Колективен Имунитет – Дали Масовното Вакцинирање Може Да Го Постигне?

Постојано нѐ потсетуваат дека намалувањето на покриеноста со вакцинација на децата би претставувало ризик од епидемија при внесување на болеста. Исто така постојано сме потсетувани дека спроведувањето на строгите мерки за вакцинација би спречиле појава на епидемија и би ги заштитиле доенчињата кои се мали за вакцината и имунолошки компромитираните, преку ефектот на колективен имунитет, кој се припишува на вакцинација.

Нема сомнение дека појава на болест може да се случи во неимуна заедница, ако вирусот се увезе таму. Вистинското прашање е колку добро високиот степен на вакцинација, може да обезбеди колективен имунитет и да се заштити заедницата од појава на епидемија?


Колективен имунитет – теорија и пракса

Колективниот  имунитет не е имунолошка идеја, туку епидемиолошка конструкција, што теоретски предвидува успешна контрола на болеста или искоренување на вирусот кога претходно пресметан процент на луѓе во популацијата станува имун. Училишна лекција за колективен имунитет [1]:

„Заедно со зголемувањето на интересот за колективниот имунитет, се зголемува бројот на ставови за тоа што значи или дури и дали воопшто постои. Неколку автори изнесуваат податоци за мали сипаници кои го „предизвикуваат“ принципот на имунитетот на стадото, а други наведуваат многу различни проценки (од 70 до 95 проценти) за големината на прагот на имунитет, потребен за искоренување на сипаниците“.

Раното истражување извршено од Хедрих, се користи како инструмент дека идејата за колективен имунитет е лесно достапна. Хедрих ги анализира епидемиите на мали сипаници кои се случуваат во Балтимор на секои 2-3 години, помеѓу 1900 и 1931 година. Тој открил дека само пред голема епидемија во тој град, процентот на подложни деца на возраст под 15 години бил околу 45-50%. На крајот на секоја епидемија, процентот на уште подложни деца никогаш не паднал под 32% [2]. Сепак, 95-97% од децата прележувале мали сипаници пред да стигнат до 15 години [3]. Поради оваа причина, возрасните биле имуни на мали сипаници.

Заклучокот дека прилично голем број на подложни деца рутински избегнале морбили за време на епидемии, на Службата за јавно здравје во Соединетите Американски Држави, им дало надеж  дека имунитетот на стадо работи на прагот, кој е значително помал од 100%. Беше направено официјално предвидување дека морбилите брзо ќе се искоренат во САД уште во 1967 година, преку воспоставување и одржување на овој лесно достапен праг преку масовна вакцинација [4], која веќе започнала во 1963 година. Ова предвидување не успеа да се материјализира и епидемиите на морбили во САД не застанаа во 1967 година. Концептот дека имунитетот врз база на вакцини е лесно достапен за целите на брзо искоренување на болеста, се чини дека е неважечки.

Концептот на колективен имунитет потоа еволуирал, за да ја оправда идејата за вакцинирање на децата против многу блага детска болест, не за нивна сопствена корист, туку за заштита на ранливиот сегмент од популацијата што не е погоден за вакцини. На пример, рубела не е опасна за децата. Сепак, кај бремени жени кои немаат имунитет на рубела пред бременоста, вирусот на рубела претставува опасност во текот на првиот триместар со зголемување на ризикот од развој на абнормалности на фетусот (конгенитална рубела).

Можеби со добра намера веднаш да се стави крај на ризикот од конгенитална рубела во нивната заедница, децата од основното образование биле вакцинирани масовно против рубела во 1970 година во Каспер, Вајоминг. Иронично, девет месеци по оваа кампања за локална вакцинација, епидемија на рубела го погоди Каспер, Вајоминг. Ефектот од колективниот имунитет не се материјализирал, а епидемијата вклучувала повеќе од илјада случаи и достигнало неколку бремени жени, додека неодамна вакцинираните деца биле поштедени од рубела. Скептичните автори на студијата што ја опишуваа оваа појава, напишаа[5]:

„Концептот дека високо имунизирана група деца, пред пубертет, ќе го спречи ширењето на рубелата во остатокот од заедницата, со оваа епидемија, се покажа дека секогаш не е валиден”.

