Вакцината против полио сeуште предизвикува полио

Премногу е ретко јавната здравствена заедница да признае какви било проблеми со вакцинацијата. Сепак, од време на време, околностите ги принудуваат јавните службеници да направат такво признание.

Неодамна се појави дебакл во вестите – што всушност е долгогодишна приказна, а тоа е дека оралните вакцини против детска парализа „создаваат повирулентни видови на полиовируси“. Алармантниот пораст на случаи на детска парализа предизвикани од вакцина, на планерите им претставува „збунетост, дилема“ или „загатка“ – од причина што „самата алатка што ја користите за искоренување (на детската парализа), предизвикува проблем“.

Оралната вакцина против детска парализа (OPV) се користи ширум светот и претставува „работна сила“ на глобалните напори за искоренување на детска парализа, заради нејзините ниски трошоци и лесно администрирање. OPV содржи живи, но ослабени полиовируси кои одговараат на дивите полиовируси. Истражувачите на вакцините, веќе долго време знаат дека овие вируси кои произлегуваат од OPV можат самите да предизвикаат детска парализа, особено кога се „ослободат во околината“. Во услови на лош санитет и сомнителна хигиена, вирусите од вакцините можат лесно „да најдат пат во изворите на вода и на загадени раце или храна“, каде што потоа ќе можат да започнат со самостоен синџир на трансмисија. Истражувачите признаваат дека вирус од OPV „многу брзо може да ја врати силата ако почне да се шири самостојно“, стекнувајќи „мутации што го прават во основа да не се разликува од дивиот тип на вирус“. Со други зборови, не постои значајна разлика помеѓу див полио вирус и вирус од вакцината OPV „во однос на вирулентноста и во однос на начинот на ширење на вирусот“.

Загатката

До неодамна, OPV беше тривалентна, содржеше три серотипови на полио, кои одговараат на трите типа на диви полиовируси (типови 1, 2 и 3). Меѓутоа во 2015 година, светските агенции за јавно здравје, го прогласија за искоренет дивиот полио вирус тип 2 и во 2016 година, тие одлучија да го следат тесно координираниот „премин“ во 155 држави, со бивалентна орална вакцина која вклучува само типови 1 и 3. Оправдувачкото образложение за овој глобален маневар беше да се извади вирусот од вакцина – тип 2, затоа што ако вирусите од дивиот тип 2 исчезнаа, „размислувањето одеше“, би било „неетично да се изложуваат децата на ризик од вакцинален вирус“, особено затоа што типот 2 беше одговорен за близу 90% од случаите на вакцинален тип на полио, кој циркулираше од 2000 година.

Како и да е, во „што може да тргне наопаку“ сценариото, постојаното позадинско присуство на вакциналниот вирус тип 2, предизвика спектакуларно враќање со „преминот“, при што појавата на полио епидемии предизвикани од вакцина се појавија во многу земји.

Епидемиите се неизбежни

Глобалната иницијатива за искоренување полио (GPEI) е комбиниран напор на Светската здравствена организација (СЗО), УНИЦЕФ, американскиот Центар за контрола и превенција на болести (ЦKБ), Фондацијата Бил и Мелинда Гејтс и Ротари Интернешнл.

При компјутерско моделирање, научните советници на GPEI предвидоа дека неизбежно ќе се појават епидемии предизвикани од вакцини. Како и да е, тие самоуверено тврдеа дека ќе можат „брзо да згаснат“ каквa било појава – со што друго, ако не „разумната употреба на нова жива вакцина… ефикасна само против типот 2“. Всушност, тие советувале „да се коцкаат“ дека моновалентната вакцина „нема да предизвика нови епидемии“.

Во Африка, барем, коцката не успеа. Фреквенцијата со која се појавуваат епидемии предизвикани од вакцинален тип 2, ги надмина проекциите – и брзањето за администрирање на новата моновалентна вакцина од типот 2, се чини дека уште повеќе ја засилува појавата, отколку што го решава проблемот.

Во зачудувачко признание, виролог на ЦKБ изјави дека поради процепот во употребата на новата вакцина само за тип 2 – „Сега создадовме повеќе нови епидемии на вирусот отколку што сопревме“.

Друг експерт за вакцинирање забележа: „Ако продолжите со малку [моновалентна] вакцина секој пат кога мислите дека имате проблем, сè што правите е повторно ширење [повеќе ланци на пренос]”.

Од септември 2016 година немало случаи на див полиовирус на африканскиот континент, но до јули 2019 година, СЗО предупредуваше дека постои голем ризик од ширење на вакциналниот вирус тип 2 низ Африка.

Епидемиолозите документираа зголемување во циркулирањето на вакцинален полививирус од типот 2, како кај човечки примероци, така и во животната средина, од 2017 година (две години по „преминот“). Генерално добиваат човечки примероци од деца кои се појавуваат со акутна флацидна парализа (AFP) или од „здрави контакти во заедницата“. Иако СЗО ја опишува детската парализа како само една од можните причини на АФП, африканските лаборатории го изолираат вакциналниот вирус од типот 2, случај по случај на АФП.

