Ефикасност и несакани реакции на вакцината БСЖ

Во нашата земја вакцината БСЖ се аплицира најчесто во првите 24 часа од раѓање, а најкасно до навршени 12 месеци од животот.

Праксата покажува дека најчесто родителите ниту се информирани за апликација на вакцината, ниту се бара согласност, а ниту пак се запознаени за несаканите реакции кои можат да ги очекуваат, како да ги третираат, каде да пријават несакана реакција од вакцинацијата…

Но, дали БСЖ вакцината спречува добивање на туберкулоза?

Дали можните реакции од вакцината се минорни?


Ефикасност на вакцината БСЖ

Различни студии, вклучително и 15-годишен извештај на СЗО, откриле дека БСЖ не ја спречува туберколозата и не го намалува нејзиното ширење (ICMR, 1999).

Студија за вакцинирање на околу 260 000 лица за 7,5 години,  како прв дел од горенаведеното и цитирано во извештајот на СЗО од 1979 година, покажува дека дистрибуцијата на нови случаи на туберкулоза кај неинфицираните за време на вакцинацијата, не демонстрира докази за заштитен ефект на БСЖ. Во заклучокот го повторува веќе утврдениот факт дека БСЖ не обезбедува никаква заштита од болеста (ICMR & WHO, 1979).

Пред децении, се знаеше дека слабиот имунитет што беше постигнат преку БСЖ, не го ослободува организмот од туберкулозни бацили (Smith, 1967).

Една европска студија посочува дека обично се јавуваат случаи на туберкулоза забележани кај вакцинирани деца. Покрај тоа, голем број на научни извештаи ги отфрлаат ревакцинациите на БСЖ, како (Rodrigues, 2005; Infuso etal., 2006).

СЗО исто така не препорачува ревакцинации на БСЖ бидејќи тие се неефикасни и со дополнителен ризик од несакани ефекти (Dara et al., 2014).

Постојат некои докази за ефикасноста на БСЖ при компликации на туберкулоза, но истражувањата покажуваат дека тоа не е случај за неухранети деца кои покрај вакцинацијата, се сериозно болни и честопати со фатални компликации на милијарна и дисеминирана туберкулоза и туберкулоза менингитис (Udani, 1994). Се знае дека туберкулозата се нарекува „болест на сиромашните“.

Несакани реакции од БСЖ вакцината

Затоа што упатството  на бугарската вакцина БСЖ (можете да го видете овде како скениран документ, бидејќи го нема во Регистарот на лекови), не означува кои се сите несакани ефекти, вклучувајќи ги и најсериозните. Научните публикации со индекс PubMed покажуваат многу повеќе и посериозни нус појави, па повелете истражете.

Еве некои од несаканите ефекти:

На местото на лузната од БСЖ вакцината: остеомиелитис, остеитис, неоплазија и псевдотумори,  разни апсцеси (вклучително и ретроперитонеална), активна БСЖ инфекција на лимфните јазли, саркоидоза, анафилактоидни реакции  (на вакцини што содржат декстран), дисеминирани БСЖ инфекции (вклучително и грануломи во црн дроб),  разни лимфаденитиси, микобактериски псевдотумори во лимфни јазли, невритис, дерматомиозитис, хроничен преден увеитис, хроничен микобактериски артритис, еритема мултиформ, хидраденом, келоид и хипертрофични лузни, скрофулодерм, компликација на атопичен дерматитис, псоријаза, улцеративен васкулитис, витилиго, првут, грануломи, лишаи striatus, лупус вулгарис и други проблеми со кожата.

Некои од посериозните реакции на БСЖ се опишани и во бугарската научна литература, а не се наведени во упатството:

Клинички случај на БСЖ  кај 7-месечно новороденче.

БСЖ остеитис е карактеристичен за раното детство и е различно од туберкулоза на коскената срцевина кај постари деца и возрасни. Погодените  децата се на возраст меѓу 3 месеци и околу 6 години, компликацијата се јавува во периодот од неколку месеци до неколку години по вакцинирањето. Најчести локации се во метафизите или епифизите на бедрената коска, тибијата, рамената коска и градната коска. Само кај околу половина од случаите е  изолиран патоген што не ја отфрла дијагнозата (Варбанов et al., 2010).

Во друг случај на БСЖ остеоитис ( вакцинирано дете на третиот ден од раѓање), на 13 месеци се установи формирање на тумор на IX ребро налево, означувајќи туберкулозен процес. Следи веднаш оперативно отстранување и едномесечен третман со туберкулостатици (Генова и др.,2013).

На местото на лузната од примена БСЖ вакцина,  во ретки случаи, со тек на време, може да се  развијат малигни и бенигни тумори и други ентитети -меланом, сквамозни карциноми, карцином на базалните клетки, дерматофирбросарком протуберанс (DFSP), Sweet синдром, ангиоми, пилатомикс, гранулом ануларен, улцеративен лупус вулгарис, какои други реакции на кожата и тоа не само на местото на инјектирање.

