За Данската Студија

Студијата за МРП вакцината која неодамна ја објави Hviid et al. (2019, Annals of Internal Medicine) со наслов – „Вакцинација за морбили, заушки, рубеола и аутизам – Национална збирна студија“, остава многу посериозни прашања од колку дефинитивни одговори.

Авторите тврдат дека нивната работа „силно го поддржува тврдењетo дека  вакцинацијата со МРП  не го зголемува ризикот за аутизам, не предизвикува аутизам кај децата кои се подложни и не е поврзана со зголемен број на случаи на аутизам по вакцинацијата“.

Ова е исклучително широко тврдење кое, за жал, не е поддржано со доказите што ги презентираат. Во студијата постојат осум основни недостатоци кои доведуваат до прашања за точноста на заклучоците.

1.Недостигаа деца од примерокот на студијата.

Прво и основно е нецелосното пријавување на случаи на аутизам во рамките на нивниот примерок на податоци. Авторите на студијата користеле регистри на Данска, за деца родени во Данска од мајки родени во Данска, кои треба да ја одразуваат моменталната пријавена инциденца на аутизам во Данска со 1,65% (Schendel et al., 2018, JAMA). Сепак, инциденцата на аутизам во примерокот во студијата (Hviid et al.) е 0,98%, што значи дека околу 4.400 деца со аутизам недостасуваат од оваа студија. Авторите не дискутираат за разликата во бројот на случаи.

2. Многу од децата во примерокот беа премногу млади за дијагноза на аутизам:

Најверојатната причина за несовпаѓање во случаите е дека примерокот во Hviid et al. студијата е премногу млад, за целосно да се утврди дијагнозата на аутизмот. Просечната возраст на примерокот е 8,64 години, со стандардна девијација од 3,48 години. Возраста на дијагноза на аутизам во просек е пријавена како 7,22 години со стандардна девијација од 2,86 години. Ако претпоставиме дека возраста на дијагноза следи стандардна крива на ѕвонче, тоа би значело дека 31,5% од примерокот е премногу мал за да добие дијагноза на аутизам. Ова значи дека околу 3.400 дополнителни случаи не се вклучени во анализата, што би довеле до исход – резултатите да не влијаат на наоѓање на врска помеѓу МПР вакцината и аутизмот.

3. Неуспех  да се елиминираат оние со аутизам, поврзан со генетските состојби од примерокот:

Покрај тоа, поединци на кои им биле дијагностицирани  генетски коморбидитети (познато дека водат кон аутизам), по 1 година биле „цензурирани“, што значи дека биле следени до времето на дијагнозата, но не биле отстранети од студијата. Така, тие беа броени во примерокот, а многу од нив најверојатно биле аутистични поради генетска состојба. Тие треба соодветно да бидат елиминирани од примерокот.

4.Употреба на две различни МРП вакцини:

Исто така, во оваа студија беа користени две различни МРП вакцини. Формулацијата на GlaxoSmithKline – Priorix® беше употребена од 2000 до 2007 година, а формулацијата на Мерк ММR® II беше користена од 2008 до 2013 година. Priorix® го содржи Schwarz сојот на морбили, a MMR®II го содржи Ender Edmonston. Така, децата кои ја користеле формулацијата на Мерк, биле премногу млади за да добијат дијагноза на аутизам, бидејќи најстарите во студијата би биле 6 години или помлади. Ова е важно за споредба со искуството во другите земји, особено во САД каде формулацијата на Мерк беше користена исклучиво за целиот период на истражување.

5.Неуспехот да се контролира „ефектот на дозирање“:

Возраста во која данските деца во примерокот ја добиле својата втора доза од МРП вакцина, е намалена од 12 години на 4 години во 2008 година. Ова значи дека децата родени по 2004 година ќе добијат две МРП вакцини, пред просечната возраст на дијагнозата аутизам, додека децата родени пред 2004 година добиле само една МРП вакцина. Ако навистина постои „ефект на дозирање“ на МРП ( каде што двете дози се каузално поврзани со аутизмот), ова не може да се разјасни во примерокот и повторно, вака ги формирале резултатите погрешно – да не најдат врска.

6.Статистичкиот метод не успеа да ги опфати децата со задоцнета дијагноза на аутизам:

Авторите исто така користеле нетранспарентен статистички метод  „лице – возраст“ по вакцинацијата со МРП . Кадешто  децата кои добиле дијагнозата на аутизам, веднаш по примањето на првата МПР вакцина ќе бидат понагласени од децата со покасно воспоставена дијагноза. Ова нема никаква смисла, со оглед на тоа што возраста на дијагноза на аутизам варира во голема мера кај популациите, врз основа на пристап до услугите и сериозноста на случајот со аутизам, меѓу другите фактори. Овој тип на метод е „позајмен“ од епидемиологијата на заразни болести, кога изложеноста директно доведува до состојба на болест, како на пример крупната сипаница. Сепак, методот нема улога во проценката на хроничните последици од вакцинација, што може да потрае со години за да се добие точна дијагноза.

7.Вакцинираните браќа на деца со аутизам, покажуваат повеќе дијагнози на аутизам:

Интересно е да се забележи зголемената инциденца на аутизам кај момчињата со аутистични браќа и сестри во вакцинираната група прикажана на слика 2 од додатокот на студијата. Зголемувањето кон крајот на „кривата на преживување“ покажува дека повеќе момчиња вакцинирани со МРП (со аутистични браќа и сестри) се дијагностицирани со аутизам од невакцинираните момчиња. Разликата не е статистички значајна, но ова може да биде многу значајно поради помалиот број на момчиња вклучени  во оваа анализа.

Авторите на студијата, исто така, ја наведоа и студијата на  Дестефано од 2004, кој е соработник на CDC. Студија која всушност покажува статистички значајна врска помеѓу возраста на администрирање на МРП  и инциденца на аутизам. Ова се дискутирано во ренализата на податоците на CDC во „ Journal of American Physicians and Surgeons ” (Hooker, 2018).

8.Конфликт на интерес на авторите на студијата:

Треба да се напомене дека трите автори на студијата моментално се вработени во Институтот за серум Statens, кој е производител на профитни вакцини во Данска. Покрај тоа, оваа работа беше финансирана од грант од фондацијата Ново Нордиск. Ново Нордиск е дански мултинационален фармацевтски производител. Ова се два сериозни конфликти на интерес.

Водечкиот автор, Андерс Хвид, беше вториот автор на студија за врската помеѓу МРП и аутизмот, публикувана во „New England Journal of Medicine“, (Madsen et al., 2002). Ова истражување беше завршено и покрај фактот дека авторите на студијата никогаш не добиле соодветна етичка согласност за да ја завршат студијата. Детална анализа на ова е прикажана од Children’s Health Defense.

Со овие недостатоци, овој труд не може да се потпре на докази дека МРП вакцината не предизвикува аутизам.

Автор Brian S. Hooker, PH.D., P.E.

Извор