Вакцина Која Не Успева, А Не Неуспех Да Се Вакцинира

Дали неодамна пријавените епидемии на сипаници во САД (2013 година) се предизвикани од неуспехот да се вакцинираат децата или неуспехот на вакцината? Шокантно, клинички потврдени извештаи за неуспехот на вакцината против морбили, кај целосно вакцинирани популации се протегаат на назад со години од целиот свет.


Во репортажата на CNN – „Случаите на морбили во 2013-та година може да се со најголем број, во последните 17 години“, Елизабет Коен (која е виш медицински коресподент во CNN), за 159-те случаи на мали сипаници (кои CDC ги пријави  од 1 јануари до 24-ти август), ги обвини „посетителите од земјите каде што е честа појавата на морбили“ и „противниците на вакцинацијата во САД“.

Она што ја прави нејзината нерепрезентативната статистика толку вознемирувачка е тоа што таа игнорира значителна литература, вклучувајќи рецензирани и објавени епидемиолошки и клинички студии, што укажува дека неодамнешните епидемии на морбили се исто толку веројатно предизвикани од неуспехот на вакцината како и од веројатно ирационалните и/или неодговорните родители, кои го остваруваат своето законско право и одговорност да изберат дали да ги вакцинираат своите деца.

Ајде да ги пополниме податоците кои толку очигледно се избришани од меморијата на ова неодговорно „известување“ на CNN.

Прво, треба да признаеме еден недоволно објавуван факт од имунологијата – покачувањето на антителата предизвикани од вакцина, не гарантира реална заштита од патогенот против кој вакцината е наменета, што е единствената вистинска мерка за нивната вредност на вакцините.

Ова не е нова опсервација, туку од децении порано. Студија од 1990 година објавена во Journal of Infectious Diseases, која откри дека иако 95% од населението од урбани африкански деца имале антитела на морбили по вакцинацијата, ефикасноста на вакцината не била повеќе од 68%. [1] Или, погледнете ја студијата од 2008 година која покажа дека дури и кога вакцината против мали сипаници успешно генерира покачување на специфичните антитела на морбили –  20,7% (6 од 29) имаат незаштитни титри. [2] Или пак, од 1988 година, во која се откри дека во високо вакцинирана заедница која доживува појава на мали сипаници, антитела на истите може да се најдат кај 100% од невакцинираните, наспроти само 89,2% од вакцинираните. Тие заклучуваат – „Историјата на претходна вакцинација против мали сипаници не е секогаш поврзана со имунитет, ниту со присуство на специфични антитела“. [3]

И повторно, поентата останува иста! Вештачкиот имунитет предизвикан од вакцината не гарантира заштита во реалниот свет и сигурно не блиску до 100% ефективност и покрај тоа што ЦКБ, производителите на вакцини или главните репортажи на вестите имплицираат со обвинување на невакцинираните за епидемиите индуцирани од самата вакцина.

Прочитајте ја статијата за студијата од 2011 година објавена во списанието Immunism, која го оспорува основното оправдување за вакцинацијата базирано на антитела, за подетално објаснување на оваа критична точка.

Второ, денес постојат многу истражувања кои покажуваат дека негативните здравствени ефекти поврзани со вакцината против мали сипаници, а особено комбининираните тривалентни за заушки, мали сипаници и рубеола [4], можеби далеку ги надминуваат нивните наводни терапевтски ефекти, дека дури и ако вакцината е успешна во спречувањето и / или одложувањето на инфекцијата од мали сипаници, тоа не значи дека ова ќе го подобри целокупното здравје на вакцинираните. Напротив, веќе неколку децении е познато дека администрацијата на вакцина против мали сипаници во недоволно развиените земји, всушност, може да резултира со повисоки стапки на морталитет кај децата. [5] [6] Ова, всушност, е постојана критика која се наметнува врз стратегијата на УНИЦЕФ за форсирање на голем број вакцини во одредени региони на Африка, кои се чини дека имаат зголемени стапки на смртност. [7] УНИЦЕФ не е виновен само затоа што има неколку „добротворни здравствени организации“ кои се удираат по рамо меѓу себе за „спасување на животи“ со намалувањето на „болестите што може да се спречат со вакцини“, во моментот кога смртноста од негативните ефекти поврзани со вакцината се зголемуваат. Ова е исто како пропагирањето во  кампањата за глобалното искоренување на полиото – чие тврдење дека практично е искоренета детската парализа во Индија го заматува фактот дека специфичниот вид на полио во вакцината, (за кој се верува дека е двојно посмртоносен од природната форма), сега предизвикува приближно 48.000 случаи на повреди поврзани со вакцината против полио годишно.

