Вакцините што содржат животински, растителни, габични протеини предизвикуваат автоимуни болести и карцином

Автоимуните заболувања стануваат се почести и сега е проценето дека опфаќаат 5% -10% од населението. Широката категорија на „автоимуни заболувања“ опфаќа над 100 различни ревматски, ендокринолошки, гастроинтестинални и невролошки состојби што следуваат кога имуните реакции на организмот се погрешно насочени кон себе.

Истражувачите генерално се согласуваат дека факторите на животната средина (вклучително и лекови и хемикалии) се виновни за порастот на автоимуните нарушувања, посебно во комбинација со генетските и епигенетските влијанија. И студиите кои датираат од средината на 90-тите години укажуваат на тоа дека вакцините, со нивната единствена конфигурација на вирусни или бактериски антигени и адјуванти, се со биолошко веродостојно активирање.

Патогениот белег на автоимуната болест е производство на протеини наречени автоантитела, при што имунолошкиот систем погрешно ги напаѓа сопствените органи, ткива и клетки на телото, наместо да се бори со надворешни патогени. Вакцините можат да го поттикнат производството на автоантитела преку механизам наречен „молекуларна мимикрија“. Како што објаснуваат израелските истражувачи во новиот труд објавен во „Клеточна и молекуларна имунологија“ – значајни сличности помеѓу патогените антигени содржани во вакцината и човечките протеини кај лицето што ја прима вакцината може да доведе до имунолошка „вкрстена реактивност“ и „еволуирање во автоимун процес насочен кон… сопствените протеини”.

Научниците знаат повеќе од 100 години дека инјектирањето протеини кај луѓето или животните предизвикува сензибилизација на имунолошкиот систем на тие протеини. Овде секако треба да се споменат и алергиите кои исто така се во огромен пораст.

Масовните алергиски феномени (наречени „серумско заболување“ во тоа време) за прв пат се појавиле на крајот на деветнаесеттиот век во тандем со масовното вакцинирање.
Во 1940-тите, истражувачите потврдија дека протеините од храна во вакцините, можат да предизвикаат алергиска реација кај примателите на вакцини.

Протеини од храна кои се наоѓаат во вакцините се овалбумин, казеин, желатин, соја… Независниот истражувач Вину Арумугам открива дека и синтетичките состојки во вакцините, како што се полисорбат 80 и сорбитол, исто така, се добиени од прехранбени производи вклучувајќи кокос, палма, сончоглед, пченица и пченка. Арумугам забележува дека е веројатно невозможно целосно да се елиминираат преостанатите алергени протеини кои произлегуваат од овие извори. Покрај тоа, потребно е изложеност на многу ниско ниво на протеини од храна да предизвика алергиска сензибилизација.

Повознемирувачка точка е дека алуминиумските адјуванти, содржани во многу вакцини ја зголемуваат имуногеноста на протеините од храната (можност на супстанцијата да предизвика имунолошки одговор). Кога бројни протеини од храна и адјуванти се инјектираат, како што е случајот кога се администрираат повеќе вакцини истовремено, веројатноста за сензибилизација значително се зголемува.

Вину Арумугам е независен истражувач, кој има напишано над 60 трудови. Она што следува е заклучокот од неговиот последен труд и лично објаснување за неговите пронајдоци.



Еве го заклучокот на мојот неодамна објавен труд „Анализирајќи 23000+ епитопи што опфаќаат 82 автоимуни заболувања во базата на податоци за имуните епитопи; Постои непогрешлив потпис на улогата на вакцините во нивните етиологии“.:

Вакцините што содржат животински, растителни или габични протеини се исклучително опасни и предизвикуваат бројни автоимуни заболувања и карцином. Сите нецелни протеини во вакцините мора веднаш да се отстранат со употреба на процеси, како хроматографија на афинитет.

Еве лаичко објаснување:

Протеините се ланец на аминокиселини. Протеините можат да имаат до неколку стотици аминокиселини. Остатоците од протеини (пептиди), 7-15 аминокиселини во должина се важни во имунологијата. Постојат 20 видови на аминокиселини. На секоја ѝ е доделена буква (1 буква код).

Антителата се протеини кои можат да се врзат за пептиди кои имаат специфична низа на аминокиселини. Таков целен пептид е познат како епитоп. Кога антитело се врзува за пептид (што е дел од протеин, што пак може да биде дел од клеточна површина), може да предизвика имунолошки напад на клетката. Ако клетката била бактерија, бактеријата би била убиена.

