката. Ова ќе може да го гледаат само членовите на здружението преку најава на порталот, како и преку читање на е-поштата. За јавноста вакви извештаи ќе се изготвуваат во рамки на законски пропишаните регулативи, годишна сметка и годишен извештај за работењето.

Начело на самоуправување – Со доделениот акаунт исто така ќе можете да учествувате во донесување на одлуките. Ќе пропишеме на кој начин се донесува одлука за одреден тип на одлука. На пример потребна е одлука за организација на голема конференција со странски предавачи (секако во рамки на целите на здружението). Кој треба да ја донесе таа одлука и со колкав број на гласови? Дали ќе зависи само од предвидениот буџет за неа или и од други критериуми? Ако зависи само од износот, тогаш ќе речеме на пример, сите одлуки кои вклучуваат износи (буџет) над Х евра, мора да ги донесе Собранието (тоа значи сите членови) и тоа со двотретинско мнозинство. Муабетот ми е, здружение значи здружување заради некакви заеднички цели. Целите нè споиле. Ако целите нè споиле, тоа значи и дека заеднички треба да донесуваме одлуки, особено важни. Со оглед на тоа што замислувам електронско гласање за потребните одлуки (веројатно некои ќе мора да се направат и на хартија), не би требало да бидеме ригидни и спори во одлучувањето. И секој ќе има право да изрази став зошто се согласува или не со предлог одлуката.

Начин на финансирање на здружението

Начините на финансирање се наведени во статутот, но главните ќе бидат приливи од членарини и донации. Членарината се уплаќа месечно и мора да се наведе точно за кој месец е уплатена. Донацијата може да биде еднократна и треба да се наведе за кој проект се однесува.

За било какви прашања слободно обратете се на следниот емаил: info@odnaszanas.com, ќе одговориме во најбрз можен рок!