Нова студија за здравствените исходи кај вакцинирани наспроти невакцинирани деца

Постојат голем број на студии помеѓу вакцинирани и невакцинирани деца, но се цензурираат по секоја цена, а официјалните здравствени институции одбиваат да спроведат нивна студија – бидејќи „било неетички“.

Новата рецензирана студија, објавена во списанието SAGE Open Medicine ги разгледува здравствените исходи на вакцинираните наспроти невакцинирани деца од три педијатриски здравствени установи во САД. Заклучокот е дека невакцинираните деца имаат подобри здравствени исходи од нивните вакцинирани врсници. Односно невацинираните деца се поздрави од вакцинираните врсници.


Од студијата:

Методи на истражување

Децата во студијата беа следени постојано, најмалку 3 години од раѓањето. Студијата се заснова на медицински досиеја на над 2000 деца запишани во три детски клиники и родени во периодот меѓу ноември 2005 година до јуни 2015 година. Пациентите во категоријата „вакцинирани“ примиле минимум една доза вакцина пред првиот роденден плус 15 дена, за да ги зафатат едногодишни вакцини како што е препорачано во распоредот на ЦКБ, додека „невакцинираните“ пациенти немале ниту една доза вакцина пред нивниот прв роденден плус 15 дена.

За сите дијагнози користени се кодови на меѓународни класификации на болести- 9 и меѓународни класификација на болести- 10 (International Classification of Diseases Codes -ICD), преку преглед на медицинските досиеја.

Табела 1 – Употребени кодови за дијагноза

Демографските податоци за примерокот од студијата се прикажани во Табела 2. Целокупната големина на примерокот, вклучително и деца под 3 години, е 4821, од кои 44,5% биле невакцинирани, додека 55,5% биле вакцинирани. Кај 3797 деца над една година, 37,6% биле невакцинирани, а 62,4% биле вакцинирани. Ако се земе предвид дека со континуирано следење на децата кои биле над 3 години, примерокот се намалил на 2047 пациенти, со 52% машки. Невакцинирани деца на возраст од 1 година сочинуваа 30,9% од примерокот во однос на вакцинирани деца (69,1%). Најчеста дијагноза беше инфекција на ушите.

Табела 2 – демографски податоци на примерокот


Резултати:

Табелата 4 покажува резултати од случаи кај вакцинирани наспроти невакцинирани категории (на возраст од 3 години и повеќе со дијагнози кои се разгледуваат само по првиот роденден). Вакцинацијата пред 1 година беше поврзана со зголемени шанси за доцнење во развојот (процент на веројатност /odds ratio/, OR = 2,18, 95% CI 1,47–3,24), астма (OR = 4,49, 95% CI 2,04–9,88) и инфекции на ушите (OR = 2.13 , 95% CI 1,63-2,78). Не е забележана врска за гастроинтестинални нарушувања и повреди на главата (контролна дијагноза).

Табела 4- Веројатност за дијагноза на одредена болест кај вакцинирани наспроти невакцинирани

Во временските анализи (за одреден период), децата вакцинирани пред возраст од шест месеци покажаа значителни ризици од секое испитувано нарушување, споредено со невакцинирани деца во иста временска рамка. (повеќе во студијата)

Финалната анализа е направена, слично на анализата претставена во Табела 4, но со деца во примерокот кои биле 5 години и повеќе пред датумот на прекин на студијата во јуни 2018 година. Резултатите за оваа група (Табела 9) се во согласност со оние забележани претходно. Кога дозволеното време за дијагноза е зголемено, од деца над 3 години на деца над 5 години, малку повисок процент на веројатност (OR- odds ratio) е установен за сите четири здравствени состојби: развојни задоцнувања (OR = 2.36, 95% CI 1.29–4.31), астма (OR = 4.93, 95% CI 1.75–13.9), инфекции на ушите (OR = 2.49, 95% CI 1.65–3.76) и гастроинтестинални нарушувања (OR = 2.48, 95% CI 1.02–6.02).


Табела 9. Вакцинирани наспроти невакцинирани (во текот на првата година од животот), стратифицирана врз основа на медицинска пракса, пол и година на раѓање (дете ⩾ 5 години).

Дел од дискусијата:

Во рамките на оваа студија, бројот на примени вакцини и статусот на вакцинирање рано во животот, се испитува поврзаноста со различни акутни и хронични состојби. Најсилните асоцијации забележани во однос на вакциналниот статус биле за астма, развојни застои и инфекции на ушите.

Иако некои студии не беа во можност да најдат корелации помеѓу вакцините и астмата, пријавена е врска помеѓу вакцинацијата и инциденцата на алергија / атопија (вклучително и астма), значително повисока инциденца на астма е забележана кај деца кои, всушност, сероконвертираат да произведат анти-ХепБ. Покрај тоа, Хурвиц и Моргеннстерн пријавиле асоцијација помеѓу дифтерија-тетанус-пертусис (ДТП) и тетанус токсоидна вакцинација и симптоми на алергија и не може да се исклучи врска со астма. Во студија со животни, глувците вакцинирани според кинескиот распоред за вакцинирање на новороденчиња покажаа хиперреспонзивност на дишните патишта со значително поголема стапка од невакцинираните глувци, а во заклучокот велат дека кинескиот распоред за вакцинирање може да има врска со зголемувањето на преваленцата на астма и алергија.

