Пронајден целосен машки геном од абортирано бебе во вакцина

(Natural News) Вакцините вообичаено во својот состав содржат клетки од абортирани човечки фетуси познати како MRC-5 и WI-38. Центарот за контрола и превенција од болести отворено ги објавува вакцините кои ги содржат овие „хумани диплоидни“ клетки, Twinrix (Hep A / Hep B), ProQuad (MMRV) и Varivax (Varicella / големи сипаници). Објавените упатства за вакцините од страна на Агенцијата за храна и лекови (FDA), како за Varivax, исто така отворено ја признаваат употребата на клеточни линии од човечки фетуси како MRC-5:

„Производот исто така содржи резидуални компоненти од MRC-5 клетки, вклучувајќи ДНК и протеини, како и количини во трагови на неомицин и телешки серум од MRC-5 културата“.

Дури и уптасвото од ГлаксоСмитКлајн ( GlaxoSmithKline vaccine insert sheet) отворено ја презентира употребата на абортирани човечки фетални клетки во Priorix-Tetra вакцината (MMRV):

„Секој сој на вирус се произведува посебно или во пилешки ембрионални клетки (заушки и морбили) или во MRC-5 човечки диплоидни клетки (рубела и варичела)“.

Сепак, вчудовидувачки е фактот што речиси никој од јавноста не е свесен дека абортирани човечки фетални клетки се вообичаена состојка на вакцините. Мејнстрим медиумите шират лажни вести и инсистираат дека таквата дискусија е „теорија на заговор“, дури и покрај тоа што CDC, FDA и производителите на вакцини отворено декларираат дека состојката се користи во бројни вакцини.

Сега, лабораторија во Италија изврши комплетно генетско секвенцирање на оваа MRC-5 клеточна линија, која смислено се внесува во повеќе вакцини. Она што го откриле е повеќе од шокантно…тоа е застрашувачко. Како што е објаснето од страна на Children’s Health Defense:

Тимот на Corvelva ги сумираше своите наоди во следниве заклучоци:

1- Утврдено е дека феталната клеточна линија му припаѓа на машки фетус.

2- Клеточната линија се презентира на таков начин што најверојатно е многу стара, оттаму конзистентна со декларираната линија од 1960ите.

3- Феталната човечка ДНК претставена во оваа вакцина е целосно индивидуален геном, што значи дека геномската ДНК на сите хромозоми на индивидуата е присутна во вакцината.

4- Човечката геномска ДНК што се содржи во оваа вакцина е јасно, несомнено абнормална, претставувајќи значајни недоследности со типичниот хуман геном, односно, со тој на здрава индивидуа.

5- Тестирани се 560 гени за кои е познато дека се поврзани со форми на канцер и сите претрпеле значајни модификации.

6- Постојат варијации чии последици не се дури ни познати, се уште не се појавени во литературата, но кои сепак влијаат на гените инволвирани во предизвикување на човечки канцер.

7- Она што е очигледно абнормално е геномскиот остаток што покажува промени во бројот на копии и структурни варијанти.

Модел на нормален човечки геном и геномот во Приорикс Тетра

560 гени на канцер, абнормална ДНК, генетска „модификација“ на потенцијално опасни гени, а сепак задолжителни да се вбризгаат во секое дете

Она што е јасно од ова генетско секвенцирање е дека вакциналната индустрија ги инокулира децата со конструиран канцер.Во вакцините смислено или не, се формулирани со гени предизвикувачи на канцер кои биле специјално модифицирани за да поттикнуваат канцерогени тумори:

„Во вакцините кои се даваат со децении има прогресивно се повеќе гентски модифицирана ДНК и неконтролирани количини се дозволени…

… ДНК што се содржи во овие вакцини е потенцијално ТУМОРОГЕНА и директивите на кои се повикуваат надзорните тела се НЕАДЕКВАТНИ. Уште повеќе, јавно објавуваме СЕРИОЗНО ИЗОСТАВУВАЊЕ во преземањето мерки на ПРЕТПАЗЛИВОСТ, кои од друга страна, се бараат за антацидните лекови“.

