Владата на САД во 2019 година исплати 225 милиони долари за оштета од вакцини

Советодавната комисија за детски вакцини (Advisory Commission on Childhood Vaccines – ACCV) при Министерството за здравство и социјални служби на САД, на 5ти декември го одржа четвртиот и последен состанок за 2019 година.

На овој состанок Одделот за програми за компензација на повреди (Division of Injury Compensation Programs – DICP) oбјави дека до 1 декември 2019 година, Националната програма за компензација на повреди од вакцини, исплатила  225.457.658,00 долари за повреди и смрт од вакцини, за фискалната 2019 година.

Фискалната 2020 година започна на 1 октомври 2019 година и од тој датум веќе се доделени 31.710.574,00 долари како оштета во случаи поврзани со повреди и смрт од вакцини.

Ова е најверојатно најцензурираната и најскриената информација поврзана со вакциналната програма на САД, а Health Impact News беше обвинет за ширење „лажни вести“ само поради тоа што ги објави овие бројки, кои ниту еден од „мејнстрим“ медиумите, спонзорирани од корпорациите, не би се осмелил да ги објави.


Оштета исплатена за повреда од вакцини, за дадена фискална година

Овие квартални состаноци на Советодавната комисија за вакцини во детството вклучуваат извештај од Министерството за правда (DOJ) за решени случаи, за повреда или смрт од вакцини, предвидени со Националната програма за компензација на повреди од вакцини (NVICP).


Повреди и смрт од вакцини – Извештај на DOJ, 5 декември 2019

NVICP започна како резултат на закон усвоен во 1986 година, со кој на фармацевтските компании им се дава легален имунитет и не можат да бидат тужени заради повреди и смртни случаи како резултат на вакцини.

Ако некој е повреден или умре од вакцини, мора да ја тужите федералната влада во овој специјален суд за вакцини. Во многу случаи се водат спорови со години пред да се постигне договор.

Колку што знаеме, Health Impact News е единствениот медиум што ги објавува овие извештаи секој квартал. Изминатите извештаи може да се најдат овде.

Во извештајот на DOJ, од декември 2019 година се вели дека биле поднесени 376 барања, во текот на 3-месечниот временски период помеѓу 16.08.19 – 15.11.19, при што се решени 234 предмети, а 181 предмети се обештетени.

Во овој извештај се наведени 110 обесштетувања за повреда или смрт од вакцина, а 85 од нив биле за штети предизвикани од вакцината против грип .



Извештајот на DOJ за декември 2019

Вакцините предизвикуваат повреди и смрт – но во колкав број?

Вакцините можат да предизвикаат повреди и смрт – ова е јавен здравствен факт и покрај обидите на корпоративните медиуми да ги цензурираат овие факти.

Во ретките случаи кога и само се споменуваат овие факти, тие се ставаат настрана со верување дека се ретки и дека ризикот е прифатлив, бидејќи повеќе луѓе умираат од болестите против кои се дава вакцината.

Значи логиката е дека вакцините се неопходни заради „поголемото добро“.

Оставајќи го настрана тврдењето дека вакцините се всушност ефикасни во спречување на овие болести, за што научните докази укажуваат дека е „верување“, а не факт заснован на наука, тврдењето дека повредите и смртните случаи од вакцини се „ретки“ – не е подржано од никакви проверливи податоци.

Во ноември 2014 година Владината сметководтсвена канцеларија (Government Accounting Office – GAO) го издаде првиот извештај за американскиот „Вакцинален суд“, познат како Национална програма за компензација на повреди од вакцини (National Vaccine Injury Compensation Program – NVICP), за времетраење од речиси 15 години.

Конгресот во 1986 година им додели на фармацевтските компании имунитет од тужби за повреди или смртни случаи предизвикани од вакцини. Претходно, имаше толку многу тужби покренати против фармацевтските компании за повреди и смрт поради вакцини, што фармацевтската индустрија во основа го уцени Kонгресот, кажувајќи им дека ако не им дадат правен имунитет од одговорност во врска со вакцините, ќе престанат да ги прават.

Овие вакцинални продукти не можат да преживеат на слободниот пазар – толку се лоши.

Извештајот на GAO од ноември 2014 ја критикува владата што доволно не ја информира јавноста дека постои Национална програма за компензација на повреди од вакцини и дека постојат достапни фондови за повреди од вакцини. Според тоа, висината на оштетата доделена за повреди и смрт од вакцини вклучена во извештајот на Министерството за правда, веројатно претставува мал дел од фактичките повреди и смртни случаи што денес се случуваат во Америка.

Владата на САД чува база на податоци на извештаи кои документираат повреди и смртни случаи позната како Систем на известување за негативни реакции од вакцини (The Vaccine Adverse Event Reporting System – VAERS). Проблемот е што малкумина медицински службени лица воопшто известуваат за повреди  или смртни случаи од вакцини, било затоа што не се обучени да ги препознаат или пак поради притисок во рамките на нивната служба да не известуваат за нив. Да се признае дека вакцините предизвикуваат повреди е професионално самоубиство за повеќето доктори и медицински службеници.

Оттука, кварталниот извештај на Министерството за правда за случаи поврзани со вакцини е многу мало делче од случаите што фактички постојат.

Кога Националната програма за компензација на повреди од вакцини од 1986 година стапи законски на сила, беа донесени одредби со кои се наложува проверка, тестирање на безбедноста на вакцините, на секои две години.

Министерството за здравство и социјални служби при федералната влада има задача да известува за безбедноста на вакцините, а скорешна тужба открива дека не направиле студија за безбедноста на вакцините откога e имплементиран законот во 1986 година.

Со оглед на тоа дека овие факти за вакцините се редовно цензурирани од страна на „мејнстрим“ медиумите финансирани од фармацевтската индустрија, како и во владините сослушувања, поголемиот дел од јавноста не е свесен за Националната програма за компензација на повреди од вакцини, од 1986 и дека фармацевтските компании не можат да бидат тужени, туку дека за такви случаи треба да се тужи Владата на САД на специјален вакцинален суд.

Извор

Please follow and like us:
error