ССО – Здравје или индоктринација на децата

Статијата за ССО можете да ја преземете тука

„Сеопфатното сексуално образование е само мудро маскирана едукација за правата на абортус и сексуалното задоволство, која се провлекува под маската на човековите права, сексуалното, родовото и репродуктивно здравствено образование“.

„Програмите за Сеопфатното Сексуално Образование се маскирани под многу имиња и може да бидат наречени: сеопфатно сексуално образование, сеопфатно секс образование или сеопфатно образование за сексуалност, образование за човековата сексуалност, образование за репродуктивно здравје, информации за сексуалното и репродуктивното здравје, образование за семеен живот, превенција на тинејџерска бременост, превенција на силување, програми против силеџиство, превенција на ХИВ-СИДА и понекогаш дури и образование за апстиненција или апстиненција плус“.

„Тоа е ментално малтретирање. Ние ги буниме овие деца во врска со она што тие се. Од медицинско гледиште, кога сексуалната слобода е приоритет тогаш сексуалното здравје ќе страда“.


Меѓународен надгледувач на семејствата (International Family Watch): Војната со децата


Исклучителната улога на родителите за воспитувањето и образувањето на нивните деца е императив за правилен развој на децата, од секогаш. Љубовта и инстинктот на родителите вродени од самата природа се незаменливиот импулс за развој на човекот како живо суштество. И не само човекот, таа дарба мајката – природа ја доделила и на секое животно. Целта е да се опстане и да се опстои. Преку негување на различни култури и знаења, пренесувани од генерација на генерација, самиот процес на природна селекција, денес, нè довел таму каде што сме.


Овие интуитивно вградени знаења, запишани се и во бројни меѓународни документи кои имаат за цел да ги заштитат правата на родителите и децата и да осигураат дека никој не смее да се вмешува во она што народски би се рекло „родителот знае што е најдобро за своето дете“.

Така, согласно член 26 став (3) од Универзалната декларација за човекови права: „Родителите имаат првенствено право да го изберат видот на образованието што ќе им биде дадено на нивните деца“. Согласно член 18 став (4) од Меѓународен пакт за граѓански и политички права: „Државите договорнички на овој Пакт се обврзуваат на почитување на слободата на родителите и во случај на потреба на законските старатели, да обезбедат верско и морално воспитување на своите деца согласно своите сопствени убедувања“. А, верските и моралните убедувања на човекот во нашата држава се заштитени со Уставот. Согласно член 11 од Уставот „моралниот интегритет на човекот е неприкосновен“. Согласно член 16 од Уставот „се гарантира слободата на уверувањето, совеста, мислата и јавното изразување на мислата“


Премногу силни зборови, запишани во формално-правни документи веќе долго време, кои нам луѓето треба да ни дадат сигурност дека можеме да живееме и твориме и да ги одгледуваме, воспитуваме и образуваме нашите деца согласно нашите убедувања за најдобриот интерес на нашите деца и воопшто опстанокот на човекот.


Нов Концепт за основно образование објавен од МОН

Деновиве актуелна е новата Концепција за основно образование, објавена на веб страницата на Министерството за образование и наука. Меѓу другото, оваа концепција го вклучува и задолжителното воведување на т.н. „родово сензитивно образование“. Согласно оваа концепција:

„Содржините кои ја промовираат родовата рамноправност сугерираат дека полот/родот не смее да биде основа за различно вреднување и моќ, истовремено придонесувајќи кон тоа да се разберат негативните последици од крутото придржување кон родовите норми, очекувања и улоги. Ваквите содржини се застапени во наставните програми на сите предмети каде што тоа е можно, а во учебниците и наставните материјали за овие предмети, овие пораки, освен што се пренесуваат преку самите текстови, се поддржуваат и преку визуелниот материјал и преку различните вежби наменети за критичко преобмислување на поимите“.