Меланомите се најагресивни малигни тумори, тие растат секаде каде што има пигментни клетки. Опишани се случаи на вакцинираната локација со БСЖ  (Lokich, 1975; Bonnetblanc et al., 1981).

Сквамозните карциноми се развиваат релативно брзо. БСЖ-предизвикан лупус вулгарис и карцином на сквамозни клетки на момче од 7 годишна возраст (Thakur & Verma, 2011).  Боуновата болест – сквамозно клеточен карцином на локацијата на инјектираната БСЖ вакцина (Miyakura et al., 2007).

После вакцинирањето со БСЖ, карциноми на базалните клетки (базалиоми, епителиоми), кои се неоплазми со бавен раст поврзани со изложеноста на сончева светлина. Тие ретко метастазираат (Nielsen, 1979; Panizzon,1980; Braithwaite et al., 1992; Kluger et al., 2012).

Дерматофирбросарком протуберанс (DFSP) на вакцинираното место (McLelland & Chu, 1988).

После вакцинацијата со БСЖ, забележан е синдром Sweet, кој е акутно фебрилна неутрофилна дерматоза со црвени до виолетови папули или испакнати делови на кожата, формирање на наслаги; со воспаление на зглобовите; во околу 20% од случаите може да премине во малигнитет, на пример леукемија (Radeff & Harms, 1986;Carpentier et al., 2002).

Granuloma anulare е една од најчестите бенигни дерматози на кожата (во calluses и ringlets) на местото на вакцинација, но може да биде генерализирана реакција (Houcke-Bruge et al., 2001; Nomiyama et al., 2013).

Овие грануломи  тип „туѓо тело“, се јавуваат на вакцинираното место како резултат на мононатриум глутаматот кој е присутен во БСЖ вакцината (Chiu и др., 2006).

Улцеративен лупус вулгарис (лупус на кожата), последица на вакцината за БСЖ (Izumi & Matsunaga, 1982; Attia, 2007; Farsinejad et al., 2009; Singalet al., 2013)

Pilomatrix (бенигна неоплазма на кожата) од БСЖ  (Aquilina et al., 2005).

Пaпуларен туберкулид е ретка појава на БСЖ пост-вакцинирање, се карактеризира со бројни еритематозни папули (испакнувања, нодули на кожата) – реакција на хиперсензитивност на Mycobacterium bovis (содржан во БСЖ) и е варијанта на Папуло-некротичен туберкулид (Figueiredo et al., 1987; Muto et al., 2006).

Саркоидозата останува на местото на вбризгување на БСЖ (Osborne et al., 2003).

После вакцинирање со БСЖ, хипертрихоза (патолошка влакнатост) и пигментација на вакцинираното место (Svindland &Wetteland,1975; Oztas et al., 2003).

Една нова студија (Al-Hammadi et al., 2017) разгледува случаи на дисеминирана (распространета во организмот) инфекција, предизвикана од БСЖ кај вакцинирани новороденчиња со запоставена семејна историја на имунодефициенции и несакани ефекти, со кои се исклучува аплицирањето на спорната вакцина. Авторите презентираат случаи за да ја истакнат важноста на ригорозно испитување на децата и семејната историја пред вакцинацијата. Тие исто така ја разгледуваат одлуката на канадските здравствени власти да престанат со употреба на вакцина БСЖ  на ранливи новороденчиња, туку праксата да се замени со зголемени анти-туберкулозни мерки и скрининг. Соопштуваат дека не е јасно дали БСЖ вакцината заштитува дури и од микобактерискиот патоген што се наоѓа во неа (M.Bovis). Тие ги  коментираат мутациите кои содржат разни вируси во БСЖ, создавајќи фенотипски својства што можат да влијаат на несаканите ефекти на вакцината. Во статијата се говори за зголемената инциденца на некои реакции по вакцинирање и слабо функционирачки систем за контрола на реакциите (што е карактеристично за повеќето земји ширум светот, вклучително Бугарија и Северна Македонија).

BCG вакцината е контраиндицирана кај новороденчиња (и кај возрасни) кои имаат:

  – Лимфопенија, неутропенија, вродена анемија, панцитопенија;

 – Болест со непозната етиологија;

  – Имуносупресивна инфекција (на пр. ХИВ или ЦМВ);

  – Можна потреба за трансплантација на органи (на пр. трансплантација на коскена срж);

  – Можна потреба за имуносупресивна терапија (на пр. стероиди);

 – Можна потреба за цитотоксична терапија (на пример, во присуство на тумор).

Новороденчиња со членовите на семејството кои имаат:

– Имунолошки недостаток познат или сомнителен (вклучително и фамилијарна хемофагоцитна лимфохистиоцитоза);

– Компликации поврзани со БСЖ (вклучувајќи гноен аденитис);

– Лимфопенија или панцитопенија поради наследна хематологија;

– Заеднички инфекции или сериозни заболувања/непозната причина;

– Рана смрт во детството од неодредена причина;

– Семејства со сомнителна или потврдена туберкулоза.