Без оглед на оваа реалност за контрола и ерадикација на болеста, неоснованото верување во имунитетот на стадото продолжува да влијае на легислативата поврзана со вакцина во многу држави во САД и во други земји. Поимот за имунитет на стадо се користи како адут за да се оправдаат сите мерки, честопати во судир со личната слобода на избор, со цел да се зголеми стапката на вакцинацијата. Имплицитна претпоставка е дека достапноста на исклучоците од вакцините на некој начин би го компромитирала овој скапоцен имунитет на стадото, што јавните здравствени власти толку тешко се трудат да го воспостават и одржат со масовна вакцинација.

Иако доказот за колективен имунитет, базиран на вакцинирање, допрва треба да се материјализира, има многу докази за спротивното. Само една публикација од Poland & Jacobson (1994) известува за 18 различни епидемии на морбили низ Северна Америка [6], кои се случуваат во училишните популации со многу висока покриеност со вакцини за мали сипаници (до 99,8%). Во овие епидемии, вакцинираните деца сочинуваат 30% до 100% случаи на мали сипаници. Многу повеќе слични епидемии кои се појавуваат по 1994 година се опишани во епидемиолошките публикации.

Кој е виновен?

Медицинскиот естаблишмент брзо ја обвини Мајката Природа за честата појава на епидемии на морбили, во високо вакцинирани заедници. Беше забележано дека ако се вакцинира премногу рано, новороденчето може да не реагира на вакцината против морбили поради инхибиторниот (и истовремено заштитниот) ефект на мајчините антитела пренесени преку плацентата. Пред 1990-тите, една доза од вакцина против мали сипаници беше на распоредот во детството во Северна Америка. За да се компензира потенцијалното „мешање“ на преносот на имунитетот кај мајките со првиот круг на вакцинација на мали сипаници кај некои деца, во САД и во Канада во почетокот на 1990-тите беше воведена двојна стратегија за вакцинација со МРП (морбили-заушки-рубела).

Ендемичните мали сипаници подоцна беа елиминирани во Северна Америка, но во 2011 година се појави голема епидемија на морбили, кои биле увезени од други држави. Ова е најголема епидемија по периодот на елиминација. Ја погоди заедницата во Квебек, Канада, со 95-97% покриеност со  вакцина за морбили, во ерата на двојна вакцинација за истите. Ако двојната вакцинација не е доволна за да ги закрпи неуспесите на вакцинацијата во раните години и да го обезбеди неостварливиот имунитет на стадото, тогаш треба да очекуваме тројна (или можеби четирикратна) MРП стратегија за вакцинација за да видиме како тоа може да функционира во однос на имунитетот на стадото? Или би требало наместо тоа да го преиспитаме концептот на истиот?

Погрешна претпоставка

Поимот за колективниот имунитет се заснова на погрешна претпоставка дека вакцинацијата предизвикува индивидуална состојба што е еквивалентна на имунитетот bona fide (доживотна отпорност на повторна вирусна инфекција). Поради ова, очекувањата за теоријата на колективниот имунитет се осудени на пропаст во реалниот свет.

Некои релевантни информации за антивирусен имунитет можат да се научат од експерименти кај животни. Ochsenbein et al. (2000) спроведоа експеримент кај глувци [7], во кој го споредиле ефектот на инјектирање на глувците со два препарати од вирусот на везикуларен стоматитис (VSV). Тие имунизирале глувци со немодифициран VSV (жив вирус) или VSV без дејство на ултравиолетовата светлина, неспособен за репликација (мртов вирус). Потоа го тестирале капацитетот на серумот од двете групи на имунизирани животни за да го неутрализираат VSV (т.е. да го направат VSV неспособен за инфицирање на клетките) во текот на 300 дневниот распон по имунизацијата.

