Медиумите ја поттикнуваат хистеријата за Омикрон, покажуваат со прст кон невакцинираните

Д-р Роб Веркерк ги истражува ризиците од донесување политички одлуки во отсуство на научни докази во врска со претераната реакција на варијантата Омикрон:

„Веднаш штом хистеријата на Омикрон се појави на насловните страници, политичарите, потпомогнати од усогласените глобални медиуми, почнаа да ги идентификуваат жртвените јариња и да му кажуваат на светското население да се подготви да ги засука ракавите“.

Објавено на Aliance for Natural Health – International.


Дали Омикрон е толку застрашувачки како што велат?

На кратко:

-Цврстата политичка одлука да се воведат нови неефикасни „вакцини“ се случи ширум светот веднаш по објавувањето за Омикрон;

-Околности со нова, силно мутирана варијанта, многу различен имунитет на населението и знаење за ефективноста на „генетската вакцина“, не се исти како оние пред 12 месеци кога глобално беа претставени инјекциите од првата генерација за КОВИД;

-Омикрон може да биде поинфективен, веројатно не е поопасен – но можеби е поверојатно да го заобиколи имунитетот предизвикан од вакцините;

-Нема убедливи докази дека Омикрон потекнува од Африка – што случајно има најниска стапка на вакцинирање и стапка на случаи со КОВИД-19;

-Масовното вбризгување на вакцините од првата генерација, проследено со преработени вакцини специфични за Омикрон, може да предизвика катастрофални последици, вклучително и забрзување на развојот на понатамошни варијанти и појава на болеста зависна од антитела (ADE);

-Ги земаме во предвид некои од можните политички и економски двигатели зад новата ненаучно поткрепена политика за да се зголеми стапката на вакцинација.

Веднаш штом хистеријата за Омикрон се појави на насловните страници, политичарите, потпомогнати од усогласените глобални медиуми, почнаа да му кажуваат на светското население да се подготви да ги засука ракавите. Уште повеќе, идентификувани се три жртвени јагниња: невакцинираните, пациентите со ХИВ и најмалку вакцинираниот континент на планетата: Африка.

Еден од многуте слични повици беше објавен во влијателното списание Scientific American од страна на истражувачот на јавното здравје и колебливост кон вакцините од Универзитетот Саутемптон, д-р Мајкл Хед, кој неизненадувачки е и добитник на финансирање од Фондацијата Гејтс.

За многумина во индустријализираниот свет, постои чувство на дежа ву од ова време минатата година, но со пресврт. Минатата година населението беше подготвено да очекува речиси неверојатно високи нивоа на заштита од инфекција врз основа на резултатите од клиничките испитувања во фаза 3. Дури неодамна овие испитувања беа доведени во прашање.

Минатата година, мнозинството ја прифати идејата дека овие „генетски вакцини“ ќе го запрат преносот и ќе создадат колективен имунитет. Шефот на Оксфордската група за вакцини, проф. Ендрју Полард, подоцна му кажа на светот дека можноста за тоа сега е „митска“. Знаејќи што знаеја тогаш, луѓето се собраа во центрите за вакцинација бидејќи ветувањето што беше понудено, беше враќање на нормалниот живот. Само времето ќе покаже колку е погрешен тој поглед.

Овој пат работите се многу поинакви. Се покажа дека инјекциите за КОВИД-19 сè повеќе не функционираат дури и со делта, па оттука проверката на „ефективноста на вакцината“ премина од заштита од инфекција, па сега до заштита од тешка болест. Неспорната реалност е дека инјекциите за КОВИД-19 се неефикасни. Неутрализирачките IgG антитела насочени кон шилестиот протеин, што тие толку лесно го предизвикуваат, едноставно не ги неутрализираат (блокираат) многу добро, па така тие не можат да ја спречат инфекцијата или последователниот пренос.

Што го поттикнува создавањето варијанти кои го заобиколуваат имунитетот?

Перцепциите меѓу политичарите, јавноста, па дури и научниците за главните двигатели на мутациите кои можат да ги избегнат ефектите на имунолошкиот систем, без разлика дали од природно стекната инфекција или одговорот генериран со инјекции, се многу различни.
Во средината на овој недостаток на консензус доаѓа Омикрон и голема шанса дека политиките засновани на еднонасочно размислување ќе се сметаат за контрапродуктивни од едни, па дури и потенцијално катастрофални и опасни по живот од други.

