Дали Знаете Што Содржи Вакцината?

Како и кај сите фармацевтски производи, важно е да знаете што точно земате или инјектирате. Вакцините не се исклучок.
Всушност, бидејќи вакцините се инјектираат наместо да се земаат орално, уште поважно е точно да се знае што внесувате во вашето тело. Зошто? Бидејќи науката покажува дека она што е инјектирано е далеку попотентно од нешто проголтано. Инјекциите, како вакцините, го заобиколуваат  природниот пат на детоксификација на  телото.


Ова значи дека значителен дел  од инјектираниот материјал во вакцините останува во телото и преку крвотокот  ги достигнува виталните органи и ткива. Ова предизвикува акутно и хронично воспаление што води до многу здравствени проблеми кои се вообичаени денес. Може дури и да доведе до ненадејна смрт.

За жал, состојките на вакцината вклучуваат многу синтетички хемикалии за кои се знае дека се токсични за луѓето, како човечки ДНК фрагменти (од абортирани бебиња), животински клетки и животинска ДНК. Овие состојки може да предизвикаат бројни проблеми, особено кога се инјектират директно во крвотокот.


Вакцините содржат алуминиум, жива, формалдехид, антибиотици, човечки фетални клетки, ГМО, животински протеини и ДНК, глифосат и други супстанции кои се потенцијално опасни кога се инјектираат.

Вакцините се инјектираат во мускулното ткиво, каде што  формираат резервоар со бавно ослободување, наменет за некое време да го стимулира производството на антитела. Состојките не се едноставно исфрлаат како што би можеле – кога би биле  земени како храна, а некои состојки како што се алуминиумот и живата се пробиваат до мозокот и се акумулираат со текот на времето.  



АЛУМИНИУМ

Познато е дека предизвикува оштетувања на мозокот, поврзани со Алцхајмеровата болест, деменција, конвулзии, автоимуни проблеми, SIDS (Синдром на ненадејна смрт кај новороденчиња) и рак. Овој токсин се акумулира во мозокот и со секоја наредна доза предизвикува се поголеми оштетувања.

ЧОВЕЧКИ И ЖИВОТИНСКИ КЛЕТКИ

Човечка ДНК, од абортирани фетуси. Крв од свиња и коњ. Клетки од зајачки мозок, бубрег од куче, кравјо срце, бубрези од мајмун, од ембриони на пиле, крвен серум од теле, овци итн.

Директното вбризгување  на туѓа ДНК, е докажано дека доведува до низа проблеми меѓу кои детска леукемија и дијабет.

ГЕНЕТСКИ МОДИФИЦИРАНИ КВАСНИ ГАБИ

Се повеќе и повеќе луѓе сфаќаат дека генетски модифицираните организми (ГМО) можат да предизвикаат штета на целокупното здравје. Но, колку што луѓето се трудат да избегнат ГМ храна и адитиви во истата, исто толку не се свесни дека ГМ вакцините се веќе во употреба и се администрирани на бебињата, децата и возрасните, многу години наназад. Една од вакцините кои содржат генетски модифицирани квасни габи е вакцината против хепатит Б, која се дава во првите 24 часа од раѓањето. Кај нас како и во Америка се користи Engerix-B. Таа е инактивирана рекомбинантна ДНК вакцина, која е лиценцирана за новороденчиња и деца во 1991 година, во која дел од генот на вирусот на хепатитис Б се клонира во квасец. Всушност, генетски модифицираниот квасец е наведен како состојка во вакцината против хепатит Б на листата на состојки достапни на веб-страницата на CDC. Дали внесувањето на генетски модифицирани организми директно во крвотокот , на првиот ден од раѓањето е безбедно? Што вели науката?

2-ФЕНОКСИЕТАНОЛ

Се користи како антифриз. Токсичен за сите клетки и способен за уништување на имунолошкиот систем.