Инјектирањето на препаратот со живи вируси предизвика долготраен капацитет на серумот за неутрализирање на вирусот, кој опстојувал за целото времетраење на студијата, без забележителен пад. Спротивно на тоа, инјектирањето на подготовката на мртвите вируси предизвикало многу пониски нивоа на титри на серумските антитела кои неутрализираат вируси. Серумските титри за неутрализирање на вирусот достигнаа врв на 20-тиот ден после имунизација, а потоа почнаа набрзо да изчезнуваат. Отидоа под нивото што може да се открие со тестот за неутрализација до крајот на студијата.

Заклучокот на овој експеримент беше дека постапката што го ослабува или деактивира вирусот, исто така, ја намалува неговата способност да индуцира долготрајни титри за истиот, по имунизација на животните.

Треба да се напомене дека вакцините против вирусните детски болести се слично подготвени со прво изолирање на див вирус од болен човек, а потоа се прави вештачко атенуирање или инактивирање, за да се направи вакцинален сој на вирусот. Слабеењето или инактивацијата на дивиот вирус за да стане вакцинален вирус, е направено за да се намали веројатноста од појава на симптоми на вирусното заболување, иако во некои случаи ова сепак се случува. Процесот на слабеење, односно правејќи го вирусот на вакцината „побезбеден“ од оригиналниот див вирус, влијае на трајноста на заштитата базирана на вакцина.

Заштитниот праг за неутрализирање на титрите на серумот кај луѓето, може да се процени од студијата за морбили, спроведена во  Бостонскиот Универзитет [8] од Chen et al. Следната студија [9] од LeBaron et al. понатаму проценува колку време е потребно, по приемот на ревакцината со МРП, за неутрализирање на титрите на морбилите да паднат под нивото на заштитниот праг. Да ги разгледаме овие две релевантни студии рамо до рамо.

Студијата спроведена во  Бостонскиот универзитет, за епидемијата на морбили.

Во 1990 година,  беше земано крв од  студентите на Бостонскиот универзитет еден месец пред да се случи кампусот да биде погоден со појава на мали сипаници. Поради овие природни околности, истражувачите имале пристап до примероци на крв на многу студенти кои или добиле морбили или биле поштедени од болеста за време на епидемијата. Неутрализирачкиот серум на титри на морбили, беа мерени еден месец пред и два месеци по изложеноста на вирусот. Титрите пред изложеност (заради претходна вакцинација на овие ученици во нивното детство) потоа можеле да се доведат во корелација со степенот на нивната тековна заштита од мали сипаници. И тоа: (1) без забележлива инфекција или болест; (2) серолошки потврдена инфекција со мали сипаници со модифициран клинички тек на болеста или (3) со целосна клиничка слика на мали сипаници. Патем, седум од осум студенти кои завршија со целосна клиничка слика на мали сипаници, биле вакцинирани против мали сипаници во своето детство, некои дури и два пати.

Исходот од студијата за епидемијата на мали сипаници во Бостонскиот универзитет беше следниот:

-Кај сите претходно вакцинирани студенти кои доживеале морбили со целосна клиничка слика, титрите за неутрализирање на морбилите пред изложување – биле под 120;

-Седумдесет проценти од учениците чии резултати пред изложеноста на болеста биле помеѓу 120 и 1052, завршиле со серолошки потврдена инфекција со морбили, но бидејќи нивните симптоми на болеста не се во согласност со клиничката дефиниција на морбили, тие не биле категоризирани како случаи за време на епидемијата;

-Студентите со титри,  пред изложеност во износ поголем од 1052, беа во најголем дел заштитени и од типична клиничка болест, како и од инфекција со вирус на морбили.

Последователни набљудувања на вакцината за морбили.

Другата студија, од LeBaron et al. (2007), се обиде да го утврди времетраењето на титарите на серумот за неутрализација на вирусот на морбили, по приемот на вториот MРП бустер. Студијата вклучи неколку стотици здрави деца од руралните региони во САД, кои биле без епидемии на мали сипаници за времетраењето на студијата.

