Данската Студија Покажа Стапка на Аутизам 1:100

КОПЕНХАГЕН, Данска – Имаме уште една „данска студија“, за која постојано ќе се разговара. Многу е лошо што никој не ги чита (или разбира) деталите за овие студии кои се финансирани и истражувани од страна на компании кои произведуваат вакцини (ова е финансирано од фондацијата на Ново Нордиск, а истражувањето е спроведено од данскиот производител на вакцини Statens Serum Institute).

Јас нема да ве заморувам со тоа како доследно овој конкретен производител на вакцини помогна да се објават лажни студии што се користат овде во САД, за да докажат дека „вакцините не предизвикуваат аутизам“, но тоа е долга историја. Значи, ќе набројам шест брзи факти зошто оваа студија не менува ништо во врска со дебатата (но, секако, ќе се користи од Пол Офит и други, за да уште еднаш да ја „треснат вратата“):

1.Проучувана е  само една вакцина. Иако децата добиваат 11 вакцини, а МРП не се дава до 12 месеци, долго по многу други вакцини. Еве на табелата:

Само гледајте. Медиумите ќе кажат, одново и одново – „ докажано е  дека вакцините не предизвикуваат аутизам”. Не, не е докажано. Ако докажете дека Vioxx предизвикува срцев удар, тоа не значи дека сите лекови предизвикуваат срцев удар…

2. Најрелевантните податоци во студијата никогаш нема да бидат покриени –  зошто стапката на аутизам во оваа студија е само 1 на 100?

Овде, во САД сме на 1 во 36! Не треба ли истражувачите од CDC да отидат во Данска за да дознаат зошто нивната стапка на аутизам е многу пониска од нашата? На секои 1.000 дански деца, само 10 имаат аутизам. Но, тука во САД, имаме 28 на 1.000, што е 177% повеќе аутизам! Мислев дека Пол Офит сакаше сите да веруваат дека стапката на аутизам е иста насекаде?

Моја лична теорија, за тоа зошто Данците имаат пониска стапка на аутизам (и тоа е само теорија) е дека тие не даваат вакцина против хепатит Б. Ниту една од децата во оваа студија не ја прими вакцината, а кинеска студија неодамна покажа дека вакцина против Hep B, предизвикува оштетување на мозокот кај глувците. Јас лично мислам дека тоа е огромен дел од проблемот. (Данците, исто така, не даваат вакцина против ротавирус и против грип. Многу пониското барање за вакцинација на данските деца наспроти американските деца не се спомнува никаде во студијата.)

3. Тие го злоупотребуваат зборот „невакцинирани“ и медиумите исто така!

Авторите на студијата се расфлаат со зборот „невакцинирани“, но барем во студијата, пишува „не примиле МРП “. Поинаку речено, децата ги примија СИТЕ ДРУГИ вакцини. Гледајте како луѓето се обидуваат да кажат дека ова е вакцинирани наспроти невакцинирани студија. Тоа не е. Еве еден пример:

Постои огромна разлика помеѓу големо епидемиолошко истражување (како оваа данска студија) и растечкото тело на биолошката наука која јасно и недвосмислено, покажува дека адјувантот – алуминиум, кој се користи во вакцините предизвикува оштетување на мозокот кај лабораториските животни.

4. Ова не ни кажува ништо за адјувансот алуминиум како тригер за имунолошкo – активирачки настани

Како што многумина од вас кои го следат моето пишување знаат, напишав цела книга во врска со науката што се појавува, покажувајќи како адјувантот на алуминиумот што се користи во вакцините најверојатно предизвикува настани со имунолошка активација кај мозокот на бебињата и во одредени ранливи деца, предизвикува аутизам. Можете да прочитате за поголемиот дел од оваа наука токму овде.

Постои огромна разлика помеѓу епидемиолошко истражување (како оваа данска студија) и растечкото тело на биолошката наука,која јасно и недвосмислено, покажува дека адјувантот на алуминиум кој се користи во вакцините предизвикува оштетување на мозокот кај лабораториските животни. Очигледно, оваа студија не прави ништо за докажување или негирање на сѐ побројните податоци кои произлегуваат од биолошките науки. Ништо.

5.Националниот регистар во Данска е неверодостоен според објавената наука

Пред помалку од две години, беше објавена студија која ги покажува недоследностите на Данскиот национален регистар, што е базата на податоци користени во оваа студија. Имено, покриеноста со вакцинацијата за МРП  е значително повисока од пријавената, истакна студијата:

„При проверка на медицинската евиденција во 19 случајно избрани општи пракси, со вкупно 1.712 запишани деца на возраст од 18 до 42 месеци, откривме значително повисока покриеност со МРП вакцина (94%), од проценетата преку податоци базирани на регистарот (86%). Овој наод е изненадувачки, особено поради тоа што официјалните национални бројки за вакцинација се базираат на овие податоци. Повеќе од половина од децата кои биле невакцинирани, според податоците од регистарот (55%), всушност, биле вакцинирани според медицинската евиденција.

