Политичкa и научна основа на тврдењата за безбедност на вакцините – знаење наспроти верба

Д-р Џејмс Лајонс-Вајлер е долгогодишен ветеран во областа на геномиката, протеомиката, биоинформатиката и еволутивната биологија. Има докторат по екологија, еволутивна и конзервациска биологија и освоил DOE / Sloan постдокторат по компјутерска молекуларна биологија на државниот универзитет во Пенсилванија, под менторство на докторите Веб Милер и Масатоши Неи. Тој работел на факултетот како виш научник и научен директор за поддршка на транслациони истражувања, биолошки системи, анализа на секвенци и создавање на нови алгоритамски решенија за анализа на комплексни и предизвикувачки податоци. Тој е автор на три книги: „Ебола: еволутивна приказна“, „Лекови наспроти профит: Успеси во транслационото истражување“ и „Еколошките и генетските причини за аутизмот“.

Повеќе за д-р Лајонс-Вајлер овде.

Прочитајте го неговиот осврт за политичката наспроти научната основа, на која се базира мантрата – „Вакцините се безбедни и ефикасни.“.


АКО ИМАМ ЛИЧНО ИСКУСТВО што предизвикува да разберам нешто, јас имам лично знаење („врз основа на информации и верувања“). За мене е сосема рационално да се однесувам врз основа на моето лично верување, дури и ако грешам. За мене би било ирационално да продолжам да верувам во нешто што некогаш ќе се соочам со докази дека: (а) фундаментално се спротивставува на моето разбирање или (б) покажува дека претпоставките што се темелат на моето лично знаење се неточни. Ако дојдам до доволно нови информации, што е во спротивност со моето разбирање, јас треба, рационално, да се премислам. Ако претпоставките за моето лично знаење се покажат како невистинити, јас во најмала рака треба да барам нови информации, а моето лично знаење треба да стане неизвесно. Ако би се задржал на одредено нешто пред лицето на (а) или (б), или и двете (а) и (б), тоа лично знаење ќе се преквалификува во лична верба.

Прашањето за основата на тврдењата за безбедноста на вакцините е област што ги интересира многу луѓе и треба да го интересира секој што се претставува себеси како научник или медицински професионалец кој се занимава со здравјето и благосостојбата на човекот.

Еве, ќе ја разложам основата на тврдењата за знаење за вакцините. Но, прво да се ослободиме од тврдењата за знаење за вакцините, затоа што студиите направени само на една вакцина не се важни за тврдењата за други вакцини, исто како што студиите направени на еден лек не се важни за безбедноста на другите лекови.

Основата на тврдењата за знаење за безбедност на која било дадена вакцина бара контрола врз факторите што можат да влијаат врз нашата проценка на здравствените исходи. На пример, ако јас произволно поставам пациенти во група да бидат вакцинирани врз основа на достапност (како што се пациенти запишани во пракса од 2008-2012 година) и направам споредба со тие здравствени исходи, со резултатите забележани во нов пакет на пациенти кои ја примиле вакцината ( 2013-2017), какви било здравствени исходи кои не се поврзани со вакцината, би можеле да се чинат значително различни меѓу групите.

Ова се нарекува кохортен (збирен) ефект. Рандомизираната клиничка студија (РКС) ја контролира таквата варијација со ставање шема за рандомизација (наречена „случајна распределба“) помеѓу истражителот и одлуката за која група е назначен секој пациент. Со доволно големи димензии на примероци, рандомизацијата практично гарантира дека произволните фактори (наречени „спротивставувачи/ противници“) не грешат за ефектот на третманот.

Рандомизираните клинички испитувања се вистински експерименти и вистинските експерименти се посилни научни докази отколку набљудувачките студии. Епидемиолошките асоцијации се користат за да се процени долгорочната безбедност на вакцините и се послаба форма на наука. Особено, тие не се објективно коригирани за „противниците“. Наместо тоа, тие често се користат на начин што ги наведува истражителите да ги поправат варијаблите откако првично пронајдат асоцијација, повторувајќи ги анализите сè додека не се изгуби асоцијацијата.