Студијата откри дека околу една четвртина од овие деца создале релативно висок серумски титар како одговор на МРП вакцинацијата. Останатите одговориле скромно на бустерите, но некои одговориле со многу мал број на титри. Иако оваа конкретна студија не можела да ги спореди титарите за неутрализација на морбилите помеѓу вакцинираните и природно имуните, студијата на Itoh et al. (2002) претходно покажа дека титрите за неутрализација на морбили предизвикани од вакцинацијата се околу девет пати пониски од оние предизвикани од природна инфекција [10]. Затоа, дури и оние лица кои релативно добро реагираат на вакцината против мали сипаници, не ги достигнуваат нивоата на нанеутрализирачките титри на мали сипаници постигнати по природна инфекција.

Серумските титри кај сите вакцинирани деца, без оглед на тоа што се релативно високи, умерени или ниски, достигнаа врв по еден месец по бустерот на МРП, а потоа се спуштија за шест месеци до нивоата пред бустер и продолжија постепено да опаѓаат во текот на следните 5 -10 години набљудување. Само околу една четвртина од децата (наречени високо-реагирачи) успеале да одржат титери во серумот над 1000 единици – 10 години по нивниот втор МРП бустер, добиен на возраст од пет години. Овој дел од децата е веројатно да бидат заштитени од вирусот на мали сипаници до времето кога тие ќе бидат адолесценти.

Оние кои најмалку реагирале на вакцината (последните 5%) имале број на титери во серумот под 120 единици, во рок од 5-10 години по вториот МРП бустер. Овој процент на вакцинирани деца се очекува да развијат морбили со целосна клиничка слика при изложеност, кога ќе станат малку постари. Ова е причината зошто вакцинираните (па дури и два пати вакцинираните) луѓе се појавуваат како случаи на болест, во бројка еднаква или дури и надминувајќи ги невакцинираните случаи во заедници со многу висока (> 95%) покриеност со вакцинација.

Брзата загуба на заштитата од вакцината, кај пациенти со ниска реакција е причината за парадоксот на „болеста што може да се спречи со вакцина“, да стане болест на вакцинираните. Таквите случаи на заболување не се неуспешни во текот на раното вакцинирање поради „мешање“ со мајчините антитела, туку тие се предвидени неуспеси на вакцината поради намалената заштита од вакцина.

За поголемиот дел со МРП вакцинираните деца, титарот за неутрализирање на морбили паѓа помеѓу 120 и 1000, до времето кога тие стапуваат во адолесценција. Овие деца можат да се здобијат со вирусот на мали сипаници при изложување и да бидат потенцијално заразни за време на епидемија, иако можат да доживеат модифициран тек на болеста и да не бидат етикетирани како случаи на морбили за целите на известување. Всушност, за време на појавата на епидемијата на сипаници во Бостонскиот универзитет, многу студенти со титри пред изложеност помеѓу 120 и 1052, кои официјално не се категоризирани како случаи, имале некои симптоми на вирусната болест (грип), вклучувајќи течење на носот, кашлица, фотофобија, главоболка, треска и дијареа. Овие болни „не-случаи“, завршиле со високи сериски титри пост-изложеност на мали сипаници, исто како и типичните случаи на болеста, што укажува на вирусна репликација и оттаму – пренос.

Високата стапка на вакцинацијата НЕ резултира со имунитет на „стадото“!

Случаите на повторниот увоз на вирусот на мали сипаници во Северна Америка по уништувањето на ендемичниот вирус, обично резултираа со мали или неодржливи епидемии во последната деценија, делумно поради будноста на органите за јавно здравје во реализацијата на карантин. Сепак, во 2011 година увезената епидемија на мали сипаници во Квебек, Канада карактегоризирана од de Serres et al, се чинела злокобно различна [11]. Строги карантински мерки не биле имплементирани, веројатно поради претпоставката дека регионот бил под влијание на колективниот имунитет, поради исклучително високата и унифицирана примена на вакцинација за мали сипаници (95-97%). Последиците од потпирањето на непостоечкиот имунитет на стадото, наспроти карантин како мерка во спречувањето на појава на епидемијата на увезената болест, многу кажува.

