Зошто mRNА вакцините предизвикуваат несакани реакции особено по втората доза

Како што беше очекувано и предупредувано од многу експерти, сведоци сме на многу несакани реакции од почетокот на вакцинацијата против КОВИД-19. Секако станува збор за оние реакции кои се пријавени по релативно краток период по вакцинацијата, долгорочните последици допрва ќе се утврдуваат. Несаканите реакции од овие вакцини се должат на технологијата на изработка, составот и начинот на делување на mRNA вакцините. Специфичен имунолошки феномен кој се јавува е и патогениот прајминг за кој можете да прочитате овде.


Липидните наночестички (LNPs) се составен дел од технологијата за производство на mRNA вакцини. Тие се користат за доставување на mRNA вакцината во вашите клетки. Но, дали тие се имунолошки инертни?

Липидите не треба да се инјектираат. Кога се инјектираат, тие предизвикуваат воспаление. Имунолошкиот систем ги регистрира „туѓите“ липиди како сигнал за „опасност“, бидејќи тие укажуваат на присуство на (или имитираат) патогени напаѓачи, како што се бактериите. Само една бактериска компонента може да го активира имунолошкиот систем преку рецептори поврзани со патогена молекуларна шема (pathogen-associated molecular pattern – PAMP), дури и кога вистинската инфекција не е присутна. Како одговор на сигналите за „опасност“, имунолошкиот систем започнува да произведува проинфламаторни цитокини, што доведува до болки во телото, треска, слабост и сл. И ако производството на овие цитокини е прекумерно или не е ублажено од антиинфламаторни заштитни мерки – „цитокинска бура“ (формално познат како Синдром на ослободување на цитокини, Cytokine Release Syndrome- CRS) може да резлутира со неподносливи, па дури и смртоносни исходи.

Во 40-тите години на минатиот век, имунологот Џулс Фројнд откри дека минералното масло може да се користи како адјуванс („помошник“) за активирање на имунолошкиот систем. Фројндовите адјуванти на база на масло никогаш не добиле дозвола за употреба кај човекот поради нивните тешки воспалителни несакани ефекти. Дури и при истражување на животни, употребата на овие адјуванти е строго регулирана со етички упатства заради болните реакции што ги создаваат.

Кои видови липиди потенцијално можат да завршат во mRNA вакцините?

Во прилог на липидни наночестички кои се користат за mRNA капсулацијата, овие вакцини може да бидат дополнително контаминирани со бактериски липиди. Ова е затоа што првиот чекор во процесот на производство на mRNA вакцините е одгледување на плазмиден ДНК образец во клетките на E. coli, од кои mRNA потоа се транскрибира синтетички. E. coli се грам-негативни бактерии кои содржат ендотоксин наречен липополисахарид (LPS), што е моќна воспалителна супстанца и доведува до активирање на имуниот систем.

Додека за лековите се бара ригорозно тестирање за контаминација на пирогени (предизвикувачи на треска) супстанции, ваквите тестови не се потребни за биолошки производи, вклучително и вакцини, според Кодексот на федерални регулативи CFR 610.13. Количината на LPS контаминација во mRNA вакцините е непозната и може да варира од серија до серија. И покрај високата стапка на воспалителни несакани ефекти забележани кај примателите на mRNA вакцини, регулаторни здравствени власти замижаа на содржината на липиди во формулациите на mRNA вакцините.

Кои се системските несакани ефекти забележани кај примателите на mRNA вакцини?

Системските реакции кои биле документирани во испитувањата кај примателите на Фајзер вакцината се со многу високи стапки и вклучуваат: треска, замор, главоболки, болка во мускулите или зглобовите, па дури и повраќање. Фреквенцијата и сериозноста на овие реакции се зголемуваат алармантно по втората доза на вакцина, достигнувајќи во некои случаи над 50% (Табела 17, стр. 35-36).

Една од учесниците во испитувањето за вакцината ја опиша разликата во тоа како се чувствува по првата наспроти втората доза. Таа објави официјален извештај за своето искуство во Журналот на Американската медицинска асоцијација (ЈАМА). Рекациите по првата доза, беа значително помали за разлика од втората доза кога имала многу висока темпратура од 40,4 ° С, гадење, вртоглавица и сл.. Од страна на докторите ѝ било соопштено дека многу од вакцинираните го доживеале истото по втората доза. Целото искуство прочитајте го овде.

Зошто ескалација на симптомите се случува по втората доза?

Вродената имунолошка меморија има улога овде. Имунолошката меморија значи зголемена реакција на второто изложување. Долго време се сметаше дека имунолошката меморија се јавува само во рамките на адаптивниот имунитет, но ова гледиште неодамна се промени. Авторите на прегледотНаночестички и вроден имунитет од 2017 година, го споменуваат следното во делот 3.3 Наночестички и модулација на вродена имунолошка меморија: „Способноста на вродениот имунолошки систем да развие имунолошка меморија е неодамнешно повторно откривање во имунологијата, концепт што оди против догмата дека само адаптивниот имунитет може да развие меморија“. Додека адаптивниот имунолошки систем реагира на антигени и произведува антиген-специфични антитела, вродениот имунолошки систем се активира од воспалителни супстанции и произведува цитокини. Како резултат на вродена имунолошка меморија, второто изложување на воспалителна супстанција ќе резултира во несакана ескалација со производството на цитокини и ќе доведе до поголема фреквенција и сериозност на системско воспаление, што е она што би направило да се чувствувате поболни по втората доза.

Тогаш, што добивате откако ќе ги поминете овие тешки несакани ефекти на вакцините, што може да се влошат со секоја наредна доза? Дали сте добиле заштита од КОВИД-19 за цел живот? Најверојатно – НЕ!

Неутрализирачките, за разлика од врзувачките антитела се оние кои ви даваат заштита од вирусот. Виџ и др. (2021) мереа неутрализирачки серумски титри во примателите на mRNA вакцини по првата и втората доза за 119 дена (4 месеци) по вакцинацијата. Титерите се намалија (во некои случаи сè до почетното ниво!) во рок од 4 недели по првата доза, што значеше потребен е засилувач (бустер) во тоа време. По бустер дозата, заштитните титри достигнаа повисоки нивоа од првиот пат, во согласност со адаптивната имунолошка меморија. Но, тогаш и тие почнаа значително да опаѓаат. Од нивниот тренд на опаѓање е јасно дека тие нема да останат во значителна концентрација премногу по 119те дена. Времетраењето на заштитата на вакцините по распоредот од 2 дози е целосно неизвесно во овој момент, бидејќи испитувањата за вакцините траеле неколку месеци.


Widge et al. N Engl J Med 2021; 384:80-82. doi: full/10.1056/NEJMc2032195

Дали сте подготвени да ви кажат дека во иднина ќе бидат потребни повеќе засилувачи? На колку време ќе треба да се вакцинирате повторно и повторно?

Несомнено е дека потребни ни се побезбедни и поодржливи решенија отколку што можат да обезбедат mRNA вакцините, како што е зајакнување на имунолошкиот систем за да го издржат самиот КОВИД-19 и користење на достапните терапевтски лекови кои покажаа високи стапки на успех во закрепнувањето од КОВИД19.

Пред сѐ, со оглед на многуте непознати, неизнуден избор за вакцинирање или не – секогаш треба да се остави на поединците.

Please follow and like us:
error