КОВИД 19 – пионерот на „новата ера“ генетски дизајнирани вакцини со висок ризик

Поради „немањето“ на конкретен третман за КОВИД 19, се наметна вакцината како еден и единствен спас од оваа „страшна“ болест. Трката започна. Кој прв ќе ја направи вакцината со којашто треба да се вакцинира цел свет и повторно „да нѐ спаси“.

Текстот е првиот дел од анализата на Children’s Health Defence.


Вакцинацијата за COVID-19 ширум планетата е очигледната цел, што ги исцрпува сите овие играчи додека се во исчекување, но сепак оваа цел игнорира голем број на непобитни пречки. Како прво, таргетираниот РНК вирус – САРС-КоВ-2, веќе „има мутирано во најмалку 30 различни генетски варијанти“. Варијантите вклучуваат 19 никогаш порано видени, како и „ретки промени што научниците никогаш не замислувале дека би можеле да се случат“. Знаењето за овие мутации може да биде корисно за лекарите кои сакаат подобро да ги прилагодат своите третмани за КОВИД-19, но зголемувањето на мутациите ги прави шансите за развој на ефективна вакцина сѐ понеизвесни.

Официјалните ентитети, спонзорирани од приватни лица, нѐ убедуваат да не се грижиме. Научниците кои работат во растежното поле на синтетичка биологија се уверени дека можат да ја надмудрат природата користејќи технологии за вакцини од следната генерација, како што се трансфер на гени и само-монтажни наночестички, заедно со инвазивни нови механизми за доставување вакцини.

Дали е важно тоа што истражувачите кои експериментирале со овие пристапи никогаш не биле во можност да ги надминат „непријатните несакани ефекти? Очигледно не. Помогнато и охрабрено од „дарежливи финансирања“, излегувањето на пазарот на вакцините за COVID-19, се одвива брзо.

Брзина, а не безбедност

Од гледна точка на производство, производителите на вакцини, а особено оние што прават вакцини против вируси – веќе долго време „се гушат“ со ограничувањата на традиционалните технологии за вакцини, кои зависат од процесите што нужно повлекуваат „значителен период помеѓу производството на антигени и испорака на вакцини“. Истражувачите ја повториле оваа точка повторно во 2018 година, во Nature Reviews Drug Discovery дека „за повеќето вакцини против вируси што се појавуваат, главна пречка не е ефективноста на конвенционалните пристапи, туку потребата за побрз развој и широко распоредување“.

Во осумдесеттите години на минатиот век, производителите беа воодушевени кога научниците развија нови техники за генетско инженерство (рекомбинантна ДНК технологија), кои преку употреба на „системи за изразување“ (бактерии, квасец, клетки од инсекти, клетки на цицачи или растенија како што е тутунот) – овозможи да отпочнат производство на т.н. „вакцини со под единици (subunit vaccines)“. Вакцината против хепатит Б, беше првата вакцина што го примени овој „целосно нов“ пристап за производство на вакцини, а голем број на вакцини за КОВИД-19 кои моментално се во изработка, ги користат овие техники. Како и да е, комплицирачки фактор на вакцините со „суб единиици“, е тоа што тие мора да бидат во комплет со„имуноактивирачки“ адјуванси, кои имаат тенденција да предизвикаат неурамнотежен имунолошки одговор.

Сакајќи да ја поттурнат технологијата за вакцини уште повеќе и да овозможат поголеми залихи на вакцини во уште пократка временска рамка, истражувачите во средината на 90-тите години, започнаа да истражуваат вакцини базирани на нуклеинска киселина, кои вклучуваат ДНК вакцини и вакцини со гласник РНК (messenger RNA -mRNA). Како форма на генска терапија и двете имаат значително различен пристап од класичните вакцини. Додека класичните вакцини воведуваат вакцински антиген за производство на имунолошки одговор, вакцините со нуклеинска киселина наместо тоа, испраќаат упатствата на телото – самото да произведе антиген. Како што објаснува еден истражувач, нуклеинските киселини „предизвикуваат клетките да направат парчиња од вирусот“, со цел имунолошкиот систем потоа „да реагира на тие делови од вирусот“.