Согласно Концепцијата, мотивацијата за „родово сензитивно образование“ е дека:

„Уште од најрана возраст, а особено изразено во пубертетот и адолесценцијата, момчињата и девојчињата се изложени на различни притисоци за родово специфична социјализација, која генерира родова нееднаквост, а преку неа и долгорочни последици по здравјето и квалитетот на животот. Последиците од ваквата родова социјализација се особено штетни за девојчињата и за сите деца кои не се конформираат на хетеронормативните родови улоги“.

А која е улогата на образованието според Концепцијата?

„Образованието има клучна улога во создавањето можности за трансформација на штетните родови норми и обрасци на однесување. На тој начин придонесува за намалување на распространетите родови стереотипи и на нив заснованата родова нееднаквост, дискриминација и насилство, а истовремено, им овозможува на децата раст и развој во согласност со нивните автентични склоности и интересирања“.


Иако навидум изгледа недоволно јасно и прецизно, а можеби од одредена преспектива би се причинило и како навистина корисно, имајќи предвид дека родово сензитивното образование како дел од сеопфатното сексуално образование (ССО), не е новина (ниту во нашата земја), намерата и целта на истото веќе јасно имаат испливано на површината од облакот на „контролираната нејаснотија“. ССО, од страна на Обединетите Нации, како концепт за прв пат е воведено уште во 1991 година и е применето во многу држави. Нивните искуства, барем оние што нема да ги видите на официјалните медиуми, сигурно нема да ве воодушеват.

Со ова, на мала врата се најавува она што во светот е општо познато како „сеопфатно сексуално образование (ССО)“ или „comprehensive sexual education (CSE)”. Во светот започнато од неодамна, во Бугарија, Србија и Хрватска неодамна пробале да го воведат – но без успех, а кај нас, еве го, на дневен ред.


Што учат децата како дел од ССО?

Тоа што ќе го слушнете од официјалните медуми за ССО е дека:

– децата ги учи за животните вештини;
– ги извлекува луѓето од сиромаштија;
– промовира родова еднаквост;
– промовира одржлив развој.

Па, дури и дека:

– спречува сексуално преносливи инфекции;
– ќе ја реши кризата со ХИВ/СИДА;
– спречува бременост во тинејџерски години;
– стопира насилство врз жените, итн.

Но, за да биде појасно што вашите деца, меѓу другото, ќе учат во основно училиште после воведување на една ваква Концепција, издвојуваме дел од рубриката „Сè што од секогаш сте сакале да дознаете за сексуалноста, а не сте имале прилика да прашате“ (стр. 345) од „Образовниот пакет за учење теми за сексуалното насилство над децата за основните и средните училишта“ во Србија. Притоа, кога ги читате овие прашања и одговори имајте предвид дека овие содржини се наменети за одделенија во основно и во средно образование.

П: Кога е време за првото сексуално искуство?
О: Времето за прво сексуално искуство не е дефинирано со наведување на бројот на години на девојчето / момчето. Не може да се каже да има 14, 15, 16 или …. години. Подготвеноста за првото сексуално искуство зависи од физичката и емоционална зрелост, така што нема правило кога е најдобро време за овој чекор, бидејќи не постои единствен и точен одговор. Сепак, треба да се каже дека без разлика на индивидуалните различности, се смета за добро дека првиот сексуален однос треба да се оствари со девојче / момче, личност која ја сакате, кој ве сака и во која имате доверба. Често, ова не е доволно за да се направи овој чекор. Во секој случај, треба да ги оцените сите добри и лоши страни, пред да одлучите да го сторите тоа. Важно е да не донесете избрзана одлука. Затоа, добро проценете дали сте подготвени за овој чекор или не. Треба да биде само ваша одлука и да не ги исполнувате очекувањата на животната средина, т.е. на другарите/другарките или луѓето во твојата околина. Исто така, треба да се биде добро информиран и запознаен со сите можни аспекти, дури и последици од сексуална активност.

