ССО – Д-р Мириам Гросман

ВИСТИНАТА ЗА РОДОТ, 24.6.2021 и 1.7.2021 во 19:30h, Zoom, YouTube, livestream


Сите информации, измени и дополнувања поврзани со настанот, може да ги следите преку регистрација (притискање Interested/Going) на овој линк.


Почитувани родители и наставници,

Со огромна чест и задоволство ве известуваме дека тимот на:

направија напори за лично да ја запознаете д-р Мириам Гросман, која ќе се обрати специјално до вас, родителите и наставниците од Македонија, со цел да ви презентира релевантни факти и информации за она што денес сè почесто го окупира нашето внимание, односно родовата сензитивност.

Ве покануваме на предавањата на тема „Вистината за родот“ на кои ќе се информирате за историјата и науката кои се релевантни за родово-сензитивните содржини, кои организации ги промовираат овие концепти и кои се ефектите од примената на родово-сензитивните образовни програми во светот, од медицински аспект.

Разбирањето на овие концепти е од исклучително значење за македонската јавност имајќи предвид дека родовата-сензитивност, што претставува дел од сеопфатното сексуално образование (ССО), сега се воведува и како ЗАДОЛЖИТЕЛЕН елемент во ЗАДОЛЖИТЕЛЕН образовен систем, во СКОРО СИТЕ предмети од СИТЕ одделенија на основното образование.

КОЈА Е Д-Р ГРОСМАН?

Д-р Гросман дипломирала медицина на Универзитетот во Њујорк. Остварила стаж од областа на педијатрија во болницата Бет Израел во Њујорк и завршила специјализантско стажирање по психијатрија, проследено со стипендија за детска и адолесцентна психијатрија во болницата North Shore-Cornell University Medical College. Во период од 12 години работела на Универзитетот во Калифорнија, Лос Анџелес (UCLA) во студентските советодавни служби, каде скоро сите нејзини пациенти биле студенти на возраст од 18-30 години (https://www.miriamgrossmanmd.com/). За нејзиното искуство од работата со студентите, д-р Гросман напишала книга, за потоа активно да пристапи кон систематско изучување на сеопфатното сексуалното образование (ССО), како започнало и што тоа претставува денес.

ИНФОРМАЦИИ ЗА НАСТАНОТ?

Предавањата ќе бидат одржани во два термина и тоа:

• 24 јуни, 2021, 19:30 часот со наслов: „Вистината за родот – дел 1“
• 1 јули, 2021, 19:30 часот со наслов: „Вистината за родот – дел 2“

Предавањата ќе може да ги следите на еден од следните начини:

• преку Zoom платформата (линк за приклучување на настанот ќе биде објавен 30 минути пред почетокот на настанот);
• преку YouTube канал, пренос во живо.

Бројот на учесници кои ќе можат да го следат настанот преку Zoom платформата е ограничен на 100, поради што ќе биде применет принципот: прв пријавен – прв услужен. Останатите учесници настанот ќе можат да го следат на YouTube.


Јазик на настанот: aнглиски
Симултан превод: македонски и албански

УЧЕСТВО?

Учеството е бесплатно

Конференцијата ја финансираат членовите на здружението и донатори. Доколку и Вие сакате да ја поддржите конференцијата, повеќе информација ќе најдете овде.

Како и секогаш, извештајот за собраните и потрошените финансиски средства ќе биде јавно достапен.

НАГРАДНА ИГРА?

Учесниците кои ќе го следат настанот преку Zoom платформата ќе имаат можност да учествуваат во наградната игра во која доделуваме 15 книги од д-р Гросман (книгите: Unprotected и You’re Teaching My Child WHAT?)!

Да научиме, па да одлучиме!!!

Ве очекуваме!



Please follow and like us:
error