ПОЛИСОРБАТ 80

ПОЛИСОРБАТ 20

Познато е дека предизвикувaат рак кај животните и се поврзани со бројни автоимуни проблеми како и  неплодност.

ФОРМАЛДЕХИД (ФОРМАЛИН)



Познато е дека предизвикува рак кај луѓето.

БЕНЗОТОНИУМ ХЛОРИД

BC е антимикробно средство кое се користи како конзерванс во некои вакцини. Досега нема направено тестирање кај луѓето за да се најдат информации во врска  со тоа што се случува кога се инјектира BC во крвотокот. Она што е документирано за BC е тоа што е токсичен при вдишување или проголтување и исто така е опасен за човечката кожа. Врз основа на тестирање на животни, докажано е дека може да предизвика мутации во генетските кодови  и исто така може да биде канцероген (да предизвика рак).

Познати несакани ефекти од внесувањето на BC се: напади, кома, респираторни нарушувања, како и на ЦНС, конвулзии, проблеми кај уринарниот систем.

БЕТА-ПРОПИОЛАКТИН

Според Википедија, бета-пропиолактонот е направен индустриски со реакцијата на формалдехид и кетин. Бета-пропиолактонот е одличен стерилизирачки и спорициден агенс, но неговата канцерогеност ја исклучува таа употреба. Бета – пропиолактонот е „разумно очекуван да биде канцероген за човекот” , според Меѓународна агенција за истражување на рак IARC. Тој е еден од 13-те канцерогени материи што се регулирани со Управата за безбедност и заштита при работа – OSHA и покрај тоа што за него нема утврдено дозволена граница на изложеност.

Класифициран како потенцијален човечки карциноген и на Директивата за безбедност и заштита при работа
(Occupational Safety and Health Guideline) , најдена на веб-страницата на CDC. Резиме на токсикологија – ефекти врз животни.

„Кај стаорци, акутна орална администрација или интраперитонеална инјекција на бета-пропиолактон предизвика мускулни грчеви, респираторни потешкотии, конвулзии и смрт. Акутна интравенска инјекција предизвика бубрежна тубула и оштетување на црниот дроб. Поткожно инјектирање на BC, кај стаорци предизвикува тумори на местото на убодот“.

ГЛУТАРАЛДЕХИД

Глутаралдехидот е органско соединение кое се користи за дезинфекција на медицинска и стоматолошка опрема. Во вакцините, се користи како хемиски конзерванс. Постојат повеќе студии во кои е констатирано дека изложувањето на глутаралдехид може да предизвика: астма, алергиски реакции (до 10% од луѓето можат да бидат алергични на глутарилдехид), индуцирани респираторни проблеми, дијареа.

Отровен е ако се проголта. Предизвикува фетални дефекти кај животински модел.

ФЕНОЛ (КАРБОЛИЧНА КИСЕЛИНА)

Фенолот е познат мутаген, (што значи дека предизвикува мутирање на клетките), тератоген (што значи предизвикување фетални дефекти), и фетотоксичен (или токсичен за фетусот).

Според спецификацијата за безбедост (MSDS) за фенол – „Специјални забелешки за хронични ефекти врз луѓето и животните: Поминува низ плацентарната бариера. Може да предизвика негативни репродуктивни ефекти и вродени дефекти (тератогени). Може да влијае на генетскиот материјал (мутагени). Супстанцијата може да биде токсична за бубрезите, за црниот дроб, централниот нервен систем (ЦНС) и е ембриотоксична и / или фетотоксична кај животните.Повторената или продолжената изложеност на супстанцијата може да предизвика оштетување на внатрешните органи“.

Покрај тоа, според EPA цитиран во CDC документ: „Фенолот исто така се смета за исклучително опасна супстанција (EPA 2006i)“. Означен како токсичен загадувач во согласност со Дел 307 (a)(1) на федералниот Закон за загадување на водите.