Внесен од учител од средно училиште, кој патувал во странство (сам се вакцинирал против мали сипаници во детството), епидемијата брзо се раширила од овој индексен случај. Се заразиле повеќе од 600 лица, меѓу кои 21 новороденче и епидемијата траела половина година. Речиси половина од случаите на морбили кај оваа епидемија се двапати вакцинирани лица. Овој голем број на заразени, двојно вакцинирани поединци, беше откриен само со активно прегледување на случаите, кој го изврши de Serres et al. Од друга страна, пасивниот надзор резултираше со значително мало пријавување на морбилите кај двапати вакцинираните, со што се изместила официјалната статистика.

Индикативно за постепеното опаѓање на заштитата базирана на вакцини, придонесот на двапати вакцинирани деца за болеста, се зголемува со возраста. Два пати вакцинираните случаи претставуваат само 4,1% од возрасната група 5-9 години, но 18% од возрасната група од 10-14 години и 22% од возрасната група од 15-19 години. Студијата не проценила колку претходно вакцинирани поединци завршиле со добивање на вирусот на мали сипаници со модифициран клинички тек на болеста и затоа не биле сметани како случаи на болеста заради пријавување, но сепак го ширеле вирусот наоколу во заедницата.

Можат ли вакцинираните да го пренесуваат вирусот на морбили?

Медицинскиот естаблишмент претпоставува дека вакцинираните деца, ако самите се заразени со вирусот или дури развивијат потполна клиничка болест, не можат да ја пренесат на други лица. Некои го цитираат трудот објавен во престижниот весник на Американското медицинско здружение (JAMA) во 1973 година, како обезбедување на докази за оваа претпоставка [12]. Навистина, насловот на статијата гласи „Неуспехот на вакцинираните деца да пренесуваат морбили“. Сепак, внимателното испитување на дизајнот на студијата открива дека студијата не соодветно се осврна на прашањето што требало – дали вакцинираните деца кои дефинитивно се заразени за време на епидемијата го пренеселе вирусот на другите, кои сеуште биле подложни на вирусот?

Резултатите од истражувањето објавено во  JAMA, покажуваат дека за време на епидемија на мали сипаници во заедницата во Ајова во 1970-тите, во кои беа вклучени и вакцинираните и невакцинираните деца, здравите вакцинирани деца било малку веројатно да пренесат мали сипаници на нивните помлади претшколски браќа и сестри, од кои многумина можеби неодамна биле  вакцинирани и затоа не биле подложни на мали сипаници во секој случај, за време на таа епидемија. Статусот на вакцинација на овие помлади браќа и сестри не беше утврден (или обелоденет) од студијата. Интересно, податоците од студијата покажуваат дека незаболените, невакцинирани деца, исто така, „не успеваат“ да пренесат мали сипаници (кои очигледно не се заразиле за време на таа конкретна епидемија), на нивните помлади претшколски браќа и сестри со неоткриен статус на вакцинација. Од ова е јасно дека статусот на вакцинација, не е индикатор за вирусен пренос.

Една неодамнешна студија, базирана на епидемијата на морбили во Њујорк од 2011 година, јасно покажа дека двојно вакцинираното лице (возрасно лице) може да пренесе морбили кај други двапати вакцинирани лица [13].

Да направиме пресметка!

Дозволете сега да се потсетиме дека наметнатата цел за воспоставување на колективен имунитет преку висок степен вакцинирање,  е да може веднаш да се прекине секакво појавување на бенигна детска болест, така што да ранливата популација (т.е. доенчиња или поединци што земаат имуно-супресивни лекови), може да се справи со болеста која е опасна само на нивната возраст или за состојбата на имунолошкиот систем. За да се спречи епидемија, 70-95% од населението, според многу широки теоретски проценки, мора да биде навистина имуно, односно отпорно на вирусна инфекција, не само заштитена од развивање на целиот спектар на симптоми кои се во согласност со прифатените клинички дефиниција на болеста. Сепак, 100% придржувањето кон вакцинацијата може во најдобар случај да направи само една четвртина од населението да стане отпорна на вирусна инфекција повеќе од една деценија. Очигледно е дека стабилниот колективен имунитет не може да се постигне преку детска вакцинација на долг рок, без оглед на степенот на согласност за вакцинацијата.