Претходно долго известувавме за основната наука и ги поддржавме еволутивните аргументи елаборирани во јавен домен од белгискиот вакцинолог, д-р Герт Ванден Боше. Д-р, Дејвид Лоример, програмски директор на Научната и медицинската мрежа и јас оваа недела објавивме кратка статија која се обидува на лаички јазик да ги сумира централните начела на тезата на Ванден Боше.

Спротивните аргументи го игнорираат целосно еволутивниот притисок и се фокусираат на невакцинираните и на имунокомпромитираните како резервоари кои даваат повеќе можности за размножување мутанти.

Логиката, навидум изгледа разумна. Ако вирусот може почесто да се реплицира кај луѓе кои страдаат подолго од болеста КОВИД-19 и луѓе кои не можат ефикасно да го неутрализираат вирусот, зголемената репликација ја зголемува веројатноста за појава на мутанти. Проблемот е што овој аргумент е фундаментално погрешен поради повеќе причини.

Видовме дека претходните мутанти во голема мера се генерираат под високи вакцинални притисоци, при што зголемувањето на случаите е поврзано со зголемувањето на покриеноста со „вакцината“.

Исто така, постои јасен доказ дека вакцините сè повеќе не можат да го неутрализираат вирусот, особено неодамнешните варијанти, па затоа не можат да го запрат преносот, а исто така ефективноста опаѓа во рок од неколку месеци по вакцинирањето.

Уште повеќе, тие исто така влијаат на вродениот имунолошки тренинг, што е наша примарна одбрана против различни варијанти на овој (и други) патоген и наше единствено средство за развој на колективен имунитет, со оглед на неуспехот на сегашните „генетски вакцини“.

Фокус на Омикрон

Во морето на огромна несигурност, едно нешто што е повеќе или помалку сигурно, сега кога првичните грешки во мутации кои се тврдеа се поправени, се 32-те мутации на шилестиот протеин на Омикрон. Но, не е само големиот број значајни мутации во шилестиот протеин (Табела 1), туку нивните потенцијални влијанија и врз вирусот и врз човечкиот имунолошки систем со кои вирусот комуницира се клучни.

Се разбира, премногу е рано да се знае точно какви ефекти ќе имаат овие мутации врз многу различните популации на луѓето и потенцијално другите видови, доколку продолжи ширењето.

Табела 1. САРС-КоВ-2 „варијанти на загриженост“.

Главни извори на податоци: СЗО и GISAID. *Забележете дека СЗО не тврди дека ниту Боцвана ниту Јужна Африка се земји на прва документација – видете ја дискусијата подолу. † Врз основа на медиумските извештаи од д-р Ентони Фаучи


Ограничените информации достапни од малиот број случаи што се пријавени досега, се дека сериозноста на болеста (т.е. смртноста) не е значително поголема отколку кај делта. Премногу е рано да се каже дали омикрон ќе ја надмине делта бидејќи тоа зависи од многу фактори, како што е способноста или на друг начин омикрон да го избегне вродениот и/или адаптивниот имунитет кај популации со различно имуно потекло (генериран со инјекции за Ковид и природно стекната инфекција), и латентноста пред да се генерираат високи вирусни оптоварувања.

Раните извештаи, како оние на д-р Анџелик Коетзи од Јужна Африка, која прва ги забележа новите симптоми на КОВИД-19 со омикрон, беа дека сериозноста на болеста не е полоша од делта. Сепак, веројатно е дека шемата на симптомите ќе биде различна. Помладите луѓе исто така може да бидат поранливи, особено ако нивниот вроден имунитет е оштетен со овие инјекции.

Ова гледиште, се разбира, не е целосно во согласност со ставот на СЗО кои го изјавија следново на 28 ноември:

„Во моментов нема информации кои сугерираат дека симптомите поврзани со Омикрон се различни од оние од другите варијанти. Првичните пријавени инфекции беа меѓу универзитетските студенти – помлади поединци кои имаат тенденција да имаат поблага болест, но разбирањето на степенот на сериозност на варијантата Омикрон ќе трае од денови до неколку недели“.

Многу независни експерти мислеа дека преносот може да биде поголем врз основа на конфигурацијата на мутациите и ако тоа е случај и латентноста не е значително продолжена над делта – омикрон може лесно да ја замени делта како доминантна варијанта во повеќето земји. Раните извештаи од Јужна Африка, исто така, сугерираат дека преносот ќе биде висок.