Неуспеси на вакцината за морбили во последните декади

За сржта на проблемот со репортажата на CNN. Во текот на вистинската (не имагинарна) историја на вакцината против морбили, регистрирани се неуспех по неуспех, почнувајќи од:

  • 1985 година – Тексас, САД: Според еден напис објавен во New England Journal of Medicine во 1987 година, „Избувнувањето мали сипаници се случило меѓу адолесцентите во Корпус Кристи, Тексас, во пролетта 1985 година, иако барањата за вакцинација за присуство на училиште темелно се спроведува“. Тие заклучиле –  „Заклучуваме дека во средните училишта може да се појават епидемии на мали сипаници, дури и кога повеќе од 99 проценти од учениците биле вакцинирани, а повеќе од 95 проценти се имуни“. [8]
  • 1985 година – Монтана, САД: Според една статија објавена во American Journal of Epidemiology  насловена како „Постојана епидемија на мали сипаници и покрај соодветните превентивни и контролни мерки“, во Монтана се случи појава на 137 случаи на мали сипаници. Училишната евиденција покажала дека 98,7% од учениците биле соодветно вакцинирани, што ги натерало истражувачите да заклучат: „Оваа појава сугерира дека преносот на мали сипаници може да остане во некои услови и покрај соодветното спроведување на сегашната стратегија за елиминација на сипаниците“. [9]
  • 1988 година – Колорадо, САД: Според еден напис објавен во American Journal of Public Health во 1991 година – „На почетокот на 1988 година се појави епидемија со 84 случаи на морбили, на колеџ во Колорадо, во кои над 98 проценти од учениците имаа документација за соодветен имунитет против мали сипаници (поради условот за вакцинација, за запишување во школо,кој стапи  на сила од 1986 година)“. Тие заклучиле – „Епидемии на сипаници може да се појават во високо вакцинираните колеџи.“ [10]
  • 1989 година – Квебек, Канада: Според статијата објавена во Canadian Journal of Public Health во 1991 година, појавата на мали сипаници во 1989 година „во голема мера се должи на нецелосната покриеност со вакцинација“, но по обемниот преглед, истражувачите заклучиле –  „Нецелосната покриеност со вакцинација не е валидно објаснување за епидемијата на мали сипаници во Квебек“. [11]
  • 1991-1992година – Рио де Жанеиро, Бразил: Според една статија објавена во списанието Revista da Sociedade Brasileira de Medicina Tropical, во епидемијата на морбили од март 1991 до април 1992 година во Рио де Жанеиро, 76,4% од оние за кои се сомнева дека се заразени, примиле вакцина против мали сипаници пред нивниот прв роденден. [12]
  • 1992година – Кејп Таун, Јужна Африка: Според една статија објавена во South African Medical Journal во 1994 година – „ Во август 1992 година се појавила епидемија, при што случаи биле пријавени во многу училишта кај деца кои се претпоставува дека се имунизирани“. Испитувањата покажале дека имунизацијата за морбили е 91%, а ефикасноста на вакцината е само 79%, што доведе до заклучок дека примарниот и секундарниот неуспех на вакцината, е можно објаснување за појавата на епидемијата. [13]

Овие шест епидемии во никој случај не ја исцрпуваат биомедицинската литература, но илустрираат колку е во заблуда општата јавност за ефективноста на вакцините против морбили и генерално програмата за имунизација на ЦКБ. Ниту еден износ на игнорирање на историјата нема да го избрише фактот дека вакцинацијата не е еднаква со имунизацијата. Суеверната и иронично верификуваната вера која не базирана на докази,  за непогрешливоста на вакцините, е причина зошто растечкото движењето за едукација на јавноста, за вистинската природа на вакцините, се повеќе се нарекува „антиваксерско“. УНИЦЕФ и Фондацијата Бил и Мелинда Гејтс можат да продолжат да ги означуваат оние кои ги изнесуваат рецензираните „докази “ во јавноста, како „лажговци“ или „убијци на деца“(како што изјавил Бил Гејтс во интервјуто на CNN со д-р Санџеј Гупта). Но, сето ова само го зголемува сомневањето на јавноста за вистинската агенда зад нивната привидно добротворна борба за спасување на сиромашните од пеколот на болеста. Наместо да се фокусираат на подобрување на нивните најосновни услови за живеење, исхрана, санитација и да го намалат геополитичкото насилство кое ги уништува животите на стотици милиони луѓе.