Истражувачите брзо дознаа дека и опциите за вакцини со ДНК и mRNA имаат сериозни последици и како резултат на тоа, вакцините од ваков вид никогаш не биле лиценцирани. Како и да е, скоро една четвртина (20/83) од вакцините наведени од Светската здравствена организација како „вакцини кандидати“ за КОВИД-19 заклучно со 23 април – се од ваков тип. Овде се вклучени и двата водечки претенденти – со ДНК (Иновио) и mRNA (Модерна) вакцини (види табела).

ДНК вакцини

ДНК вакцините имаат за цел да навлезат сè до јадрото на клетката. Според еден биотехнички научник: „Ова е неверојатно тешка задача со оглед на тоа што нашите клеточни јадра евоулирале да спречат навлегување на туѓа ДНК (мисли на вируси)!“ Не е изненадувачки, што кога направија некои клинички испитувања на ДНК вакцини кон крајот на 2000-тите, тие имаа проблеми со „субоптимална потентност“. Научниците тогаш дојдоа до идеја да го решат овој проблем со тоа што ќе ја зголемат испораката на вакцини со „електропорација“ – електронски шокови примени на локацијата на вакцинирање (користејќи „паметен уред“) за да ги направат клеточните мембрани попропустливи и да ја присилат ДНК-та да влезе во клетките. Подобрувањата во ефикасноста на вакцините беа доволно значајни што електропорацијата останува клучна дизајнерска карактеристика на некои кандидати за вакцинирање со КОВИД-19 денес, вклучувајќи ја и вакцината „Модерна“ која сега трча кон клиничките испитувања во фаза 2.

Вториот аспект на ДНК вакцините, нивните својства за менување на гени – е уште повознемирувачки и останува нерешен. ДНК вакцините, по дефиниција, доаѓаат со ризик од „интеграција на егзогена ДНК во геномот на домаќинот, што може да предизвика сериозна мутагенеза и да предизвика нови болести“. Постојаното вметнување на синтетички гени во ДНК на примателот во основа произведува генетски модифицирано човечко суштество, со непознати долгорочни ефекти. Говорејќи за ДНК генска терапија, еден истражувач изјави:

„Генетска интеграција со помош на вирусни ген-терапии… може да има страшен ефект ако интеграцијата е ставена на погрешно место во геномот“. Дискутирајќи за ДНК вакцините, Глобалниот здравствен преглед на Харвард колеџот образложува:

„Потенцијалните несакани ефекти може да вклучуваат хронично воспаление, бидејќи вакцината постојано го стимулира имунолошкиот систем да произведува антитела. Други грижи вклучуваат можна интеграција на плазмидната ДНК во геномот на домаќинот, што резултира во мутации, проблеми со репликација на ДНК, активирање на автоимуни реакции и активирање на гените што предизвикуваат рак“.

mRNA вакцини

Бидејќи mRNA вакцините се „особено прилагодени на брзиот развој“, можеби не е изненадувачки што тие привлекуваат внимание како „први спасувачи од корона вирусот“. mRNA вакцините, наводно, можат да генерираат заштеди од „месеци или години“ за да се стандардизира и засили… масовното производство“. Инсајдерите велат дека „иако досега не е лиценцирана mRNA вакцина, заканата од пандемија е голем поттик да се забрза нивниот напредок“.

Компаниите се вљубени во пристапот кон mRNA и покрај набудувањата дека големите mRNA молекули се „суштински нестабилни“, „склони кон деградација“ и може да го преактивираат имунолошкиот систем. Од гледна точка на научниците за вакцинирање, вакцините со mRNA треба да достигнат само до клеточната цитоплазма, наместо до јадрото – навидум „поедноставен технички предизвик“, иако пристапот сеуште бара „технологии за испорака кои можат да обезбедат стабилизирање на mRNA во физиолошки услови“. Формулациите, како што е вакцината mRNA-1273 на Модерна, се справува со овие предизвици со употреба на „хемиски модификации за стабилизирање на mRNA“ и течни наночестички за да „го спакува во форма на инјекции“.

