Како Tреската Придонесува За Вашето Здравје

(NaturalNews) Поголемиот дел од нашето општество живее со идејата дека здравјето е состојба на „чувство на добро“ и  дека тоа значи – „не се болни или заболени”. Се плашиме од контакт со бактерии, вируси и други микроорганизми. Ние користиме антибактериски сапун, спрејови, апчиња, напивки и лосиони. Ние постојано се „подготвуваме“ за следната голема пандемија на грип, итн.

Во традиционалните култури, треските секогаш биле добро почитувани и разбрани. Повеќето луѓе знаеле дека треската ќе се издигне и потоа ќе избие, слично како бран кој се тркала кон брегот. Сега, нашето општество се обидува да ја потисне треската веднаш, со употреба на антипиретици или супстанции кои ја намалуваат температурата.

Овие антипиретици вклучуваат ацетаминофен и ибупрофен. Тие брзо ја намалуваат температурата, но исто така го замолчуваат телото и го инхибираат развојот на имунолошкиот систем. Ова им овозможува на инвазивните организми да преживеат и да придонесат за формирање на хронична болест.


Вашиот имунолошки систем е мускул

Имунолошкиот систем функционира како мускул кој мора да се предизвика, за да му се зголеми моќта. Без отпор, имунолошкиот систем не може да зајакне. Соодветен отпор понекогаш може да му даде на телото  настинка или треска. Ова е природен адаптивен одговор, што телото го прави за да му дозволи на имуниот систем да функционира на повисоко ниво.

Добивањето на настинка или грип и симптоми на треска, може да бидат најдобриот израз на здравјето за некого. Индивидуалниот метаболен капацитет на имуниот систем кај одредени луѓе,  може да биде толку слаб, што не може да се справи со природните стрес – циклуси. Така, телото станува ранливо и развива вирусна или бактериска инфекција.

Треската го стимулира имунолошкиот систем

Имунолошкиот систем реагира на отстранување на инфекцијата и зајакнување на телото. Микроорганизмите можат да преживеат само во одреден температурен опсег. Вродената интелигенција во нашето тело го разбира ова и се прилагодува, за да создаде средина што е некомпатибилна за овие инфективни организми.

Како што се зголемува температурата, се намалува оптоварувањето од микроорганизмот во телото. Телото нема да  ја подигне температурата до точката на убивање на сите добри микроби, но ќе го стори тоа доколку е потребно. Кога телото е под екстремна инфекција, телото мора да го регулира внатрешниот екосистем со зголемување на температурата и убивање на микробите.

Нашата нормална телесна температура се вели дека е 36,6 степени целзиусови. Треската е дефинирана со орална температура што надминува 38 степени. На 38,3 степени, повеќето бактерии не се способни да преживеат, а на 38,8 степени, вирусите не можат да се реплицираат и да се шират во телото. Треските се обично само-ограничувачки и краткотрајни. Тие не се опасни додека не се качат над 40 степени.

Зголемената температура го активира имунолошкиот систем

Бидејќи температурата на телото се зголемува, ја активира CD8 + цитотоксичната Т-клетка. Ова е посебен лимфоцит кој може да ги уништи канцерогените клетки и клетките инфицирани со вируси. Истражувачите откриле дека повисоките телесни температури го зголемуваат бројот на CD8 + цитотоксичните Т-клетки. Ова создава значително поголем имунолошки одговор против инфекција.

Според д-р Џон Вери, доктор на науки, заменик-уредник на Journal of Leukocyte Biology :

„Имањето треска може да биде непријатно, но истражувачките извештаи покажуваат дека треската е дел од ефективен имунолошки одговор“.

Претераната стерилизација на нашата околина и користење на синтетички хемикалии, како што се лекови, вештачки витамини и редуктори на треска, го прават нашето тело послабо. Овие производи се како патерица која не дозволува телото да се прилагодува и да се засили. Значи, завршуваме слаби и ранливи и не можеме ефикасно да се прилагодиме на предизвикувачка околина.

Улогата на формирањето на слуз

Мукозните површини се примарни влезни точки во телото за патогени микроорганизми. До неодамна, повеќето научници гледаа на слузот како едноставна физичка бариера која помага да се спречи инвазијата на заразни организми. Исто така, се сметаше дека има улога за подмачкување помеѓу ткивата. Сепак, најновите истражувања покажуваат дека слузот се чини дека е примарен дом на уникатни организми, наречени бактериофаги.

Бактериофагите, кои исто така се нарекуваат „фаги“, се вируси кои се појавуваат и реплицираат во бактериите. Тие селективно ги напаѓаат антагонистичките микроорганизми и на тој начин го подобруваат здравјето на домаќинот.
Кадешто живеат бактерии и други микроорганизми, исто така ќе најдете и фаги.

Истражувачите најдоа докази дека фагите се здружуваат со домаќините (животните и луѓето), за да ги убијат несаканите бактериски колонии и да го контролираат составот на пријателските микроорганизми во телото. Овој процес го намалува бројот на заразни организми и го подобрува имунолошкиот систем.

За време на треска, телото ја зголемува слузта за да ги зафати бактериите и ја зголемува активноста на фагите, со цел да ги намали инфективните организми. Ова е интелигентен одговор на телото за да се спречи хронична инфекција и развој на болести. Имајте доверба во телото и доверба во вашите симптоми!

Кога треската е опасна?

Секогаш треба да се консултирате со вашиот лекар кога треската е над 39,5 степени или кога трае подолго од четири дена. Ако треската предизвикува огромна непријатност, проблеми со дишењето или конвулзии, тоа би било индикација да одите веднаш на доктор.

Треба да се пие чиста вода и да се користат електролити, како што е свежо исцеден лимон. Со ова ќе го поддржите телото, бидејќи тоа брзо ги употребува течностите и електролите во обид да се ослободи од инфективните организми. Ако температурата расте над 40 степени, ледена бања може да помогне да се намали малку, за да не предизвика штета на некој од виталните органи.

Автор Д-р Дејвид Џокерс

Извор

Референци:


http://www.huffingtonpost.com

http://www.jleukbio.org

http://www.drjockers.com

http://www.naturalnews.com

http://www.naturalnews.com

http://science.naturalnews.com


Правно оградување: Текстовите објавени на страната НЕ служат за давање на медицински совети, дијагнози и третмани и секогаш не го одразуваат ставот на Здружението.


Please follow and like us:
error