Морбилите се вистинска болест со реални штетни здравствени ефекти, од кои некои може да бидат опасни по живот. Но, нашиот имунолошки статус, како и кај сите заразни болести, ја одредува подложноста и дали болеста ќе биде блага или смртоносна. Вие не можете со вакцинирање да ги подобрите условите што водат кон компромитиран имунитет, ниту пак можете да ги вакцинирате луѓето против желбата да ја следат вистината за вакцините.

Дознајте повеќе во базата на податоци  на GreenMedIinfo – Health Guide:Vaccine Research.

Извор


Референци:

[1] P Aaby, K Knudsen, T G Jensen, J Thårup, A Poulsen, M Sodemann, M C da Silva, H Whittle. Measles incidence, vaccine efficacy, and mortality in two urban African areas with high vaccination coverage. J Infect Dis. 1990 Nov ;162(5):1043-8. PMID: 2230232

[2] Inácio M Mandomando, Denise Naniche, Marcela F Pasetti, Xavier Vallès, Lilian Cuberos, Ariel Nhacolo, Karen L Kotloff, Helder Martins, Myron M Levine, Pedro Alonso. Measles-specific neutralizing antibodies in rural Mozambique: seroprevalence and presence in breast milk. Am J Trop Med Hyg. 2008 Nov;79(5):787-92. PMID: 18981523

[3] L Sekla, W Stackiw, G Eibisch, I Johnson. An evaluation of measles serodiagnosis during an outbreak in a vaccinated community. Clin Invest Med. 1988 Aug ;11(4):304-9. PMID: 3168353

[4] GreenMedInfo.com > Research > Problematic Actions > Vaccination: Measles-Mumps-Rubella: http://www.greenmedinfo.com/anti-therapeutic-action/vaccination-mumps-measles-rubella-mmr

[5] A J Hall, F T Cutts. Lessons from measles vaccination in developing countries. BMJ. 1993 Nov 20;307(6915):1294-5. PMID: 8257878

[6] Peter Aaby, Henrik Jensen, Francois Simondon, Hilton Whittle. High-titer measles vaccination before 9 months of age and increased female mortality: do we have an explanation? Semin Pediatr Infect Dis. 2003 Jul;14(3):220-32. PMID: 12913835

[7] BBC New, Unicef child-death campaign in Africa ‘failed,’ Jan. 2010

[8] T L Gustafson, A W Lievens, P A Brunell, R G Moellenberg, C M Buttery, L M Sehulster. Measles outbreak in a fully immunized secondary-school population. N Engl J Med. 1987 Mar 26 ;316(13):771-4. PMID: 3821823

[9] R M Davis, E D Whitman, W A Orenstein, S R Preblud, L E Markowitz, A R Hinman. A persistent outbreak of measles despite appropriate prevention and control measures. Am J Epidemiol. 1987 Sep ;126(3):438-49. PMID: 3618578

[10] B S Hersh, L E Markowitz, R E Hoffman, D R Hoff, M J Doran, J C Fleishman, S R Preblud, W A Orenstein. A measles outbreak at a college with a prematriculation immunization requirement. Am J Public Health. 1991 Mar ;81(3):360-4. PMID: 1994745

[11] N Boulianne, G De Serres, B Duval, J R Joly, F Meyer, P Déry, M Alary, D Le Hénaff, N Thériault.[Major measles epidemic in the region of Quebec despite a 99% vaccine coverage]. Can J Public Health. 1991 May-Jun;82(3):189-90. PMID: 1884314

[12] S A de Oliveira, W N Soares, M O Dalston, M T de Almeida, A J Costa. Clinical and epidemiological findings during a measles outbreak occurring in a population with a high vaccination coverage. Rev Soc Bras Med Trop. 1995 Oct-Dec;28(4):339-43. PMID: 8668833

[13] N Coetzee, G D Hussey, G Visser, P Barron, A Keen. The 1992 measles epidemic in Cape Town–a changing epidemiological pattern. S Afr Med J. 1994 Mar ;84(3):145-9. PMID: 7740350

Please follow and like us:
error