Комитетот за ревизија на безбедноста на имунизацијата – IOM спроведе проценка во врска со вакцините што содржат тимеросал и заклучи дека „хипотезата дека изложеноста на вакцини што содржат тимеросал може да биде поврзана со невро-развојни нарушувања“ и е биолошки разумна. Mawson et al.откриле врска помеѓу статусот на вакцинација и нарушувања во учењето и невро-развојни нарушувања. Delong, исто така, објави значителен однос со невро-развојни нарушувања (аутизам и доцнење на говор и јазик) при изтражување со бројот на вакцини кај деца во САД. Други истражувања, фокусирани повеќе на специфични вакцини, ги разјаснија ваквите односи. Галагер и Гудман забележале зголемен број момчиња кои примале специјални услуги за образование, доколку ја примиле целата серија за вакцини против хепатитис Б според редовен календар.

Mawson et al., пријавиле значителна врска помеѓу статусот на вакцинација и инфекции на ушите. Вилсон и сор. откриле дека и за машки и за женски, главни причини за посети во Итна помош и / или приеми во болница по нивните 12-месечни вакцинации, вклучуваат инфекции на ушите и неинфективни гастроентеритис или колитис. Пред вакцината за ротавирус РотаТек, да биде лиценцирана за употреба од FDA, 71 725 доенчиња беа проценети во три клинички испитувања контролирани со плацебо. Отитис медиа (инфекција на средното уво) се појави при статистички повисока инциденца, во рок од 6 недели од која било доза кај примателите на RotaTeq, споредено со примателите на плацебо.

Glanz et al. објавија дека нецелосно вакцинирани деца покажале значително пониски стапки на лекарски посети (сооднос на ризик на инциденца = 0,89, 95% CI 0,89–0,90) во рамките на една голема ретроспективно усогласена кохортна студија, која вклучува податоци од Vaccine Safety Datalink на ЦКБ.

Покрај регистрираните реакции од вакцините, неодамнешни студии покажаа дека некои вакцини имаат неспецифични ефекти што ја зголемуваат или намалуваат подложноста на заразни заболувања што не се таргетирани од вакцината. Најновата администрација на вакцини има најголем ефект. Живите вакцини, како што се МРП и БСЖ, имаат тенденција да го намалат ризикот (обезбедуваат заштитно влијание), додека неживите вакцини, како што се хепатитис Б, ДТП и инактивирана детска парализа (IPV), имаат тенденција да зголемат ризикот. На пример, Барденхајер и др. откриле помал ризик од хоспитализирање на не-таргетирани инфективни заболувања кај деца, чија последна примена вакцина била жива во споредба со инактивирана вакцина (сооднос на опасност (HR) = 0,50, 95% CI 0,43–0,57).

Од заклучокот:

Во оваа студија, врз основа на погоден примерок на деца родени во една од трите посебни педијатриски клиники, повисоки OR-и беа забележани во рамките на вакцинираната наспроти невакцинирана група за развојни застои, астма и инфекции на ушите. Не беше пронајдена асоцијација за гастроинтестинални нарушувања во примарната анализа, но е откриен значителен однос во третиот и четвртиот квартал (каде се администрираа повеќе дози на вакцини). При пресекот на 6 месеци во временската анализа и кога е дозволено поголемо време за дијагноза, анализата беше проширена од деца ⩾ 3 години на деца ⩾ 5 години. Слични резултати се забележани во претходните студии на Мосон и сор. и Делонг. Дополнителни истражувања кои користат поголем примерок од најразлични медицински ординации на педијатри, ќе дадат поголема сигурност во резултатите и ќе овозможат испитување на здравствени состојби со помала застапеност, како што е аутизамот. Темелната проценка на вакцинираните наспроти невакцинирани популации е од суштинско значење за разбирање на целосниот спектар на здравствени ефекти поврзани со специфични вакцини и распоредот на детските вакцини во целост.


Студијата на авторите д-р Брајан Хукер и Нил Милер е уникатна по тоа што сите дијагнози се верифицирани со употреба на издвоени медицински досиеја, од секој од учесниците во педијатриските клиники. Водечкиот автор на студијата, д-р Хукер, рече: „Резултатите дефинитивно укажуваат на подобри здравствени исходи кај деца кои не примиле вакцини во текот на првата година од животот. Овие наоди се во согласност со други истражувања кои ја идентификуваа вакцинација како ризик фактор за различни неповолни здравствени исходи. Ваквите откритија заслужуваат дополнителна голема студија за вакцинирани и невакцинирани деца со цел да се обезбеди оптимално здравје, како и заштита од заразни болести”.

Студијата може да ја видите овде.