П: Што е анален секс?
О: Да се биде заљубен, да бидеш сакан и да водиш љубов е прекрасна работа. На кој начин ќе се оствари сексуалниот однос и ќе се доживее задоволство е прашање на желба, потреба и согласност на лицата кои водат љубов. Аналниот секс е еден вид сексуален однос. Не оптеретувајте се со „техника“. Луѓето кои се сакаат ќе истражуваат што сакаат.

П: Дали мастурбацијата е штетна?
О: Не. Мастурбацијата е нормална појава и нема никаква врска со постоење на какво било физичко или ментално растројство или болест. Самозадоволувањето или мастурбацијата е сексуална стимулација, најчесто на сопствените гениталии, сè додека не достигнат оргазам. Најчесто се изведува рачно, но и други видови на телесни допирања не се исклучени, ниту пак употребата на предмети. Начините за истражување на своето тело и нивната сексуалност се неисцрпни. Девојки и момчиња мастурбираат за прв пат кога се тинејџерки и тинејџери.

П: „Со кого треба да разговарам за сексот, а да не врескаат и да не помислат дека сум опседнат со сексот?“
О: „Секогаш можеш да пронајдеш личност во која имаш доверба и која те почитува тебе и пред која можеш да си дозволиш на свој начин да ги поставуваш прашањата кои те интересираат. Родителите многу често НЕ ги знаат одговорите. Ние веруваме дека во вашата непосредна околина постои личност со која можете да разговарате. Ако не, секогаш има експерти кои знаат за оваа тема. Може да биде психологот во кој имате доверба, вашиот лекар, или гинекологот.

П: Ја бакнав мојата другарка неколку пати, тоа многу ме возбудува, дали сум лезбејка?
О: Следете ги вашите чувства и потреби, не плашете се или срамете се од нив, заљубеноста и љубовта се скапоцени чувства. И кога станува збор за бакнување, сексуалниот идентитет на секој од нас е посложен отколку бакнеж. Не брзајте, не мора сè што е брзо да има име.

П: Млад сум и ми се допаѓа еден другар од одделението.
О: Следете ги вашите чувства и потреби, не плашете се или срамете се од нив, заљубеноста и љубовта се скапоцени чувства. Што ти би му одговорил на ова исто прашање на твојот „стрејт“ пријател кој ти се поверил дека му се допаѓа девојче од одделението? Тоа се истите чувства.

А ова се дел од илустрациите во прирачникот, односно „визуелизацијата“ за која МОН веројатно зборува во новата Концепција.

На прв поглед содржините изгледаат едукативно, но кога ќе ги погледнете и Стандардите за сексуално образование во Европа издадени од страна на Светската Здравствена Организација, ќе сфатите дека овие содржини не се ниту малку наивни. Според овие стандарди, на децата од 0 години треба да им се дадат информации за нивното право да „поставуваат прашања за сексуалноста и да го истражуваат идентитетот на половите“. Исто така да се запознаат „со добрите и лошите искуства на нивните тела/што ги прави да се чувствуваат добро“, но истовремено „ако искуството/чувството не им е добро, не мора секогаш да се жалат за тоа?!!!“. Веќе од 4 годишна возраст треба да научат за „радоста и уживањето на своето тело и за раната детска мастурбација“. Од 6 годишна возраст веќе треба да знаат за љубовта и да се биде заљубен, за сексот во медиумите, за мастурбацијата и за сексуалниот однос. А веќе од 9 години „треба да преземат одговорност за безбедни и пријатни сексуални искуства за себе и за другите“!


За целта на ССО, институциите кои го промовираат, профитирањето од ССО преку зголемување на стапката на абортус, пресудата за нелегална терговија со абортирани фетуси на една од овие институции, како и ССО во Македонија прочитајте во вториот дел од овој преглед „Контроверзната страна на сеопфатното сексуално образование“.


Дали ССО во училиштата е научно издржано и добро прифатено ширум светот?