Во MSDS се наведува дека фенолот „е некомпатибилен“ со формалдехидот, како и со тешки метали и легури. За потсетување, во одредини вакцини покрај формалдехидот, се присутни и алуминиумот, живата… Можните вкрстени реакции и интеракции на различните компоненти на вакцините содржани во вакцините кои се даваат заедно никогаш не се проучени!

НОНИЛФЕНОЛ ЕТОКСИЛАТ (NPE)

Според веб-страницата на EPA, NPE се нејонски сурфактанти кои се користат во индустријата и производите за широка потрошувачка. Составен дел се од детергентите и средствата за чистење, преку којашто употреба доаѓа до директно загадување на животната средина. NPE се разградува на нонилфенол, кој е потоксичнен и поперзистентен за водните организми и животната средина воопшто.
Докажано е дека покажува естрогенски својства кај in vitro и in vivo тестови. Нонилфенолот е исто така невротоксичен.

ОКТОКСИНОЛ-10 (ТРИТОН Х-100)

Тесно поврзан со нонилфенол етоксилат. OPEs дејствува како детергент и се користат во средствата за чистење. Исто така се додаваат во бои, премази, третмани за текстил и хемикалии кои се користат во производството на хартија. Според Википедија, Тритон Х-100 е широко употребуван за лизирање на клетките за екстракција на протеини или органели или за зголемување на мембранската пропустливост кај живи клетки.

НЕОМИЦИН СУЛФАТ

Истото семејство на антибиотици како што се гентамицин сулфат и канамицин, наречени аминогликозиди. Според натписот за предупредување – „Аминогликозидите можат да предизвикаат оштетување на плодот кога се даваат кај бремени жени. Аминогликозидните антибиотици ја преминуваат плацентата и имало неколку извештаи за вкупна, неповратна, билатерална вродена глувост кај децата чии мајки примале стрептомицин за време на бременоста“.

Интерферира со апсорпцијата на витаминот Б6, што може да доведе до епилепсија и оштетување на мозокот. Алергиските реакции може да се движат од благи до живото – загрозувачки.

ГЕНТАМИЦИН СУЛФАТ

Контраиндицирани за бремени жени и доилки.

КАНАМИЦИН

Контраиндицирани за бремени жени и доилки.

ПОЛИМИКСИН Б

Антибиотик. Упатството вели дека може да предизвика проблеми со бубрезите, нервите и дијареа. Исто така се наведува дека овој антибиотик не треба да се зема во комбинација со други антибиотици – аминогликозиди како гентамицин, неомицини и др., а видовме дека и тие се присутни во вакцините.

МОНОНАТРИУМ ГЛУТАМАТ (MSG)

Мононатриев глутамат (MSG) е сол, која е хемиски претворена во подобрувач на вкус. MSG е екситотоксин во мозокот, што значи дека го стимулира мозокот предизвикувајќи производство на прекумерни количини на допамин. Бидејќи MSG го оштетува мозокот и ја менува способноста на мозокот да реагира на сигналот од хормонот лептин, ја уништува мозочната обвивка на стаорец како што тоа го прави во мозокот на една личност.

MSG, исто така, доведува до воспаление на црниот дроб и дисплазија.

Хроничното воспаление е честа појава во текот на многу болести, вклучувајќи и автоимуни болести. Во една студија објавена во изданието на Journal of Autoimmunity од февруари 2008 година, истражувачите објавија дека инјектирањето на MSG кај глувците доведува до значително воспаление на црниот дроб, заедно со дебелината и дијабетесот тип 2. За да се адресираат долготрајните последици од MSG на воспаление, тие извршиле сериска анализа на глувци инјектирани со MSG и се фокусирале особено на патологијата на црниот дроб.

Тие откриле дека на возраст од 6 и 12 месеци сите глувци третирани со MSG развиле воспаление на црниот дроб и структурни промени. Во некои случаи биле откриени лезии.

Повеќе студии за мононатриум глутаматот.