Луѓето (како и сите организми) се направени од бројни протеини (сопствени протеини). Значи, имаме сопствени протеини, сопствени пептиди и сопствени епитопи. Кај здрава личност, телото нема да направи антитела кои силно се врзуваат за сопствените пептиди (самотолеранција).

ДНК е синџир на основни парови. ДНК базата на парови ја одредува низата на аминокиселини во производството на одреден протеин. Ако има мутација што менува единечен основен пар, добиениот протеин ќе има промена во една аминокиселина. За да се спречи карцином, имунолошкиот систем е способен да направи антитела против вакви изменети пептиди. Таквите антитела исто така можат слабо да се врзат (вкрстено реагираат) и на непроменетиот нормален пептид, што резултира со уништување на некои здрави клетки.

Ако нормален протеин го има следниов пептид (10 аминокиселини, секој претставен со својот код од буква):

ALSTLVVNKI

Да речеме дека ДНК во клетката мутира поради карциногена изложеност и го менува протеинот, што резултира со единечна промена во овој пептид на аминокиселини:

ALSTLVVSKI

Кога имунолошкиот систем прави антитела насочени кон ALSTLVVSKI (да ја нападне клетката со мутација на ДНК), истите антитела можат слабо да се врзат за нормалниот ALSTLVVNKI пептид.

ALSTLVVNKI е епитоп поврзан со ревматоиден артритис (РА).

Значи, како резултат на имунолошкиот систем кој се брани од карцином, лицето може да развие ревматоиден артритис.

Сега размислете за вакцините што содржат животински протеини. Животинските протеини се многу слични на човечките протеини, содржат само мали разлики во аминокиселините. Според тоа, животински пептид може да ја има секвенцата ALSTLVVSKI. Ваквата вакцина би го измамила имунолошкиот систем при создавање на анти-карцином имун одговор, создавајќи антитела насочени кон ALSTLVVSKI. Резултатот е ревматоиден артритис предизвикан од вакцина.

Затоа, може да се предвиди дека анализата на епитопите поврзани со автоимуните заболувања, како таква единечна разлика во аминокиселини, во споредба со животинските пептиди присутни во вакцините, би се случила почесто отколку што може да се очекува случајно. Анализата потврдува дека ова предвидување е валидно.

Апстракт

Националниот институт за алергија и заразни болести (NIAID) ја спонзорира базата на податоци за имунолошки епитопи (IEDB). IEDB содржи епитопи идентификувани од медицинската литература и организирани во болести и категории на заболувања. Беа анализирани сите епитопи (23000+) поврзани со 82 автоимуни заболувања кај луѓето.

Улогата на животински, растителни, габични протеини содржани во вакцините во етиологијата на автоимуни заболувања е опишана кај луѓе и животни. BLASTP (програми кои пребаруваат бази на податоци за протеини) се користени за да се анализираат епитопите од IEDB, за усогласување на секвенците со животински, растителни, габични (APF) протеини присутни во вакцините и биолошките препарати. Конкретно, претрагата бил извршена за протеоми од говеда, пилиња, свињи, заморчиња, африкански зелен мајмун, кинески хрчак, глувци и сл. глодари, кикиритки, соја, пченица, пченка, сусам и Saccharomyces cerevisiae (попозната како пекарски квасец).

Резултатите покажуваат дека 57% од епитопите се разликувале со точно еден остаток на аминокиселини од APF пептид. 78% од епитопите се разликувале до два остатоци од аминокиселини на APF пептид. Останатите епитопи беа идентични или се разликуваа со повеќе од два остатоци од аминокиселини.

Поголемиот дел од анализираните IEDB епитопи беа пепетиди со 9 остатоци во должина. Споредувајќи ги случајно избраните 9 човечки пептиди со APF протеомите, се добила веројатноста за единечната разликата во остатоците од аминокиселините (single amino acid residue difference – SAARD). Ова беше искористено за да се процени веројатноста дека реалните исходи во базата на податоци за имунолошки епитопи -IEDB и разликата во само една амино киселина (SAARD) со пептидите на APF не се само случајност. Проценките покажуваат дека веројатноста дека наљудуваните низи од IEDB кон APF да е само случајна е исклучиво мала.

Значи, резултатите дават апсолутно јасна слика дека низите на протеините на APF во вакцините, ги предизвикуваат сите овие автоимуни заболувања.

Извор