International Family Watch (IFW) е непрофитна интернационална образовна организација, формирана во 1999 година. IFW е дел од Обединетите Нации (со статус на консултант) и во земјите ширум светот има за цел да го промовира и зајакне семејството како основна единица на општеството. Со членови во над 170 земји кои претставуваат различно етничко и културно потекло, IFW тесно соработува со владините, верските и лидерите на заедниците и одговорни граѓани ширум светот за да ги заштити традиционалниот брак, животот, родителските права, верската слобода и здравјето и невиноста на децата.

IFW која поблиску го истражува ССО, односно неговата имплементација во училиштата, во рамките на голем истражувачки проект направила ревизија на програмите за ССО во училиштата, како и анализа на параметрите кои се покажуваат како основ, односно како причина поради која треба да се воведе ССО. Еве кои се наодите до кои стигнала IFW за тоа што содржат програмите за ССО ширум светот:

– ги учат децата како да стекнат сексуално задоволство;
– ги учат децата дека се безбедни ако користат кондом, но не им кажуваат за стапката на неуспешност во заштитата;
– ги учат децата да мастурбираат;
– ги охрабруваат децата да експериментираат со сексуалноста;
– ги учат дека аналниот и оралниот секс можат да бидат безбедни;
– ги учат дека промискуитетот (често менување на сексуалните партнери) е нивно ПРАВО;
– многу пати ги оцрнуваат религиозните и културни вредности на родителите;
– се обидуваат да го обезбедат ова образование без одобрение или знаење на родителите, често пати.

На следното видео можете да го погледнете излагањето на г-ѓа Шерон Слејтер Претседател на IFW и Директор на пратеничката група за Семејни Права на ОН: “Сексуални права или сексуално здравје: Кога сексуалната едукација на децата е претерана”, од 2014 година.

Исто така, во режија на г-ѓа Шерон, за масивната пропаганда за ССО, грижите, како и штетните последици од истото IFW има продуцирано краток филм од 10-тина минути и подолг филм од 30-тина минути „Војната со децата: Агендата на Сеопфатното сексуално образование“, во кој подетално можете да се информирате за распространетоста и ефектите од ова движење. Краткиот филм со македонски превод можете да го погледнете на следното видео.

Институтот за Истражување и Евалуација (IRE) во мај 2019 година, издал: „Преглед од Глобално истражување – Повторно Испитување на Доказите за ССО во Училиштата“

Согласно овој преглед со кој се прави преиспитување на доказите за сеопфатното сексуално образование во училиштата, утврдено е следното: „Кога ќе се измери со кредибилни стандарди за ефективност изведени од областа за истражување на превенцијата, доказите најдени во меѓународната база на податоци на УНЕСКО не го поддржуваат тврдењето дека сеопфатно сексуално образование или CSE во училиштата (понекогаш наречено сеопфатно сексуално и репродуктивно здравствено образование) е ефективна стратегија за јавното здравје. Студиите покажуваат недостаток на одржливи ефекти врз важните исходи за заштита и загрижувачки број штетни влијанија врз учениците во училиштата. Креаторите на политиките треба да се откажат од плановите за глобално ширење на CSE во училиштата и да се продолжи со поинаков пристап за спречување на негативните последици од тинејџерската сексуална активност“.

До овој заклучок е стигнато после анализата на студиите кои се содржани во три авторитативни истражувачки прегледи за ефективноста на сексуалното образование и тоа: прегледот спроведен за Обединетата образовна, научна и универзална културна организација (UNESCO) и два прегледи спонзорирани од федералната влада на САД – Преглед за доказите за спречување бременост кај тинејџери и Студија со мета-анализа од Центарот за контрола и превенција на болести (CDC). Овие агенции анализираа неколку стотици студии за сексуално образование, низ период од три децении и во нивната анализа ги вклучиле само оние студии кои имале адекватен научен квалитет.