Други контраиндикации за вакцинација се:

– Фебрилност;

– Вродени инфекции;

– Присуство или сомнеж за заразен пациент во близина;

– За време на разни епидемии;

– Бебе со родилна тежина под оптимална;

– Различни состојби на кожата, вклучително егзема.

Примарни (вродени) болести на имунодефициенција (PIDs) се група на наследни заболувања на имунолошкиот систем, кај кои постои предиспозиција на разни манифестации, вклучувајќи повторливи инфекции, компликации од вакцинирање, автоимуни болести и многу повеќе. Постојат голем број на вакви болести кај кои се јавуват многу тешки БСЖ компликации, вклучително и смртни (van den Berg et al.,2009; Pedraza-Sánchez et al., 2010; Aytekin et al., 2011; Norouzi et al., 2012; Lee, 2015). Таквите бебиња и деца не треба да се вакцинираат.

Проблемот доаѓа од фактот дека повеќето бебиња се дијагностицираат после вакцинирањето, што е непосредно по раѓање.

Таквите PID се: хронична грануломатозна болест (CGD), тежок комбиниран имунолошки дефицит (SCID ), Менделова подложност на микобактериски болести (MSMD)  и околу 150 други.

Одредено неоткривање на некои вакви состојби (PID) сè до доаѓањето на вакцинални компликации, вклучвајќи и некои реакции на БСЖ, се чини дека се предзнак за имунодефицит . Во исто време, рано откривање на PID (на пр.SCID) може да значи спас на живот, како и да спречи последователни тешки ефекти од вакцинирање.

Од овие причини, некои земји започнаа скрининг за некои имунодефициенции како рутинска програма за новороденчиња (на пр. во САД од 2008 година).

Некои PID се почести во земјите со високи нивоа на сродство бракови и деца зачнати (како што се наоѓаат во Бугарија), но за жал, токму овие земји остро го охрабруваат вакцинирањето со БСЖ при раѓање

Силно се препорачува раната дијагностика на пациенти со PID да биде точна, да има контроли и мерки за да се избегне употреба на БСЖ при раѓање кај новороденчиња кои се со семејна историја на повторливи инфекции и имунодефициенција.

Може претходното  познавање на семејната историја кај такви пациенти да биде  важна за заштедување на  живот или избегнувајње на сериозни реакции по вакцинирање и предвремена смрт.

Нашата земја, исто така, во повеќето случаи ја занемарува семејната историја и фактот дека кај новороденчињата сè уште се немаат покажано сите контраиндикации за вакцинација, ниту евентуално имунокомпромитирање. Од овие причини, а исто така и заради неретките болнички инфекции во одделенијата за породилно и неонатологија кои најчесто тие не се објавуваат и игнорираат, но се исто така контраиндикации за вакцинација, прашањето е зошто не е променета злобната, неодговорна и неоснована практика за вакцинација на новороденчиња.

Исто така, може да се случи и од тестот Манту, пред ревацинација со БСЖ, да се појават несакани ефекти – зголемување на регионалните лимфни јазли; температура; реакции на кожата, вклучително и локална некроза на ткивата; главоболка; алергиски реакции и друго. Анафилактоидни реакции макар и ретки, не треба да се занемаруваат и при туберкулински тест на кожата, потребно е медицинскиот пресонал да е спремен за истите.

Постојат извештаи за минлива треска, тресење, повраќање и болка во зглобовите (артралгија) по тест на туберкулин. Таканаречеениот  „системски туберкулински шок“ се појавува во рок од 24 часа од инјектирањето, вклучува треска, гадење и повраќање, артралгија, главоболка, жолтица, надбубрежна инсуфициенција, отежнато дишење и откажување на бубрезите со протеини во урина (протеинурија) и намалена количина на урина излачена од бубрезите (олигурија). Реакциите се намалуваат во рок од 48 часа или напредуваат со понатамошно клиничко влошување (Spiteri et al., 1986).

Во ретки случаи, по тестот на Манту,  забележани се анафилакса, уртикарија, ангиоедем, оток на грлото. Во 1-2% можна е локална некроза на ткивото. (Youssef &Wooltorton, 2005).

Извештајот ја опишува фреквенцијата и карактеристиките на сериозни реакции на преосетливост на тестот за кожа на туберкулин. Следат 24 сериозни извештаи во САД за период од 11 години. Претходните автори објавија повисока од оваа фреквенција (Froeschle et al., 2002).


Иако кај нас вакцината најчесто се аплицира без родителска согласност, редно е да се преиспита ваквата постапка со оглед на дадените податоци – ризиците и ефикасноста на вакцината.

Да се преземат суштински мерки за заштита на јавното здравје што би обезбедило занемарлива или во најдобар случај, никаква инциденца на туберкулоза, како што се подобрени услови за живот и повисок стандард, подобрување на здравствената култура на населението, подобра и квалитетна медицинска помош, прифатливи ефективни лекови и сл., кои се приоритетни и витални фактори за здравје… да се потпираме првенствено на воспоставеното добро здравје, а не на заштита од ризична и неефикасна вакцина.

Извор и референци

Please follow and like us:
error