Иако веројатно ќе поминат денови или недели пред потенцијалната вирулентност и преносливост на Омикрон да бидат подобро проценети, конфигурацијата на мутации – високо концентрирана во самиот спајк протеин, ни кажува дека постои голема веројатност дека постоечките инјекции ќе бидат уште помалку ефикасни отколку спрема делта. Ова гледиште го потврдува никој друг туку д-р Ентони Фаучи, како и други, како што е д-р Самиран Панда, кој раководи со Одделот за епидемиологија и заразни болести на Индискиот совет за медицински истражувања.

Темпото со кое новата варијанта беше искористена од политичарите за да ги поттикнат овие инјекции од првата генерација во јавноста, заедно со сè друго што знаеме за интеракцијата домаќин-патоген-инјектирање, го одзема здивот со оглед на неизвесностите поврзани со оваа политика. Тие знаат, на пример, дека овие инјекции се дизајнирани да предизвикаат антитела кои се многу специфични за оригиналниот протеин на типот Вухан и знаат дека конфигурацијата значително се разликува од онаа на варијантата омикрон.

Додека на јавноста ѝ се кажува дека треба да го зајакнат својот имунолошки систем со постојните инјекции, не ѝ се кажува дека ова може да има сериозна цена, како што е оштетување на вродениот имунитет, предизвикување посериозни реакции на болеста, зајакнување на преносот или изложување на безброј луѓе на непотребни, потенцијално исцрпувачки или опасни по живот несакани реакции.

Фајзер веќе објави дека работи на правење нови инјекции дизајнирани специјално за омикрон и до нив можеби ќе поминат 100 дена. Непосредната одлука да се наметнат старите инјекции на јавноста за „зајакнување“ на имунитетот со антитела кои веројатно се уште послабо неутрализирачки во најдобар случај, јасно се заснова на политичка или економска, а не на медицинска целисходност.

Од каде дојде Омикрон?

Светските медиуми вообичаено тврдат дека Боцвана или Јужна Африка се земјите во која омикрон првпат бил откриен. Вистина е дека таму се пронајдени најголем број случаи, како што е потврдено со бројот на земји кои поднеле извештај во следачот на варијантите во GISAID, како што се гледа во Табела 2.

Табела 2. Најнови пријавени појави на варијантата омикрон во различни земји.

Но, исто така, од записите на GISAID е јасно дека ниту Боцвана, ниту Јужна Африка не биле земјите во кои се случило најраното откривање на омикрон (варијанта Б.1.1.529). Колекциите од Шведска, Израел и ОК се чини дека им претходат на оние од Боцвана и Јужна Африка.
Погледнете ја табелата од GISAID подолу, која е во обратен хронолошки редослед.

Табела 3. Број на земји кои поднеле извештаи до GISAID од 1 декември 2021 година.

Податоци од GISAID – 1.12.2021

Денес слушаме дека примерокот собран во октомври во Нигерија од „дојдовен меѓународен патник“ бил позитивен на омикрон. Без сомнение, многу повеќе ќе се открие со текот на времето.
За нас, моментално достапните информации значат дека жирито апсолутно не знае дали омикрон воопшто потекнува од Африка. Потеклото можеби било патник од високо вакцинирана земја што го увезла во Африка. Д-р Масупу од Претседателската работна група за КОВИД-19 на владата на Боцвана, потврди дека четворицата студенти на универзитет за кои оперативната група знае дека се заразени со омикрон, сите биле целосно вакцинирани.

Знаеме, исто така, дека обвинувањето за омикрон на Африка има смисла доколку се зголемува притисокот да се вакцинира најмалку вакцинираниот континент во светот, кој исто така има убедливо најмалку проблеми со KОВИД-19 (види Сл. 1). Голем дел од Африка, се чини – не сака да ја игра играта.

Слика 1. Дневни нови потврдени случаи на КОВИД-19 и смртни случаи на милион луѓе во 3 континенти: Африка, Европа и Северна Америка.

Извор:
Our World in Data

Она што исто така го знаеме е веднаш откако Јужна Африка објави дека не сака да прифати повеќе инјекции за КОВИД од Pfizer или Johnson & Johnson, се огласи алармот за омикрон. Случајност?