Ова се клучните наоди од прегледот кои се однесуваат на ССО, по одделни параметри кои биле разгледувани:

(Следното се однесува на 103 студии за ССО ширум светот (САД и надвор од САД)

ГЕНЕРАЛНО: Од 103 меѓународни студии направени за ССО во училиштата (60 во САД и 43 надвор од САД), само во 6 биле најдени докази за ефективност (подобрување во резултатите за заштита – апстиненција, употреба на презервативи, бременост, или сексуално преносливи болести – 12 месеци после програмта, за целната популација, без други негативни ефекти). Само 1-на од 6-те студии била спроведена од независен проценител (а не од лицето кое ја развивало програмата) и резултатите не се реплицирани.

СТАПКА НА НЕСУПЕХ: Програмите за ССО во училиштата кои се обидоа да покажат ефективност – така што ќе продуцираат одржливи (12-месечни) ефекти за клучните исходи за целите на заштита за целната група – потфрлија во 87% од обидите.

НЕГАТИВНИ ЕФЕКТИ: 16 студии пронајдоа 22 примери за штетни ефекти од ССО во училиштата, како: намалување на употребата на презервативи или зголемена сексуална активност, број на партнери, орален секс, принуден секс, сексуално преносливи болести или бременост.

САД vs. НАДВОР-од-САД: Програми за ССО во училиштата имплементирани надвор од САД покажаа поголема веројатност да дадат негативна последица наспроти програмите во САД: 21% од студиите за ССО во училиштата надвор од САД откриле штетни ефекти споредено со 12% од студиите во САД. За ССО во училиштата во Африка, стапката на штетност била 24%.

БРЕМЕНОСТ ИЛИ СЕКСУАЛНО ПРЕНОСЛИВИ БОЛЕСТИ: Иако една од 103-те студии открила намалување на тинејџерската бременост, а друга студија намалување на сексуално преносливите болести, 12 месеци после програмата за целната популација, без да произведе други негативни ефекти, овие резултати не се повторени. Повеќето студии дури и не ги мереле овие исходи.

УПОТРЕБА НА ПРЕЗЕРВАТИВИ: Немало ефективност во зголемувањето на конзистентната употреба на презервативи – постапка потребна за значајна заштита од сексуално преносливи болести. Две програми придонеле за зголемување на помалку-заштитниот исход, зачестеност во употребата на презервативи или нивната што поскорешна употреба.

ДВОЈНИ ПРИДОБИВКИ: Нема докази за успех за наводните двојни придобивки од ССО: дека придонесуваат за зголемување и на апстиненцијата и на употребата на презервативи (од страна на сексуално активните тинејџери) во иста младинска популација.


Институтот за Истражување и Евалуација (IRE) е непрофитна истражувачка организација позната по испитувањето на сексуалните програми во изминатите 25 години, кој спровел програма за евалуација на федерални проекти од оваа област во повеќе од 30 држави во САД и исто така го евалуирал сексуалното образование во држави надвор од САД. Вкупно собрал податоци за повеќе од 900.000 тинејџери и спровел повеќе од 100 истражувачки студии. Членови на IRE објавиле трудови во професионални списанија и ги презентирале на професионални конференции и работилници.

Како резултат на својата работа, во мај 2019 година, IRE го издал: „Преглед од Глобално истражување – Повторно Испитување на Доказите за ССО во Училиштата“.

Првиот автор на Прегледот, д-р Веед, основач и директор на IRE, служел како национален консултант за федерални проекти од областа и бил основач на Националната Кампања за Превенција на Несакана Бременост кај Тинејџерите. Тој бил повикан да даде експертско мислење за ССО пред државните законодавни тела, Сенатот на САД, Претставничкиот Дом на САД и Белата Куќа. Вториот автор на прегледот, м-р Ериксен, служела во национален панел на консултанти кои помагале во подготовката на Мета-Анализа спроведена од страна на Работна Група за Превентивни Услуги на Заедницата, поддржана од Центарот за Контрола и Превенција на Болести, а која имала за цел оцена на ефективноста на Сексуалното Образование.