Кога станува збор за безбедноста на вакцината, се применува следниов дијаграм:

Доколку е спроведена долгорочна РКС за  „проценка на исходот на тоталната здравствена состојба“ со валидни плацеба (солена вода), одговорот на прашањето е објективно познат. Ако резултатите се негативни (на пр., нема сериозни несакани дејства или зголемена смртност во третираната група, во однос на контролната група) тогаш имаме поддршка на заклучокот дека вакцината е безбедна. Сепак, дури и тогаш, стандардот на објективно знаење во науката е студијата да биде независно реплицирана од конкурентите или од поединци кои немаат никаков интерес за исходот на студијата. Ако постои таква независна репликација, тогаш заклучокот дека вакцината е безбедна може да се донесе како објективно знаење.

Доколку пак, не постојат такви студии, одговорот на прашањето за безбедноста на вакцината е непознат и заклучокот дека вакцината е безбедна, бара потпирање на лични (субјективни) знаења, ака лична верба.

Политиките и законите треба да се засноваат на објективно знаење. Како што објасни Нил Деграс Тајсон во The Joe Rogan Experience (# 1159):

Ако создавате закони што барате да ги почитувам, вие само ми го наметнувате вашето лично верување, а вашето лично убедување не е точно за сите, тоа е точно само за вас.

Објективна вистина е вистинска за секого. Ако сакате да имате управување, ќе сакате да го засновате управувањето врз тоа што е објективно точно, затоа што тоа би важело за сите, независно од вашиот систем на верување“.

„Чекај!“, Можеби ќе речете: „научниот консензус е дека вакцините се безбедни и ефикасни, а нивното знаење се заснова на ретроспективни набљудувачки студии и доволно е за нив, па зошто да ве слушаме вас? Вашите стандарди се превисоки – повелете, продолжете со програмата! “

На што би одговорил дека постои термин за системот на верување, во кој стотици или милиони  луѓе страстно веруваат во нешто со целото свое срце. Тоа се нарекува религија. Личното верување е лична верба без разлика колку луѓе држат до тоа верување. Добро, секој може да избере да верува дека вакцината е безбедна или дури и дека вакцините се безбедни, дури и кога не постојат доволно докази за да го поддржат тоа верување. Само наречете го религија. Не го нарекувајте наука.

Постои уште една форма на знаење што вреди да се разгледа овде. Нил Деграс Тајсон исто така ја објасни „политичката вистина“ – а тоа е верувањето во нешто што некој го поддржува, затоа што тоа се повторува повторно и повторно. Имам дијаграм и за тоа:

Мантрата – „Вакцините се безбедни и ефикасни!“, знаеме се повторува повторно и повторно. Прашањето е дали некој е подготвен да прифати догма. Има многу причини поради кои некој би можел да сака да ја прифати, но ниту една причина не ја прави вакцината безбедна. На пример, страв од инфекција или страв од потсмев и осуда. Страв од повреда на некој друг со инфекција. Недостаток на лично искуство со повреда од вакцина. Или пак, некои луѓе го прават тоа зашто сите го прават, немаат време да ја разгледаат науката за безбедност на вакцините. Во секој случај, нивната верба е лична верба, а не објективно знаење. За оние кои не се доволни повторувачки изјави како доволна причина да ја прифатат мантрата како нивно лично убедување, единствено решение е да имаат лично искуство со повреда од вакцина, искуства на други или науката.

Ова е причината зошто јас и другите повикуваме на РКС тестирања на индивидуалната долгорочна безбедност за една вакцина и РКС на целиот педијатриски календар на ЦКБ – реплицирани од независни истражувачки тимови, без никакви финансиски врски со корпорации и агенции со финансиски интерес – за да можеме да имаме политики и закони засновани врз објективно знаење. И затоа се потребни исклучоци врз основа на лични верувања. Така што лицата кои имаат лични сознанија за повреда од вакцина, не се присилени да учествуваат во активност што знаат (заснована на информации и верување) дека може да си предизвикаат повреда или дополнително да му наштетат на своето дете (или деца).

Д-р Џејмс Лајонс-Вајлер

Извор

Please follow and like us:
error