До денес, во набљудувачките извештаи се забележува присуство на полиовирус добиен од вакцини, од типот 2 во Ангола, Камерун, Централната Африканска Република, Демократската Република Конго, Етиопија, Гана, Кенија, Мозамбик, Нигер, Нигерија и Сомалија. Во Нигерија, типот 2 се шири од северот на земјата до Лагос – најголемиот и најгусто населен град на Нигерија. Во Гана, наскоро откако истражителите откриле вакцинален вирус од типот 2 во канализацијата на главниот град Акра, на дете 400 милји подалеку му била дијагностицирана парализа предизвикана од вакцинален тип на вирус – што претставува „прв пат“, пријавена појава на полиовирус добиен од вакцини од типот 2, во Гана.

На 19 септември, ABC News објави појава на детска парализа на Филипините, предизвикана, како што е потврдено од страна на СЗО и УНИЦЕФ – од „ вакциналниот полиовирус тип 2“. „Епидемијата“ која досега има засегнато само две деца и некои примероци од канализација – се случува две децении откако СЗО ги прогласи Филипините како ослободени од полио. Обвинувајќи ја ситуацијата со падот на прифаќање на јавноста на рутинска вакцинација, по случките со опасната вакцина против денге од која починаа дури 119 деца во 2016-2017 година. Двете глобални здравствени агенции строго тврдат дека единствениот начин да се вратат на вистинскиот пат со детската парализа е да се вакцинираат најмалку 95% од децата под 5-годишна возраст. Филипинската влада се покори, започнувајќи агресивна кампања за вакцинирање против детска парализа.

Во други земји кои се движат од Мијанмар до Индонезија па се до Папуа Нова Гвинеја, програмите за набљудување, исто така, известуваат за случаи на паралитично полио, како резултат на циркулирање на вакцинилен поливирус од типот 1.

Нова и подобрена?

Присуството на вакциналниот вирус од типот 2 „со проширување на територијата“ во Африка и на други места, е очигледно обесхрабрување за ентузијастите за ерадикација на детска парализа. Но, да не се грижиме, тие имаат уште еден ас во ракавот – уште една нова и подобрена полио-вакцина! Всушност, две нови вакцини против детска парализа се во изработка.

Едната е „нова“ генетски дизајнирана орална вакцина поддржана од Фондацијата Гејтс, а втората е неактивирана вакцина која се претпоставува дека е „доволно моќна за да ги прекине епидемиите“. Како што изјави главниот истражувач за полио на СЗО, „трката е“ да се распоредат барем една од двете вакцини во рамките на „протоколот за употреба во итни случаи“ на СЗО, веднаш до средината на 2020 година – дури и пред лиценцирање.

Погодно, новиот производител на орална вакцина, Био Фарма, наскоро „ќе има капацитет да направи 35 милиони дози месечно“. Во меѓувреме, Фондацијата Гејтс „напорно притиска да ја добие [новата орална] вакцина на терен што е можно поскоро“, шпекулирајќи дека ќе има помал ризик од пренесување на вакцинален вирус – сепак, Фондацијата внимателно забележува дека „единствениот начин да се знае со сигурност ќе биде да се користи вакцината “.

Конечно, глобалната јавна здравствена заедница постави цел да стави крај на целата употреба на OPV и да се префрлиме на ексклузивна употреба на неактивираната полио вакцина (IPV) администрирана со инјектирање, со што се претпоставува дека IPV не е во состојба да предизвика вакцинални полиовируси да циркулираат. Како и да е, како што неодамна опиша Children’s Health Defense, од 1950-тите години наваму, САД беа сведоци на сериозни случаи на парализа од полио, предизвикана од двата типа полио вакцина – инјектирана и орална. Слично на тоа, еден известувач опишувајќи ги пропустите со „преминот“ забележал дека „дури и деца кои добиле IPV… можат да бидат заразени и да ги пренесат вирусите на вакцината“ [додаден акцент].

Во Пакистан, каде дивите полиовируси сеуште се забележани како циркулираат, некои граѓани во сиромашните заедници ја одбиваат оралната вакцина против детска парализа, доведувајќи ја во прашање трик шарадата на јавно здравство, што никогаш не прави ништо за да се справат со поголеми закани по здравјето, како што се недостаток на проточна вода и канализација. Наместо да одговори на овие разумни грижи, владата почна со затворање на некооперативните родители, додека други прибегнуваат кон „криење на своите деца или употреба на лажни обележја на прстите за да се преправаат дека се вакцинирани“.

Без разлика дали е во Пакистан, Африка или САД, време е да престанеме да го изедначуваме јавното здравство со вакцинирање и време е да признаеме дека програмите за вакцинација често создаваат нови и полоши проблеми од оние што требаше да ги решат.

Извор

Please follow and like us:
error