Хепатит Б вакцина кај новороденчиња – дали има повеќе ризици од придобивки?

Како дел од нашиот вакцинален календар, во САД и голем број држави во светот, првата од сетот за „добро дојде на овој свет“ е вакцината против хепатит Б. Препораката од ЦКБ – Центарот за контрола на болести на Америка е имплементирана низ цел свет.

Но, дали оваа препорака е базирана на научни докази, а пред сѐ дали вакцината ги изложува на непотребен ризик новороденчињата? Дали ризикот го надминува бенефитот од вакцината?

[Забелешка: Ова е прв дел од серијата со три дела, во која се испитува образложението на ЦКБ, за препораката за универзално вакцинирање против хепатит Б кај новороденчиња.]


Јавното здравство и медиумите им кажуваат на родителите дека треба да ги вакцинираат своите деца строго според распоредот што го препорачуваат Центарот за контрола и спречување на болести на САД (CDC). Како што ни е кажано, рутинскиот распоред за вакцинирање во детството на ЦКБ е заснован на цврста наука и е императив сите родители да се придржуваат за да го намалат товарот на социјалните болести. Секој што ќе се осмели да критикува или е со различно мислење од јавната политика за вакцинирање, се карактеризира како опасно неук и ирационален. Сите вакцини мора да бидат ставени по точно определен распоред и КРАЈ на „дискусијата“.

Но, дали е навистина „клучно“ за сите деца да бидат толку вакцинирани? За да ја потенцирате рационалноста и важноста на ова прашање, разгледајте го примерот со препораката на ЦКБ сите новороденчиња да добиваат вакцина против хепатит Б (HepB), обично на првиот ден од животот. Многу родители природно се прашуваат зошто се смета дека е неопходно да го вакцинираат своето бебе против вирус што првенствено се пренесува сексуално или преку споделување на игли кај корисниците кои инјектираат дрога. И тоа на првиот ден од животот.

Вирусот хепатит Б (HepB), исто така, може да се пренесе на новороденчиња при раѓање, ако мајката е носител, но скринингот за да се идентификуваат заразени бремени жени се прави рутински, а алтернативен ефикасен третман веќе долго време е достапен за новороденчиња родени од носители. Па, дали е вакцината HepB навистина неопходна за сите новороденчиња? Зошто ЦКБ ја третира оваа вакцина како решение еднакво за сите, кога огромното мнозинство на новороденчиња не се изложени на значителен ризик од инфекција?

За да одговориме на ова прашање, не треба да гледаме подалеку од кажаното образложение на ЦКБ за оваа политика, донесено во 1991 година. Тесното испитување на расудувањето на ЦКБ и еволуцијата на оваа политика илустрира дека, далеку од тоа да се заснова на наука, одлуката од страна на Советодавниот комитет на ЦКБ за вакцинирање за усвојување на оваа политика, се засноваше врз верата и се однесуваше пред сѐ, не на здравјето на новороденчињата, туку со најголемата цел на агенцијата да постигне високи стапки на вакцинација. Споредбата на политиката со науката открива дека родителите имаат право да бидат загрижени затоа што политиката непотребно ги става децата кои не се изложени на ризик од инфекција – изложени на ризик од штета од вакцината.

Ризикот за новороденчињата од хепатит Б инфекција

За да го поставите изнесеното образложение на ЦКБ за оваа политика во соодветен контекст, важно е малку да се разбере за природата на вирусот и ризикот што тој генерално претставува за населението и особено за новороденчињата.

Според „Розевата книга“ на ЦКБ, додека повеќето акутни инфекции со хепатит Б кај возрасните се решаваат ефикасно од имуниот систем на домаќинот, хроничната инфекција е позната причина за заболувања на црниот дроб, што придонесува значително за ризикот од цироза и хепатоцелуларен карцином. Повеќето деца и околу половина од возрасните со акутна инфекција не покажуваат никакви симптоми. Оние со хронична инфекција, исто така, може да бидат асимптоматски, но се познати како „носители“, бидејќи тие сè уште го носат и можат да го шират вирусот.

Пренесувањето на вирусот се случува преку заразена крв или други телесни течности. Затоа, субпoпулациите со најголем ризик вклучуваат сексуално активни лица, корисници на дрога преку игла, здравствени работници и деца кои се родени од заразени мајки или на друг начин доаѓаат во продолжен близок контакт со заразени членови на домаќинството. Пренесување од мајка на новороденче обично се јавува за време на раѓањето. Ако површината на животната средина е загадена, вирусот може да остане стабилен и заразен за седум или повеќе дена, така што индиректниот пренос, иако е малку веројатно, е исто така можен. Репликација на вирусот се јавува само во ткивото на црниот дроб.

Повеќето возрасни лица целосно се опоравуваат од акутна инфекција и се стекнуваат со траен имунитет. Сепак, од 1 до 2 проценти од акутните случаи резултира во фулминантна болест. Меѓу овие случаи, од 63 до 93 проценти ќе резултираат со смрт. Околу 200 до 300 смртни случаи се случуваат секоја година во САД како резултат на хепатит Б.