СКВАЛЕН

Скваленot е адјуванс базиран на нафта кој се користи во одредени вакцини.

Скваленот се наоѓа во човечкото тело и се произведува во црниот дроб. Тоj е претходник на холестеролот, а преку тоа и на половите хормони. Забележано е дека има бројни здравствени придобивки слични на омега-3 масни киселини. Исто како и со други масти, овие суштински масти ги сочинуваат клеточните мембрани на ткивото на нашето тело. Најбогатиот извор на сквален е во масло од црн дроб на ајкула. Вегетаријански извори вклучуваат масла од маслинки, амарант, палми, пченични никулци и оризни трици. Се користи во многу козметички препарати, како скапоцена состојка за здрава кожа.

Скваленот, сам по себе не е опасен, но кога се инјектира, имунолошкиот систем на организмот премногу реагира (поради што и го ставаат во вакцината) и произведува антитела кои ги напаѓаат сите други сквалени во телото, вклучително и на места каде што може да биде корисен за нервениот систем и други органи и ткива, во чијшто состав е присутен.

Во студија од 2000-та година, објавена во Американскиот весник на патологија, насловена како „Ендогениот адјувантен сквален, може да предизвика хроничен артритис со посредство на т-клетките кај стаорци“, дошле до заклучок дека инјектирањето на скваленот кај стаорци – предизвикува ревматоиден артритис.

Сличен проблем бил идентификувани во оваа студија од 1999-та година, објавена во Скандинавскиот весник за имунологија, со наслов „Идентификација на артритогени додатоци од сопствено и туѓо потекло“.

Треба да се запрашаме зошто се продолжило да се користи во изминатите 20 години, откако се утврдила способноста на инјектираниот сквален да предизвика воспалителни и автоимуни реакции во телото? Исто така, се поставува прашањето, каде на друго место во телото може ова соединение кога се инјектира, да предизвика други автоимуни болести кај лица кои може да бидат генетски подложни на таа одредена болест? Само затоа што имате генетска предиспозиција за нешто, тоа не значи дека сте осудени на пропаст. Ова е концепт на епигенететика, што ќе го истражуваме подоцна.

АЦЕТОН

Ацетонот е растворувач. На MSDS (Material Safety Data Sheet) се содржат следните предупредувања: „Предизвикува оштетување на следниве органи: централниот нервен систем (ЦНС) кое се карактеризира со депресија, замор, возбуда, кома, главоболка, променето време на спиење, атаксија, треперење, потоа на бубрезите, репродуктивниот систем, црниот дроб, кожата“.

НАТРИУМ БОРАТ (БОРАКС)

Бораксот е присутен во неколку вакцини, меѓу кои и вакцините за ХПВ вирусите – Gardasil и Gardasil 9.

Натриум Боратот е честа состојка во отровот за стаорци, пестицидите и има разни комерцијални апликации како што се емајлираните глазури и детергентот за перење. FDA го забранилa натриум боратот за употреба како конзерванс за храна во САД.

Бораксот има антифунгални својства, што значи дека неговата веројатна причина за вакцината е да делува како конзерванс.
Третманот за изложување и ингестија на боракс, обично вклучува чистење на желудникот, дијализа и внесување на течност орално или преку инфузија. Сето ова само ги потврдува токсичните својства на бораксот. Интересно е дека, многу од симптомите на голтање на боракс се слични на негативните ефекти поврзани со вакцината против ХПВ – гардасил: колапс, несвестица / губење на свеста, конвулзии / напади, гадење, треска, иритации на кожата, вртоглавица и општа слабост.