Нашата студија, исто така, откри дека идентификуваните разлики помеѓу податоците од  регистарот и медицинската евиденција, главно се должат на административните грешки во системот на регистрација, опфаќајќи ја општата пракса и регионот. Најчесто, лекарите користеле точен уникатен код за МРП вакцината, но административните грешки се случиле во процесот за надомест, а на тој начин влијаеле врз податоците запишани во регистарот “.

Очигледно, податоците користени во студијата се неверодостојни.

6. Ова всушност е најважната точка, но исто така и најконфузната – во студијата не се зема во предвид  „пристрасноста кон здравите корисници (healthy user bias -HUB)“

Ова е најважната, но и најконфузна точка, а тоа е истиот трик што групата на  Левин го искористи при правењето на нивната МРП студија пред неколку години, за тоа пишував овде. За среќа, мојата омилена веб страна, Vaccine Papers  дискутира за злоупотреба на HUB, па јас ќе ги користам за да го објаснам:

„Пристрасноста кон здравите корисници (HUB) е сериозен проблем во студиите за безбедност на вакцината. HUB се создава кога луѓето со здравствени проблеми избегнуваат вакцинација. Кога ќе се случи ова, нездравите, невакцинирани субјекти се користат како контроли. Како резултат на тоа, вакцинираната група има подобро здравје на самиот почеток. Подоброто здравје на вакцинираните е погрешно припишано на вакцината. Вакцината добива признание за подобрување на здравјето, кога всушност таа предизвикува штета “.

Дозволете ми да се обидам да објаснам. Хипотетичко данско дете („Дете Б“) има постар брат со аутизам. Детето Б ги добива сите вакцини пред МРП (не се дава до 15 месеци во Данска) и до возраст од 12 месеци ова дете е болежливо и не се развива како своите врсници (сетете се, неговиот брат има аутизам, тој веројатно е повеќе изложен на ризик, но тој досега ги добил сите вакцини). Родителите сега се навистина загрижени, така што ја прескокнуваат вакцината против МРП . Тие престануваат да го вакцинираат. Но, тоа е премногу доцна, детето развива аутизам. Тоа никогаш не добило МРП . Во оваа студија, тоа докажува дека „ МРП не предизвикува аутизам“. Сфаќате? Родителите избегнуваат МРП , бидејќи детето секако не било добро. Но, тоа станува податок, кој овие автори најмногу сакаат да го најдат – дете со брат или сестра со аутизам, кое не добило   МРП, а има аутизам. Ако не  се земе во предвид ваквата пристрасност, вашите податоци почнуваат да стануваат бесмислени, секако CDC го знае ова, бидејќи тие имаат пишувано  за сето ова.

Студиите за безбедност на вакцините обично ги споредуваат здравствените резултати кај вакцинираните и невакцинираните луѓе. За да се добијат точни резултати, двете групи мора да бидат „усогласени“, што значи дека тие имаат слични здравствени карактеристики и начин на живот.  Покрај тоа, истражувачите треба да имаат контрола врз тоа кој ја добива вакцината, а кој не. Ако истражувачите ја немаат оваа контрола (познато како „опсервациска“ студија), невозможно е да се уверат дека групите се исти. Разликата во групите може да предизвика предрасуди кои сериозно го нарушуваат исходот од студијата. Ваквото лошо споредување може да предизвика студијата да биде тотално погрешна.

Повеќето студии за безбедност на вакцините се набљудувачки и според тоа, не вклучуваат контрола од истражувачите врз изложеноста на вакцината. На пример, студии често се вршат со „административни податоци“, што се здравствени податоци собрани од осигурителни компании или влади. Истражувачите можат да користат административни податоци за да ги споредат здравствените резултати кај вакцинираните и невакцинираните лица. Голем проблем е тоа дека вакцинираните и невакцинираните луѓе не се исти. Критичните разлики вклучуваат:

  1. Здравите лица почесто одлучуваат да бидат вакцинирани. Луѓето со хронични заболувања или здравствени проблеми имаат тенденција да го избегнат ризикот од вакцинација.
  2. Луѓето кои избираат вакцинација, имаат тенденција да имаат други однесувања за „здравје“, како што се подобра исхрана и вежбање, или прават редовни скрининг и медицински тестови.

Овие разлики ја  создаваат „пристрастноста кон здравите корисници” (HUB) во студиите за вакцини. Се чини дека студиите за вакцина против грип силно се засегнати од наклонетоста кон здравиот корисник. Луѓето кои ја примаат вакцината против грип имаат драматично пониски (50% пониски) смртни случаи и подобро здравје кога НЕ е сезона на грип (т.е. во текот на летото). Ова не е веројатно поради вакцината, туку затоа што луѓето што избираат да ја примат вакцината против грип имаат подобро основно здравје и повеќе „однесување што цели кон здравјето”. Д-р Петар Доши од Универзитетот Џонс Хопкинс го опишува проблемот со „HUB“ во British Medical Journal:

Од најмалку 2005 година, истражувачите кои не се во врска со  CDC,  ја посочија неможноста на вакцините против грип да спречат 50% од сите смртните случаи (независно од причината), кога се проценува дека грипот предизвикува само 5% од сите зимски смртни случаи. Па како може овие студии и двете објавени во рецензирани списанија со  големо влијание и спроведени од академски и владини истражувачи со некомерцијално финансирање – да се погрешни? Земете во предвид една студија која CDC не ја цитира, која покажала дека вакцинацијата против грип  е поврзана со 51% намалени шанси за смрт кај пациенти хоспитализирани со пневмонија (28 од 352 [8%] вакцинирани субјекти починале наспроти 53 смртни случаи меѓу 352 [15%] невакцинирани контролни субјекти ). Иако резултатите се слични на оние на студиите кои CDC ги цитира, невообичаен аспект на оваа студија беше тоа што тaa се фокусираше на пациенти надвор од сезоната на грип – кога е тешко да се замисли дека вакцината може да донесе корист. И авторите, академиците од Алберта, Канада, го знаат ова. Целта на студијата беше да покажат дека фантастичната корист што тие ја очекуваа и што ја пронајдоа, како и други истражувачи (како двете студии што ги цитира CDC), е едноставно неаргументирано , затоа што најверојатно се производ на „ефектот на здравиот корисник“ (во овој случај, склоноста на поздрави луѓе веројатно повеќе да се вакцинираат од помалку здрави луѓе). Други, пак, продолжуваат да ја демонстрираат оваа пристрасност и да бидат присутни во други студии за вакцина против грип. Наклонетоста кон за здравите корисници,  се заканува да ги направи опсервационите студии, на кои службениците научници се повикуваат – не веродостојни “.

Пристрасноста кон здравиот корисник е специфичен тип на „пристрасност при изборот“. Пристрасноста при избор е добро позната. На пример, во најчесто употребуваниот учебник за епидемиологија и статистика се наведува следново:

Пристрасноста при селекција се јавува кога на субјектите им е дозволено да ја изберат студиската група во која сакаат да бидат вклучени. Ако на субјектите им е дозволено да изберат сопствена студиска група, оние кои се пообразовани, или повеќе се свесни за здравјето можеби ќе сакаат да пробаат нова терапија или превентивна мерка. Разликите кои подоцна се пронајдени може делумно или целосно да се резултат на разликите помеѓу субјектите, а не на ефектот од интервенцијата. Речиси секој неслучаен метод на распределба на субјектите на студиските групи може да произведе пристрасност во изборот“. (Epidemiology, Biostatistics and Preventative Medicine, Jekel et al, 2007, стр. 70)

Исто така истражувачите од CDC ја  проучуваат „пристрасноста кон здравите корисници“.

Во 1992 година, истражувачите од CDC, д-р Пол Фин и д-р Роберт Чен, објавија важен документ во кој се опишуваат доказите за HUB во студиите за вакцина против ДПТ и синдромот на ненадејна смрт на новороденчиња (SIDS). Тие добија математички модел за пресметување на силата на HUB. Нивниот документ вели:

„… поединците предиспонирани за SIDS  или енцефалопатија се со релативно мала веројатност да добијат ДПТ вакцинација. Студиите кои не ги контролираат адекватно за оваа форма на „збунувачки индикации“, ќе имаат тенденција да ги потценат сите вистински ризици поврзани со вакцинацијата“.

„… ова е општ проблем за проучување на негативните реакции на профилактичките интервенции, бидејќи тие можат да бидат одложени од некои лица токму поради тоа што тие веќе се изложени на висок ризик од несаканиот настан “.

„Ако таквите студии треба да се покажат корисни, тие мора да вклучат огромни напори за контрола на таквите фактори во нивниот дизајн, анализа и толкување. Дали ова е можно воопшто, треба да биде отворено за дискусија. Тешкотијата да се стори тоа е неоспорна“.

Значи, едноставно прашање за оваа нова МРП студија. Дали терминот „ healthy user bias“  е употребен било каде во студијата? Не, се разбира не, бидејќи ова не е вистинска епидемиологија, ова е корпоративна епидемиологија да генерира јак наслов и веројатно ќе функционира. Тие не ја земаат во предвид  пристрасноста кон здравиот корисник, во ситуација кога таквото однесување масовно ќе влијае на резултатите. Без него, податоците навистина се бесмислени. Авторите чепкаат по оваа тема во заклучокот, но не даваат значење ни малку,  како што чесен епидемиолог за вакцина знае дека треба.

Како што веќе видовте, наклонетоста кон здравиот корисник, ќе има огромно влијание врз резултатите, особено кога само 1% од испитаниците го имаат она што се мери (аутизам). Но, зошто да дозволиме неколку  детали да застанат на патот на добра приказна?

Моите противници сакаат да истакнат дека јас не сум научник, па како се осмелувам да ги напишам овие есеи кои зборуваат за науката? Затоа еве одличен блог пост за оваа студија од научник, д-р Џејмс Лионс-Вајлер. Ако имате пријател кој е епидемиолог, испратете му го овој линк: An Autopsy on Hviid et al. 2019’s MMR/Vaccine Science-Like Activities.

Автор JB Handley

Извор

Please follow and like us:
error