Не само што овој, преплавен со канцер, генетски код се внесува во сите овие вакцини кои се даваат на децата, туку дозата на ДНК инфецирана со канцер е опасно висока.

… Загадувачката фетална ДНК присутна во сите примероци анализирани во различни количини (според тоа неконтролирани) е до 300 пати повисока од границата наметната од ЕМА за канцерогена ДНК (10 ng/доза, што соодветствува со ДНК која се содржи во околу 1000 клетки на тумор, изведено од статистичка пресметка, додека границата на претпазливост е 10 pg/доза), гранична вредност која исто така мора да се примени и за MRC-5 феталната ДНК која неминовно ја загадува Priorix tetra.

„Модификации“ на гени поврзани со канцерогени тумори

Геномското секвенцирање исто така открило дека стотици гени поврзани со тумори на канцер се модифицирани. Како што е објаснето од авторите на студијата:

„…Идентификувани се значајни модификации на гени за кои е познато дека се поврзани со различни форми на тумори и тоа за сите 560 гени; уште повеќе, постојат варијанти чии последици не се познати, но кои сепак влијаат на гените вклучени во поттикнување на човечки канцер“.

Ова покажува дека MRC-5 абортираните човечки фетални клетки се чини како смислено да се модифицирани за да се направат повеќе туморогени… т.е. со поголема веројатност да предизвикуваат канцерни тумори кај примателите на вакцини во форма на инјекции.

Ова секако би осигурало долгорочен приход од лековите за канцер кои исто така се произведуваат и продаваат од истите фармацевтски џинови кои произведуваат и на пазарот пласираат вакцини. Повратниот бизнис е многу профитабилен бизнис модел, па ако вакцините се врзат со генетска шема за долгорочен канцер, тоа осигурува дека многу голем процент од денешните деца потенцијално би биле дијагностицирани со канцер, по што ќе станат профитабилни потрошувачи на лековите за рак пласирани од Big Pharma.

Геномското секвенцирање на „хуманите диплоидни“ клетки на MRC-5 кои се употребуваат во вакцините од страна на истражувачите се опишува како „аномално“ кога ќе се спореди со здраво човечко битие. Од заклучокот на студијата:

„Човечката геномска ДНК што се содржи во Priorix вакцината, со сериски број A71CB256A е евидентно аномална, покажувајќи значајни недоследности ако се спореди со типичниот човечки геном т.е. оној на здраво човечко битие. Постојат неколку непознати варијанти (незабележани во јавните бази на податоци) и некои од нив се наоѓаат во гени поврзани со канцер. Она што исто така е очигледно аномално, е геном кој покажува промени во бројот на копии (CNV) и структурни варијанти (SV), како транслокации (случајни размена на делови меѓу различни хрмозоми), инсерции , делеции (губење или отсуство на дел од молекула на нуклеинска киселина или хромозом), дупликации и инверзии на ДНК низата, а преку тоа и на гените“.

Овој заклучок потврдува дека клеточните линии на MRC-5 кои се употребуваат во вакцините се генетски модифицирани за да со поголема веројатност предизвикаат канцер кај примателите на вакцина. Последователно, налогот за задолжителни вакцини всушност ги тера децата да бидат инјектирани со канцерни гени за да станат идни потрошувачи на профитабилните третмани против канцер, на Big Pharma, кои се неверојатно токсични за човековото здравје. Со други зборови, децата се инјектираат со генетски модифицирана ДНК од друго абортирано човечко дете со цел да се предизвика рак на државно ниво, за во крајна линија од тоа да профитира фармацевтската индустрија која притиска за целосна цензура околу каков било критицизам во однос на вакцините или нивните состојки.

„Дефектни“ вакцини кои се „потенцијално опасни по човековото здравје“

Резултатот е дека овие вакцини кои се смислено контаминирани со абнормални и преплавени со канцер човечки гени, се „дефектни“, според анализата на CHD:

Како последица, оваа вакцина треба да се смета за дефектна и потенцијално опасна по човековото здравје, особено за педијатарската популација која е многу поранлива во однос на генетски и автоимуни оштетувања.


Краток преглед за наодите на Corvelva од Мајк Адамс, основачот на Natural News.


Извор

Please follow and like us:
error