Истражувачите, сепак, сè уште не знаат дали присуството на борна киселина во Gardasil е одговорно за овие симптоми.
Некои критичари во прилог на вакцината Gardasil, тврдат дека малата количина на соли на борна киселина кои се содржани во неа, се совршено безбедни, но тие тврдења не се вкоренети со темелно клиничко тестирање. Поради загриженоста за репродуктивната и развојната токсичност, бораксот беше додаден во листата на кандидати на Европската Унија со многу висок степен на загриженост (Substance of Very High Concern- SVHC) во декември 2010 година. Листата на кандидати за SVHC е дел од регулативите на ЕУ за Регистрација, евалуација, овластување и ограничување на хемикалиите (од 2006-та година), а додавањето се базираше на ревидираната класификација на бораксот како токсичен за репродукција категорија 1Б, според Правилата за класификација, означување и пакување. Сега супстанциите и мешавините увезени во ЕУ кои содржат боракс треба да се етикетираат со предупредувањата „Може да ја оштети плодноста“ и „Може да го оштети нероденото дете“. Имајќи ја во предвид токсичноста на бораксот, Вие донесете заклучок која количина е безбедна да се инјектира директно во крвотокот на Вашето дете.

ЖИВА

Соединение на метил-жива кое предизвикува сериозно, трајно оштетување на нервниот систем. Живата е многу токсична за мозокот. Никогаш не треба да ја допирате, да ја голтате или да инјектирате жива во било која доза. Нема безбедна доза на жива! Лекарите вршат притисок  и велат дека не постои жива во вакцините. Но, дури и CDC лесно признава дека вакцината сеуште содржи жива (тимеросал).

Покрај тоа, од Националната програма за токсикологија (National Toxicology Programs) признаваат во своите документи дека:

• Вакцинациите “… може да предизвикаат мали, но мерливи зголемувања на нивоата на жива во крвта”.

• “Проценето е дека тимеросалот ги преминува крвно-мозочната и плацентарната бариера”.

• “… опасноста од тимеросал вклучува невротоксичност и нефротоксичност”. (Ова значи токсичност на мозокот и бубрезите.)

• “… сличните токсиколошки профили меѓу етил-живата и метил живата ја зголемуваат можноста дека невротоксичноста може да се појави и кај ниски дози на тимеросал”.

• “… не постојат упатства за безбедно изложување на етил-живата, метаболитот на тимеросалот”.

• “… проценката утврди дека употребата на тимеросал како конзерванс во вакцините, може да резултира со внесување на количина на жива во текот на првите шест месеци од животот,што ги надмина препорачаните упатства од Агенцијата за заштита на животната средина (EPA) …”

• … “Во САД, тимеросалот сеуште е присутен како конзерванс кај некои вакцини дадени на мали деца, како и одредени биолошки производи кои се препорачуваат за време на бременоста.Тимеросалот останува конзерванс кај некои вакцини администрирани кај адолесцентите и возрасните.Покрај тоа, тимеросал продолжува да се користи на меѓународно ниво како конзерванс за вакцини “.

Патем, овој извештај, исто така, открива дека FDA бара конзерванси како тимеросал само во т.н. „мултидозни“ вакцини – вијали кои содржат повеќе од една доза од вакцината. Компаниите за лекови може, ако сакаат, да произведат „чисти“ единечни дози вакцини без никаква жива / тимеросал. Но, тие не го прават ова затоа што е попрофитабилно да произведуваат мултидозни вакцини кои содржат жива. Како што се вели во извештајот, „не се потребни конзерванси за производи формулирани во единечни дози. Повеќекратни вијали се преферирани од страна на некои лекари и здравствени клиники, бидејќи тие често се помалку скапи по дози од вакцината и бараат помалку простор за складирање.“
Затоа причината зошто вашето дете се инјектира со ваква вакцина, се сведува на ординациите за здравствена заштита – што прават повеќе пари и штедат на простор!

Сѐ што  треба да направите е да ја посетите оваа веб-страница на CDC за додатоците во вакцините, каде отворено признаваат дека овие хемикалии се користат во вакцините во моментов.

Но, што вели науката за ефектот на вбризганиот тимеросал врз човекот?