Дали ревакцинацијата е решение за опаѓањето на заштитата од вакцините?

Типични варијации во гените (односно, личен имуногенетски профил), влијаат на тоа како ефикасно вакцините се обработуваат и се презентираат на имунолошкиот систем заради производство на антитела. Ова може да биде една од причините зошто само дел од здравите деца добро реагираат на вакцинацијата (т.е. може да генерираат и одржуваат релативно високи титри за неутрализација на морбилите многу години), додека други здрави деца реагираат лошо на вакцинацијата. Дали повторно ќе се вакцинираат оние чиј личен имуногенетски профил не поддржува висока продукција на антитела како одговор на вакцината против морбили, за да го корегираат нивниот инхерентно низок степен на одговор на вакцинацијата? Истражувањето кое ја потврдува залудноста на ваквиот напор се извлече од набљудувањата што ги сумираше д-р Грегори Поланд [14]:

„Во студиите за морбилите, антителата пост имунизација кои се со „ низок позитивен“ опсег, не штитат од клинички мали сипаници, кога субјектите биле изложени на вирусот на диви мали сипаници, додека високите нивоа на титрите биле заштитни. Понатаму, оние кои не реагирале на единечна доза на вакцина против мали сипаници, кои покажаа одговор на антитела само по втората вакцинација, се шест пати поподложни на болест при изложување на див сој морбили, за разлика од оние кои створиле антитела при првата доза. Други ги испитуваа така наречените „лоши реагирачи“, кои беа ре-имунизирани и развија ниски нивоа на антитела , кои со тек на време се изгубиле – можат да се заразат со морбили при  изложување, 2-5 години подоцна. “

Одговорот е јасен – оние  кои реагираат  слабо на вакцината против мали сипаници и понатаму остануваат лоши реагирачи при понатамошна вакцинација и не можат да го спасат колективниот имунитет. Имајќи ги во предвид овие податоци, зошто медицинскиот  естаблишмент  инсистира дека ваквиот имунитет базиран на вакцини е дури и можен, ако може да се спроведат само построги или почести мерки за вакцинација? Зошто, заради недостижна идеја, мејнстрим педијатрите и претставниците од јавното здравство  ги измачуваат оние семејства кои решаваат да ги заштитат своите деца од можни повреди од вакцините или да обезбедат здравје на нивните деца преку природни стратегии, без вакцина?

Самоуништувачко вложување во јавното здравје

Биомедицинско верување дека детето ослободено од вакцини го загрозува општеството со тоа што не придонесува кон колективниот имунитет е апсурдно, бидејќи преку вакцинирањето на секое дете според потребниот распоред,  секако не може да се постигне  саканиот „имунитет на стадото“. Време е да се ослободиме од фанатизмот против оние кои бараат ослободување од вакцинација за нивните деца. Наместо тоа, треба да го свртиме вниманието кон исходот од кампањите за масовна вакцинација што доаѓа.

Масовната вакцинација на децата првично постигнува брзи резултати во намалувањето на болеста преку обид за искоренување на вирусот само поради тоа што има мнозинство со траен имунитет , односно возрасни кои природно го стекнале својот имунитет во ерата на пред-вакцинацијата. Меѓутоа, проблемот е што процентот на вакцинирани, но не имуни млади возрасни сега расте, додека процентот на постарата имуна популација се намалува поради возраста. Така, со текот на времето масовната вакцинација прави да го губиме, наместо да добиеме кумулативен имунитет кај возрасното население. Во оваа фаза, борбата за контрола на увезените епидемии ќе стане жестока битка, без оглед на вакцинацијата, при што искуството на Квебек од 2011 година е предвесник за повеќе такви неконтролирани епидемии.

