Од Нас За Нас

„Во малиот свет во кој живеат деца не постои ништо толку јасно признато и почуствувано од нив како неправда“.

Чарлс Дикенс


Неволја нè снајде, неволја нè спои. На судниот втори јануари, 2019 година кој ќе остане во нашите сеќавања, се осудија да ги обесправат најмалите, недолжните и весели и здрави деца. Детската радост и смеа ја заменија со плач по другарчињата и учителките. Секој ден добивавме безброј прашања од тие мали усни, вперувајќи го погледот во нашите очи, очи во кои едвај ги криевме солзите.

Но, нè обединија нас, мајки, татковци, баби, дедовци, роднини на обесправени деца, околу исти цели. Се сплотивме во нивно име, за нивно добро, за нивно право. Се здруживме ентузијастички, желни да допреме до сите умови и срца. Заедно поставивме многу амбициозни проекти и задачи пред себе. И ги работиме, ние самите. А ги создаваме за нас, за сегашни и идни генерации. ОД НАС ЗА НАС.

По националност сме Македонци, Срби, Албанци, добредојдени се сите. По жителство – раширени низ цела Македонија. По едукација – нè има скоро од сите бранши. По политичка припадност – не се прашуваме, добредојден е секој со отворен ум. Сето ова е неважно во споредба со мисијата која ја имаме.

Една од задачите кои си ги поставивме беше формирање на здружение за заштита на човековите права. Уште едно. Колку сме повеќе, толку сме посилни. Веруваме во мотото ВО ЗАЕДНИШТВОТО Е СИЛАТА. Си поставивме цели и задачи, направивме програма за остварување на истите. Се регистриравме. На четврти јули, 2019 година, се роди ОД НАС ЗА НАС.

Се бориме за почитување на слободата и човековите права. Нè нарекуваат антиваксери или гугл едуцирани. Не се доживуваме како такви. Свесни сме, едуцирани, веруваме во нашето неприкосновено право на избор при информирана согласност, јасно опишано и запишано во Устав и во ратификуваните меѓународни конвенции од страна на Република Македонија.

Ќе се обидеме да ги отсраниме пречките поставени на патот по кој чекорат нашите деца. Патот е трасиран во повеќе Закони и Конвенции, патот е обезбеден и безбеден. Секој кој се обидува да прекрши закони, меѓународни договори и права на детето и при тоа, да дискриминира, ќе мора да сноси одговорност. Ќе делуваме поединечно, но и здружено. ЗАЕДНО СМЕ ПОСИЛНИ!

Веруваме во правата на децата, во нивната игра и среќа, во нивната заштита и потреба од љубов и сигурност. Веруваме во правото на информираност, веруваме во правилно водена статистика, веруваме во правда, во слобода, веруваме во правото на избор.

Повелете, придружете ни се!

Со почит,

Гордана Гоџо

Претседател

Здружение на граѓани за заштита на човекови права ОД НАС ЗА НАС Скопје


Гордана Гоџо

Please follow and like us:
error