Можни последици од користење на бустери во бран со Омикрон

Она на што бевме сведоци од почетокот на 2021 година, кога се пуштија во употреба инјекциите за КОВИД низ индустријализираниот свет е постепеното губење на синхроничноста во напорите за инјектирање. Различни земји имаа различно прифаќање, брзината на ширење низ последователно помладите возрасни групи, колебливоста и одбивањето варираше од земја до земја, а понекогаш дури и од регион до регион. Целата таа загуба на синхроничност всушност го намалува притисокот на селекција – како и тоа што има големи резервоари на невакцинирани млади луѓе со добар вроден имунолошки систем, како во поголемиот дел од африканскиот континент.

Омикрон повторно ќе ги синхронизира кампањите за инјектирање. Огромен број луѓе ќе добијат од првата генерација на вакцини, само што повторно ќе бидат погодени кога „задолжителната“ инјекција специфична за омикрон ќе излезе од производната линија веројатно за помалку од 4 месеци.

Поголема синхронизација значи дека ќе се примени поинтензивен притисок на селекција на шилестиот протеин на омикрон и ќе се појави поголема репликација бидејќи антителата генерирани од инјекциите нема ефективно да ја блокираат инфекцијата. Ова го создава маѓепсаниот круг што Ванден Боше го опиша, круг во кој сме фатени веќе една година со уште поголем ризик од создавање поопасни и поинфективни мутанти.

Поголемата фреквенција на изложеност значи и повеќе напади за имунолошкиот систем и тоа значи повеќе оштетување на вродениот имунитет на нашиот вид – нашето основно оружје против мутирачкиот патоген. Условите се поставени за ескалација на ризиците од болеста – антитела зависно засилување на имунолошкиот одговор (ADE- antibody-dependent enhancement ) кога лицата кои се инјектирани, а подоцна се изложени на болеста, како и за уште поголем број на несакани настани и смртни случаи индуцирани од автоимунитет, воспаление, невролошки и срцеви проблеми.

Последиците од лошиот исход за човештвото несомнено многу вреди да се земат предвид – и се чини дека затоа политичарите, водени од индустријата за вакцини/биотехнологија/фарма со ненаситен апетит за максимизирање на профитабилноста, избегнувајќи секаква одговорност за каква било предизвикана штета – продолжуваат со тоа.

Ако пасошите за вакцини и дигиталните лични карти за сите на планетата, како претходници на новата дигитална валута и спојувањето на човекот и машината (трансхуманизам), се елементи на вистинската крајна игра и е уште пологично зошто глобалните лидери се толку вознемирени за тоа. Само немојте да се залажувате дека станува збор за вирус, медицина или наука.

Застрашувачкиот Омикрон

Исто како што претходните ненаучно заснованите одлуки за заклучување, маскирање и социјално изолирање на населението на почетокот на оваа пандемија беа застрашувачки сигнал за авторитаризмот и потиснувањето што требаше да дојде, доаѓањето на Омикрон е исто толку застрашувачко. Уште еднаш, не е вирусот за кој првенствено треба да се грижиме ако можеме да му помогнеме на нашиот имунолошки систем да биде најдобрата верзија на себе и ако можеме да пристапиме до раните третмани кои се агностички варијантни.

Тоа е реакцијата на владите, здравствените власти, политичарите и деловните лидери кои изгледаат како пеколно наклонети да продолжат со овој неуспешен, уште поризичен потфат за инсталирање на синтетички инструкции во нашите тела, чии последици нема да ѝ бидат добро познати на јавноста уште неколку години.

Имајте на ум дека американската Агенција за храна и лекови побара од федералниот судија да ја натера американската јавност да чека до 2076 година (да, 55 години!) пред да бидат објавени сите податоци за „генетската вакцина“ на Фајзер, на кои се потпираше одобрувањето за користење. Одлична вест е што судијата штотуку го принуди Фајзер постепено да ги објавува документите – првиот дел е нешто како откритие во однос на профилот на несаканите настани.

Без нашата доверба, човек се прашува дали „тие“ почнуваат да разбираат зошто толку многу од нас ширум светот се правични приговарачи?

Ве молиме размислете. Споделете. Едуцирајте.

Извор:Aliance for Natural Health – Internationalh


Ставовите и мислењата изразени во овој напис се на авторите и не мора да ги одразуваат ставовите на здружението.