Пред рутинската вакцинација на децата, повеќе од 80% од акутни инфекции се јавувале кај возрасни, околу 8% кај адолесценти и околу 4% кај деца заразени преку перинатална трансмисија. Иако се со помал ризик да станат заразни, ваквите деца се изложени на поголем ризик инфекцијата да стане хронична и несразмерно сочинуваат околу 24% од хроничните инфекции. Додека хроничната инфекција се јавува кај само околу 5% во случаите кај возрасни, ризикот од акутната инфекција да стане хронична се зголемува со возраста на домаќинот. Околу 30 до 50 проценти од инфекции кои се јавуваат кај деца на возраст од една до пет години стануваат хронични, а кај новороденчиња заразени од нивните мајки, стапката е дури 90 проценти.

Околу 25 проценти од лицата со хронична инфекција ќе умрат предвреме од заболувања на црниот дроб. Околу 3 000 до 4 000 луѓе умираат од цироза поврзана со хепатит Б секоја година, а уште 1 000 до 1 500 умираат од рак на црниот дроб поврзан со хепатит Б.

Тоа се првенствено овие фатални исходи кај возрасните – неколку стотици смртни случаи од фулминантна болест и неколку илјади смртни случаи од заболувања на црниот дроб се оние кои јавното здравство има за цел да ги спречи преку масовно вакцинирање.

Вирусот хепатит Б има голем број на различни антигенски компоненти. ЦКБ дефинира „антиген“ како и секоја туѓа супстанција во организмот, вклучително но не ограничувајќи се на вируси или бактерии чие што присуство предизвикува болест и чие што присуство предизвикува имунолошки одговор, вклучувајќи, но не ограничувајќи се на производство на антитела.

Како што објаснува „Розевата книга“ на ЦКБ: „Неколку добро дефинирани системи за антигени-антитела се поврзани со ХепБ инфекција“. Овие се антигени поврзни со хепатит Б – јадрен антиген (HBcAg), друг протеин содржан во вирусното јадро (HBeAg) и површински антиген (HBsAg).

Присуството на HBsAg во крвта укажува на инфекција, но само комплетниот вирус е заразен, а не индивидуалните антиген компоненти. Присуството во крвта на антитела на овој антиген, наречен „anti-HBs (антитело на површинскиот антиген)“, се смета за индикативен имунитет. Инфекцијата може да го стимулира производството на антитела на HBcAg или anti-HBc, чие присуство укажува на инфекција од минатото. Присуството на анти-HBc на имуноглобулиска М класа (IgM-anti-HBc), укажува на неодамнешна инфекција. Хроничната инфекција се утврдува со позитивен резултат за HBsAg, заедно со негативен резултат за IgM-anti-HBc.

Вакцината против хепатит Б содржи само еден вирусен антиген, HBsAg. За разлика од природната инфекција, вакцината не го стимулира производството на анти-HBc.

И покрај напредокот на модерната наука, многу останува непознато за човечкиот имунолошки систем и целосното влијание на вирусна инфекција или вакцинација. Читајќи низ поглавјето за хепатит Б во „Розовата книга“ на ЦКБ, се покренуваат онолку прашања колку и што има одговори. Зошто некои лица развиваат заштитни анти-HBs за борба против инфекцијата, додека други не и со тоа стануваат носители? Кое е клиничкото значење на развојот на анти-HBc во прилог на анти-HBs наспроти развојот само на второто? На кои други начини природниот имунитет се разликува од имунитетот што го дава вакцината? Зошто имунолошкиот систем на поединецот, а особено имунолошкиот систем на децата – не успева да создаде заштитни антитела како одговор на живиот вирус, а сепак ќе бидат способни да го сторат тоа како одговор на вакцината? Зошто некои поединци, исто така, не успеваат да развијат заштитни антитела како одговор на вакцината?

Некој би помислил дека ваквите прашања ќе бидат релевантни за да разберат како да развијат поефективни методи за превенција на болести, но одговорите на нив не можат да се најдат во „Розевата книга“. Навистина, одговорите на нив не се наоѓаат лесно со тоа што се користи пошироката научна литература. Најочигледна причина за оваа љубопитност е влијанието на фармацевтската индустрија и владините политики во насока на научни истражувања.

Веќе скоро три децении, ЦКБ ја третира вакцинацијата за време на раното детство како one-size-fits-all решение и покрај различноста во индивидуалните имунолошки реакции, индивидуалниот ризик од вирусот и индивидуалниот ризик од вакцината.

Заклучок

Огромното мнозинство на деца во САД и во светот, денес не се изложени на значителен ризик од инфекција со хепатит Б, а сепак ЦКБ препорачува универзална вакцинација кај новороденчиња.

Зошто?

За да одговориме на тоа прашање, во дел два од оваа серија, ја испитавме еволуцијата на препораките за вакцина против хепатит Б на ЦКБ, откривајќи како агенцијата започнала да препорачува вакцинација за бремени жени и доенчиња со висок ризик од инфекција и покрај целосниот недостаток на рандомизирани, плацебо контролирани испитувања кои покажуваат дека овие практики се безбедни.

Потоа, во дел три, ќе ги испитаме изнесените образложенија на ЦКБ за својата промена на политиката во 1991 година, да препорачуваат новороденчињата да бидат универзално вакцинирани, обично на првиот ден од нивниот живот. Третиот дел ќе покаже како ЦКБ самиот заклучил дека нивната политика е неуспешна заради ниските стапки на вакцинирање меѓу групите со висок ризик, како и да осветли како целта на агенцијата за постигнување високи стапки на вакцинирање ги надмина сите размислувања за индивидуална анализа на ризик-корист, со што стави милиони деца да бидат изложени на непотребен ризик од невро-развојно оштетување од вакцината.

Автор Џереми Р. Хамонд за Children’s Health Defense