Џули Гербердинг продаде акции во вредност од 9,1 милиони долари – дали скока од бродот?


Поднесоците во Комисијата за хартии од вредност на САД (SEC Securities and Exchange Commission) откриваат дека претседателот на Мерк за одделот за вакцини – Џули Гербердинг, продала над половина од акциите што ги поседува од Мерк, во јануари за 9,1 милиони долари. Таа трансакција следеше по многу лошите вести за предводникот на вакцините на Merck – Гардасил.

Минатиот месец, Cancer Research UK објави алармантен пораст од 54% на карцином на грлото на матката кај 24-29 годишници – првата генерација која ги примила вакцините против ХПВ. Следниот ден, весникот на Кралското друштво за медицина објави понижувачка критика за искривените клинички испитувања: „Сеуште е неизвесно дали вакцинацијата за хуман папилома вирус (ХПВ) спречува карцином на грлото на матката, бидејќи испитувањата не беа дизајнирани да го откријат овој исход“.

Како што знае Гербердинг, овие испитувања откриле дека Гардасил драматично го зголемува (за 44,6%) ризикот од карцином на грлото на матката кај жени со тековна инфекција или оние претходно изложени на ХПВ. Ова може да ги објасни „експлозиите“ од карцином во Англија и другите нации со високи стапки на инокулација кај млади девојчиња до 18 години: Австралија, Шпанија, Шведска и Норвешка. Студијата од 2019 година на девојчиња од Алабама, откри најголема стапка на карцином на грлото на матката во најмногу вакцинираните општини во државата.

Со коалицијата на адвокати, на водечки тужители се открива преку тужба, дека Мерк измамнички криела појава на сериозни болести кај половина и автоимуни заболувања кај 1 од секои 37 девојчиња во клиничките испитувања за Гардасил, во рок од 6 месеци по инекцијата.

Како директорот на Центарот за контрола на болести (CDC) од 2002-2009 г., Гербердинг му помогна на Мерк да ги надмине овие проблеми со ефикасноста и безбедноста? Во 2006 година, таа даде препораката на CDC што го направи Гардасил блокбастер од 5 милијарди американски долари. Гербердинг направи и други профитабилни придобивки за Мерк: блокирајќи го свиркачот Гери Голдман да открие дека вакцината за крупна сипаница од Мерк предизвикува смртоносна епидемија на херпес зостер, замолчување и казнување на свиркачот д-р Вилијам Томпсон, кога тој изјави дека луѓе на високи позиции во ЦКБ уништуваат податоци што ја поврзуваат МРП на Мерк со аутизмот и ѝ овозможи на компанијата илегално да ја реформулира својата компонента за заушки во МРП вакцината.

Оваа љубезност на Џули Гербердинг ѝ ја заработија финансиската наклонетост на Мерк, работното место и опциите за акции.

Мерк сега се бори со егзистенцијални тужби за измама за сигурноста и ефикасноста на МРП и Гардасил, што претставуваат закана за губење на лиценцата за овие, клучни за нив, производи.

Дебелите стаорци секогаш први скокаат од бродот што тоне.

Автор: Роберт Ф. Кенеди Јуниор, претседател на CHD

Извор

Please follow and like us:
error