Промоцијата на транс-родовата идеологија и последиците од неа

Значителната медиумска пропаганда позади која стојат истите организации кои лобираат за воведување на ССО во училиштата (за кои повеќе можете да прочитате во вториот дел), е карактеристика за државите најчесто после воведувањето на ССО. Повторно, под капата на „дискриминираноста“ и „правата“ медиумите прават и медиумско „силување“ за што поблиску да ја објаснат нормалноста на транс-родовите деца и да ги мотивираат родителите да ги одгледуваат своите деца како родово неутрални. Погледнете како изгледа едно вакво шоу на NBC News. Вакви филмови се презентираат и на децата за време на часовите по ССО.

Познати личности, исто така се вклучени во ширење на оваа пропаганда. Така на пример, Селин Дион сними спот со кој прави промоција на неутрално родовите деца. На следното видео можете да погледнете како претседателот на Франција држи „пример час“ во кој на децата од раните основни одделенија им промовира еднополови бракови.

Повеќе за Европските искуства поврзани со сеопфатното сексуално образование, сексуализацијата на децата и транс-родовата идеологија, можете да погледнете во следното видео.

Децата во градинките ги учат дека се суштества без род

Според статистика од Велика Британија, секоја недела во просек 50 деца завршуваат во клиниките во кои се започнува со медицинска терапија за промена на полот. (Оваа информација е означена од Факт-чекерите. Тие нашле дека не биле 50 туку 39). Секоја недела, во просек по 39 или 50 деца одат во клиниките, затоа што се несреќни со телото во кое се родени! Меѓу нив има и деца на 4-годишна возраст. Децата постари од 11 години се третирани со силни хормони кои ќе го спречат пубертетскиот развој. Овие хормонални терапии „треба да им купат време на децата додека да одлучат дали сакаат да бидат машко или женско“. Повеќе статистика од официјалната веб страница на Развојниот центар за родов идентитет во Обединетото Кралство можете да погледнете на овој линк.

Од статистиките во Америка, 0,7% од младите на возраст од 13 до 17 години се идентифицираат како транс-родни, наспроти 0,6% од возрасните кои се идентифицираат како транс-родни. Притоа, 10% од популацијата која се дефинирала како транс-родна е на возраст од 13-17 години, додека пак децата на оваа возраст чинат 8% од вкупната популација.
Во Америка, бројот на „родови клиники“ и клиники за „родова збунетост“ е во рапиден пораст. Ако во 2013 година имало само 4 вакви клиники, во 2019 година, бројот се зголемил на 41. Овие клиники известиле дека бројот на деца коишто се идентифицирале како транс-родови, се зголемил за 400%.


Во научен труд е анализирано влијанието на медиумите во Обединетото Кралство и Австралија врз зголемувањето на транс-родовите деца, при што: „… пронајдена е значајна асоцијација помеѓу неделните стапки на упатување кон транс-родови деца и бројот на други настани поврзани со транс-родовите деца кои се појавуваат во локалните медиуми од 1 до 2 недели претходно, за Велика Британија само во неделата 1 и за Австралија само во неделата 2“.


За штетното влијание од наметнувањето на транс-родовата идеологија, исто така зборува д-р Мишел Кретела, претседател на Американскиот колеџ за педијатри, овластен педијатар и член на CMA, член во Управниот одбор на колеџот во 2005 година, подоцна, во 2015 година избрана за претседател. Нејзиното излагање можете да го погледнете во следните две видеа.

Но, не помалку важно е и губењето на правата на родителите кои сакаат своите деца да ги одгледаат и образуваат своите деца согласно нивните морални убедувања кои се спротивни на транс-родовата идеологија – основно право загарантирано со меѓународните документи и Уставот на Република Македонија.

Во 2018 година, во Охајо беше одземено дете од своите родители! Родова клиника за деца во Америка препорачала започнување на третмани за генетска збунетост кај детето. Бидејќи родителите на детето сакале прво да се обидат проблемот да го решат со советување, државниот обвинител ги обвинил за злоупотреба и занемарување на детето, додека транс-родовите активисти оваа нивна постапка ја идентификувале со одбивање да му дадат на своето дете лекови за астма или дури и рак.