Масовната вакцинација евентуално ги прекинува епидемиите на ендемските болести со отстранување на вирусна циркулација во заедницата, наместо да поттикнува постојан имунитет кај вакцинираните. Сепак, вирусните заболувања, иако се со намалена инциденца во многу земји, не се целосно искоренети од сите делови на светот. Елиминирањето на вирусна експонираност  на одредена територија, за време кога вирусот е присутен на глобално ниво –  не е добра вест. Продолжената масовна вакцинација на децата е мерка за контрола на болеста, која со текот на времето ја прави целата возрасна популација (но, уште поважно, доенчиња) се повеќе и повеќе беспомошна од нецелосно искоренетиот вирус, кој може лесно да се увезе.

Зошто авторитетите од  јавното здравство избираат да направат толку многу напор за самоуништувачки потфат на нееднакво уништување на вирусот?

Можеби малку задоцнето, доаѓа теоретското признавање на јавната здравствена катастрофа кон која одиме [15]:

„За заразни болести каде имунизацијата може да понуди доживотна заштита, може да се користат различни едноставни модели за да се објасни корисноста на вакцинацијата како контролен метод. Сепак, за многу болести, имунитетот бледее со текот на времето… Овде покажуваме дека вакцинирањето може да има низа неочекувани последици. Предвидуваме дека, по долг период без болест, воведувањето на инфекција ќе доведе до многу поголеми епидемии од оние предвидени со стандардните модели. Овие резултати имаат јасни импликации за долгорочниот успех на секоја кампања за вакцинација и ја истакнуваат потребата за добро разбирање на имунолошките механизми на имунитетот и вакцинацијата “.

Време е да ја согледаме реалноста на политиката за јавното здравје,  за вакцинација и долгорочните импликации од истата.

Автор д-р Татјана Обуканич, имунолог

Извор


Референци:

[1] Fine PEM. “Herd immunity: history, theory, practice.” Epid Rev15, 265-302 (1993).
[2] Hedrich AW. “Monthly estimates of the child population susceptible to measles, 1900-1931, Baltimore, MD.” Am J Epidemiol17, 613-636 (1933).
[3] Hedrich AW. “The corrected average attack rate from measles among city children.” Am J Epidemiol11, 576-600 (1930).
[4] Sencer DJ, Dull HB & Langmuir AD. “Epidemiologic basis for eradication of measles in 1967.” Public Health Rep82, 253-256 (1967).
[5] Klock LE & Rachelefsky GS. “Failure of rubella herd immunity during an epidemic.” N Engl J Med288, 69-72 (1973).
[6] Poland GA & Jacobson RM. “Failure to reach the goal of measles elimination. Apparent paradox of measles infections in immunized persons.” Arch Intern Med154, 1815-1820 (1994).
[7] Ochsenbein AF et al. “Protective long-term antibody memory by antigen-driven and T help-dependent differentiation of long-lived memory B cells to short-lived plasma cells independent of secondary lymphoid organs.” Proc Natl Acad Sci USA97, 13263-13268 (2000).
[8] Chen RT et al. “Measles antibody: reevaluation of protective titers.” J Infect Dis162, 1036-1042 (1990).
[9] LeBaron CW et al. “Persistence of measles antibodies after 2 doses of measles vaccine in a post-elimination environment.” Arch Pediatr Adolesc Med161, 294-301 (2007).
[10] Itoh M, Okuno Y & Hotta H. “Comparative analysis of titers of antibody against measles virus in sera of vaccinated and naturally infected Japanese individuals of different age groups.” J Clin Microbiol40, 1733-1738 (2002).
[11] De Serres G et al. “The largest measles epidemic in North America in a decade—Quebec, Canada, 2011: Contribution of susceptibility, serendipity and super-spreading events on elimination.” J Infect Dis207, 990-998 (2013).
[12] Brandling-Bennet AD, Landrigan PJ & Baker EL. “Failure of vaccinated children to transmit measles.” JAMA224, 616-618 (1973).