Пристапите со mRNA ги привлекуваат истражувачите со високо механички поглед кон човечките суштества. Една таква индивидуа ја фали mRNA за нејзината „својствена програмабилност“, во која се вели: „Слично како (компјутер,оперативен систем), терапијата со mRNA може да го репрограмира телото за да произведе свои терапии”. Главниот извршен директор на Модерна ги опишува приодите со mRNA – кои користат „направени по нарачка“ нишки од mRNA за да ги „претворат клетките на телото во фабрики за хок лекови“, тие се како „софтвер: само може да ја стиснете рачката и да добиете многу производи кои ќе почнат да се развиваат“. Исто така, списанието „Природа“ (коментирајќи ја mRNA технологијата од „биотехничка и индустриска перспектива“) се воодушевува дека пристапот „овозможува брзо рафинирање со речиси неограничени комбинации на деривати“.

Истражувачите на вакцини запознаени и со ДНК и со mRNA вакцините, сакаат „да ја изиграат безбедноста“ на mRNA вакцините, повикувајќи се на фактот дека вакцините не мора да навлезат во клеточното јадро. Меѓутоа, со години на експериментирање со mRNA вакцини, никој од овие истражувачи сеуште не добил лиценца. Зошто? Еден одговор може да биде дека во пред клиничките студии, mRNA вакцините покажаа „внатрешна“ воспалителна компонента што го отежнува воспоставувањето на „прифатлив профил за ризик / корист“. Ентузијастите за mRNA признаваат дека сеуште постои несоодветно разбирање на воспалението и автоимуните реакции што можат да резултираат. Ова покренува многу прашања за тоа што ќе се случи ако регулаторите им ја исполнат желбата на производителите на mRNA COVID-19 вакцини за „брз процес за одобрување на овие вакцини кај луѓето – што порано“.

Тркајќи се кон профитот

Киднапирањето на скоро целата економска, социјална, уметничка и религиозна активност од страна на САРС-КоВ-2 е вознемирувачко на многу нивоа, не само поради некритичното прифаќањето на јавноста на службениот спин и неговото копнеење за медицински сребрени куршуми. Како истражувач за вакцини во Шведскиот Институт Каролинска изјави:

„Кога Кина го стави под карантин цел мегаполис во јануари, луѓето рекоа ‘само Кина може да го стори тоа’. Потоа, видовме слични драстични мерки во неколку демократски земји. Мислам дека кажува нешто за нашата доверба во медицински решенија. Денес, очекуваме да можеме да развиеме лекови и вакцини против различни болести на начин на кој не сме правеле во минатото“.

Набрзина да се развијат вакцини за COVID-19 со мешање во гените, исто така го забрзува спојувањето на фармацијата и биотехниката. Профитабилниот сектор на биофарма сега е најбрзорастечкиот сегмент на глобалната индустрија за лекови. Во моментов претставува 20% од светскиот пазар и прикажува годишна стапка на раст што е повеќе од двојно поголема од онаа на конвенционалната фармација. И вакцините за COVID-19 помагаат во спасувањето на некои биофармацевтски компании. Во 2017 година, на пример, Модерна се бореше да го „одржи ветувањето за повторно откривање на медицината“ но, експерименталната терапија на која сметаше, се докажа премногу небезбедна за тестирање кај луѓето. Во 2020 година, кога „лошата вест за корона вирусот е добра вест за акциите на Модерна“ и други биофармацефтски компании се исто така подготвени да остварат рекорден профит од КОВИД-19.

Бидејќи биофармацијата ја спроведува својата немедицинска и неетичка трка кон златото од COVID-19, јавноста треба да направи критички поглед на незаинтересираноста на индустријата за безбедноста и исто така да заземе цврст став против застрашувачката перспектива на задолжителноста на вакцината против корона вирус. Инаку, ваквите генетски конструирани вакцини за COVID-19, веројатно ќе започнат трајно да ги менуваат гените, да активираат автоимунитет и да служат како катализатор за други повреди или смртни случаи од вакцина. Нема да бидат спречени од каква било правна одговорност, а ниту еден од комерцијалните или владините актери кои се одговорни, најверојатно нема да се грижат.


20 експериментални вакцини за КОВИД19 што користат технологија на нуклеинска киселина

Извор

Please follow and like us:
error