Во Канада има нов предлог-закон, со кој треба да се забрани секаков обид на транс-родовите лица да се вратат во нивната претходна (природна) состојба/род/пол. На родителите кои ќе сакаат да ги носат на третмани, или советување, а исто и свештениците кои ќе нудат духовно советување, би им била изречена казна затвор, според законот.


За крај…

Историски гледано, училиштата се обидуваа да ги пренесат на децата културните вредности на нивната заедница и ги учеа децата да го ценат наследството на нивните предци. Во сегашната ера, со новите концепти, целта е да се дистанцираат децата од вредностите и културното наследство на нивните заедници, така што ќе ги образуваат да научат, што НЕ е во ред со културата во која се родени.

Како што се случува, способноста да не се согласуваш и да се спротивставуваш и да го преиспитуваш т.н. прашање „статус кво“, треба да се гледа како восхитувачко достигнување на едно младо лице кое има способност независно да размислува. Но, промовирањето на педагогијата „да НЕ се согласуваш“ не е соодветен начин за градење на капацитетот на децата да бидат независни. Во училиштата, наставата по критичка теорија работи како форма на индоктринација.

Дали е веројатно дека 12-годишно момче ќе се спротивстави на тврдењето на неговиот учител дека страда од „токсична машкост“? Во вакви услови очекувано е дека многу деца нема да сакаат да ги изразат своите ставови за различни теми, од страв да не бидат „означени“ заради нивната „несвесна пристрасност“, „микроагресија“ или дури и нивната „нечувствителност“.

Главната цел на ваквата педагогија е да ги прикаже вредностите на општеството како форми на застарена предрасуда против која треба да се бори.


И навистина, фер е да се признае дека еден дел од содржините и програмите на ССО може навистина и да бидат во корист на здравјето и развојот на децата, доколку се применети во соодветна возраст и со целосна поддршка на моралните и верските убедувања на родителите на децата. Но, тенденцијата кон: индоктринација на децата од НАЈРАНА возраст, истакнување на СЕКСУАЛНИТЕ ПРАВА на децата, ОЦРНУВАЊЕ на културните и религиозните вредности на родителите, насочување на децата да одлучуваат БЕЗ ЗНАЕЊЕ НА РОДИТЕЛИТЕ, е повеќе од очигледна и води кон насока која може да биде сè, освен најдобар интерес за децата. Дополнително, знаејќи ги сите претходно наведени информации за последиците и ефектите од овој вид образование, како и криминалната историја на институцијата која го пормовира (видете во вториот дел од овој преглед), сигурни сме дека добрите елементи од програмата служат единствено за да се постигне ефектот на „контролирана нејаснотија“ што ќе обезбеди подмолно пласирање и усвојување на овие програми од страна на надлежните институции – без информирана согласност на родителите.


За тоа колку е голема оваа пропаганда зборува и фактот што колеџот Етон, основан од Хенри Шести во 1440 година, кој ги едуцирал синовите на богатите и моќните повеќе од пет века, вклучувајќи 19 британски премиери, ангажира услуги од разни организации како што се Школата за сексуално образование и Иницијативата за добро момче за да ги научи момчињата во Етон за опасностите од хетеронормативноста.

Хетеронормативноста – што значи верување дека хетеросексуалноста е културна норма – се смета за културно злосторство од страна на Училиштата. Овие училишта нудат работилници кои ја промовираат својата идеологија на деца „кои биле заведени од мејнстрим културата“.

Неколку родители чии деца студираат на колеџот Етон изразија загриженост поради фактот што на ученици на возраст од 13 години им се нуди можност да присуствуваат на „креативни работилници“ за порнографија, при што едно дете кое присуствувало на сесија за „токсична машкост“, останало со прашањето „дали е во ред да се биде момче и да ти се допаѓа рагби?!“


Ако културата за идентитетот веќе има остварено влијание врз колеџот Етон, дали ве изненадува тоа што таа брзо се институционализира низ училишниот сектор ширум светот?


