ЦКБ призна дека никогаш не спровел студија на вакцинирани наспроти невакцинирани деца

На 29 јули 2020 година, по неколку месеци лажни тврдења и приговори, ЦКБ конечно призна дека не може да најде ниту една студија во која се споредуваат здравствените исходи помеѓу вакцинирани и невакцинирани деца и дека „не спровела студија за здравствените исходи кај вакцинирано наспроти невакцинирано население“.


Родителите, докторите и научниците со децении бараат ЦКБ да ги спореди здравствените исходи помеѓу вакцинирани и невакцинирани деца. Ова барање се должи делумно поради зголемувањето на бројот на вакцини за детски болести во календарот на ЦКБ. Во последните 30 години, во САД, бројот од 8 инјекции со вакцини стигна до 50 инјекции, плус 2 вакцини за време на бременост. Но, истовремено со зголемувањето на бројот на вакцини се случи и зголемување на стапките на автоимуни, развојни и невролошки нарушувања кај децата и тоа од 12,8% до 54%.

Побарувачката за оваа студија стана толку голема што дури и Институтот за медицина (Institute of Medicine – IOM), во 2013 година, издаде извештај во кој се вели дека ЦКБ може и треба да ја спроведе оваа студија. Објаснувајќи дека „можно е да се направи оваа споредба (помеѓу вакцинирани и невакцинирани деца) преку анализи на информации за пациентите содржани во големите бази на податоци како што е VSD -Vaccine Safety Datalink”. Неверојатно, ЦКБ тогаш потроши стотици илјади долари народни пари за научник како што е д-р Стенли Плоткин, да напише упатство – „Бела хартија“, објавена во 2015 година, за тоа како да се спроведе оваа едноставна студија.

За да откријат дали е направена оваа студија препорачана од IOM пред 7 години, правниот тим на ICAN, предводен од Арон Сири, поднесе FOIA Барање до CDC, на 26 јуни 2020 година.


ICAN – Informed Consent Network е непрофитна организација основана од продуцентот Дел Бигтри, која се залага за правото на информирана согласност при вакцинација, едукација за безбедноста на вакцините и презентација на наука базирана на докази.


Со Барањето за информации од јавен карактер се побарани: „Сите документи што се во сопственост на ЦКБ и кои ги споредуваат здравствените исходи на деца кои примиле вакцини, со деца кои никогаш не примиле вакцини“.

Истиот ден ЦКБ им прати писмо, одговор во кое се вели дека го ставиле ова барање во „сложен процес за обработка“, затоа што канцеларијата на ЦКБ што го обработува, „очекува да добие и да прегледува обемни записи како одговор на барањето“.

ЦКБ потоа прати на ICAN уште едно писмо, на 6 јули 2020 година, овој пат приговарајќи на Барањето како „опширно“ и „нејасно“, затоа што „му недостасува специфичност потребна за да ѝ помогне на агенцијата да ги достави информациите со разумен напор“ и повторно укажувајќи дека има толку многу студии што не може да ги обработи сите.

Правниот тим на ICAN, земајќи го во предвид приговорот на ЦКБ, одговори – тогаш агенцијата „да ги обезбеди само првите дваесет студии кои ЦКБ може да ги идентификува и што одговараат на барањето“.

Неверојатно, ЦКБ одговори на 9 јули 2020 година со уште еден приговор во кој се наведува: „Вашето барање за ‚…првите дваесет…‘ не е доволно квантифицирано за да ѝ се овозможи на агенцијата да спроведе разумно и соодветно пребарување“.

На 13 јули 2020 година, адвокатите повторно одговорија на ЦКБ: „Да разјасниме, бараме рецензирани студии со количина до 20 студии. …сега го ограничивме барањето до најмногу 20 написи објавени во рецензирани списанија, кои се во сопственост на ЦКБ и во кои се споредуваат здравствените исходи на децата кои примале вакцини, со деца кои никогаш не примиле вакцини“. Барањето беше повторно пратено со поинаква формулација, за да се уверат дека ЦКБ нема да има можност за манипулации, односно да мораат конкретно да одговорат.

ЦКБ знаејќи дека правниот тим на ICAN повторно ќе ги тужи, како и претходно доколку одбијат повторно да дадат одговор, на 3ти август 2020 година го пратија одговорот:

„Пребарувањето на нашите записи не успеа да открие какви било документи што се однесуваат на вашето барање. ЦКБ нема спроведено студија за здравствените исходи кај вакцинирани и невакцинирани популации“.

Црно на бело, отворено признание дека никогаш не спровеле ваква едноставна студија за која веќе имаат доволно податоци.

Или можеби ЦКБ спровеле, но не ја објавиле студијата затоа што не ги дала резултатите што ги посакуваа. Во секој случај, следниот пат кога некој ќе ви каже дека е „мит“ или „измама“ да се тврди дека ЦКБ никогаш не спровелe студија вакцинирани наспроти невакцинирани, можете да им го покажете овој одговор на ЦКБ.

Извор

Please follow and like us:
error