Сè на сè, на нашите деца им се заканува сериозна опасност! Дали ќе дозволиме при отворени очи да ни ги одземат од рацете – од нас зависи! Дека е тоа така и дека не постои никаков изговор за пред време да ги кренеме рацете од нашите деца дозволувајќи некој да влијае на нивното невино, наивно и среќно детство, зборуваат два примери од нашата блиска околина.

– Во Бугарија незадоволството на родителите од раното сексуално образование во училиште ја запре програмата во училиштата во земјата.

– Во Србија, исто така под притисокот на јавноста, Министерството за образование одлучило да ги повлече од употреба гореспоменатите „образовни пакети за учење за сексуалното насилство над децата“, на неодредено време. Претходно, во 2016/17 станале дел од редовниот, постоечки национален наставен план и програма во образовно-воспитните институции, за основните и средните училишта. Се чини дека истиот овој период Србија, како и Македонија, повторно ја тресат секс-скандали со паралелен притисок за воведување на ССО како „единствено совршено решение“ за овие сериозно медиумски покриени случаи. Оваа коинциденција не може, а да не остане забележана.

– Во Хрватска организираните родители дури стапија во контакт со организацијата IFW. Американска активистка Џудит Реисман и британскиот новинар Тимотеј Тејт, на повик на клубот на партијата ХДЗ, пред избраните пратеници и гостите во Хрватското Собрание одржаа предавање за предизвиците од воведувањето на родово-сензитивно образование во училиштата, кое во текот на расправата беше оценето како првенствено идеолошко прашање што во иднина треба да иницира дијалог во фокусот на правата и интересите на децата. Овде, можете да ја погледнете одлуката на Уставниот суд во Хрватска со која на 22.5.2013 година е одлучено да се поништи Одлуката на Министерот за образование и спорт за воведување на здравствено образование во основните и средните училишта сè додека наставната програма не се усогласи со Уставот на земјата. Еден од 4-те наставни модули кои биле дел од курикулумот на здравственото образование е: Полова/родова рамноправност и одговорно полово однесување.


Овие родители покажаа дека никој не смее да се „приближи“ до нивните деца и дека силата е во заедништвото! А ние?


До вториот дел од прегледот, можете да пристапите на следниот линк „ССО – Контроверзната страна“.

До третиот дел од прегледот, можете да пристапите на следниот линк „ССО – Патот до Македонија“.


ОГРАДУВАЊЕ: Овој преглед има за цел да даде збирен извештај со информации кои се поврзани со сеопфатното сексуално образование, а кои се достапни на интернет. Информациите наведени во прегледот не претставуваат став или тврдење на здружението и изворот на истите може да биде проверен со пристапување до линковите кои се дел од прегледот. Здружението ги повикува читателите да известат доколку дојдат до извори со дополнителни информации на оваа тема. Ниту еден дел од текстот не значи и не треба да се разбере како такво, дека Здружението ОД НАС ЗА НАС Скопје и/или неговите членови поттикнуваат дискриминаторски чувства кон луѓе кои имаат различни убедувања. Напротив, според Здружението и/или неговите членови, секој облик на дискриминација е недозволив и треба да биде подеднакво третиран. Ниту еден вид на дискриминација не е и не смее да биде помалку значаен од другите. Искреното залагање против дискриминација не смее да одделува, фаворизира или повеќе да нагласува само еден вид на дискриминација – како што е тоа случај со предложената Концепција за основно образование од страна на МОН. Здружението смета дека со предложениот текст се спроведува дискриминација врз луѓето кои не веруваат во транс-родовата идеологија и со тоа воведувањето на новата Концепција би значело неможност за нив да изберат образование за нивните деца кое, за нивни најдобар интерес, е согласно нивните морални убедувања.

За ова, Здружението го информира МОН со овој допис.



Please follow and like us:
error