Без енигма – вакцините и епидемијата на алергија на храна

Соединетите држави, а и целиот свет, се соочува со постојано зголемување на епидемијата на алергија на храна. Околу 1 од 12 деца (8%) имаат алергии на храна, а преваленцата се зголеми за најмалку 50% од 1997 година. Алергиите на храна во детството се најчеста причина за анафилакса (тешка алергиска реакција која е брза во почетокот и може да предизвика смрт). Децениска анализа на милијарди побарувања од здравствените осигурувања, објави дека има пораст во целата земја од 377% во побарувањата за анафилактички реакции на храна, а посебна анализа на посети на Одделот за итни случаи (ED), во приближно истиот период е со документирано зголемување за 214% , за посетите предизвикани од храна – индуцирана анафилакса, која е забележана кај деца од сите возрасти, но со највисоки стапки кај новороденчиња и мали деца.

Алергиите од кикирики и јаткасти плодови (кои тројно се зголемија од 1997 година) се најчеста причина за посети на Итна помош од анафилакса, а над една третина (35%) од децата кои имаат анафилакса поврзана со кикирики, ја добиваат после првата изложеност.

Со оглед на тоа што постои широко распространета согласност дека овие трендови на алергија на храна се лоши вести за децата и семејствата, постои мал консензус за наводно „енигматските“ причини за оваа епидемија.

Оваа прогласена загриженост е само збунувачка затоа што, како што претходно напишале од Children’s Health Deffence – повеќекратни објавени докази, вклучително и експерименти кои датираат повеќе од сто години – укажуваат дека инјектираните вакцини се главни виновници. Масовната експанзија на вакциналниот календар од крајот на осумдесеттите години на минатиот век, вакцинирањето на денот на раѓање против хепатитис Б, промени во технологијата на вакцини и зголемената употреба на имуно-дисрегулирачки алуминиумски адитиви, се сите фактори што можат да ја објаснат преактивираноста на имунолошкиот систем што во моментот се манифестира во форма на алергии на храна. Покрај тоа, како што беше дискутирано во новиот напис во Меѓународниот весник на фармацевтски истражувања (International Journal of Pharmaceutical Research), протеините во вакцините честопати произведуваат „ненаменски имунитетни реакции“ и во овој случај, овие протеински компоненти се целосно нетестирани и нерегулирани.

Протеини во вакцините

Научниците користат различни компоненти при произвoдството на вакцини: „активни имунизирачки антигени, агенси за конјугирање, конзерванси, стабилизатори, антимикробни агенси, додатоци и медиуми за култура…, како и ненамерни загадувачи што се воведуваат при производството на вакцините“. Истражувачите признаваат дека која било од овие компоненти е способна да предизвика алергиска реакција, но тие веруваат дека протеините, како што се јајцето и желатинот, се особено веројатно да го сторат тоа.

Всушност, алергиските реакции на желатин се добро познати, „особено кај инјектирани лекови и вакцини“. Јапонија избра да го отстрани желатинот од вакцините пред две децении, откако ја потврди врската помеѓу присуството на протеините во вакцините и анафилактичките и алергиските реакции. Но, не и во САД и останатите земји, кадешто сеуште желатинот е присутен во МРП, варичела и други вакцини и покрај документираните анафилактички реакции поврзани со желатин во вакцините.

Загриженоста неодамна се засили по веста дека желатинот сега е средство за внесување глифосат во вакцините. Истражувачите Ентони Самсел и Стефани Сенеф, го посочија овој проблем на јавноста, во влијателната студија од 2017 година во Journal of Biological Physics and Chemistry. Тие забележаа дека производителите на вакцини, растат вируси на желатин од крави и свињи кои консумираат загадена со глифосат, генетски модифицирана храна.

Во студијата од 2019 година обајвена во International Journal of Pharmaceutical Research, употребата на авторите на методите за секвенционирање на протеините покажува дека не само животинските протеини во вакцините се проблематични, податоците од секвенците укажуваат дека најмалку пет растителни протеини присутни во вакцините (соја, кикирики, сусам, пченка и пченица), се исто така способни за поттикнување на алергии на храна.

Авторите објаснуваат дека кога научниците додаваат моќни алуминиумски адјуванти на вакцините, „зајакнатата имунолошка реакција“ – станува тапо оружје. Далеку од создавање на внимателно контролиран имунолошки одговор, насочен исклучиво против одреден вирус или бактерија, вакцините подобрени со додатоци, исто така, активираат антитела против „нетаргетирани“ растителни протеини. Кога тоа се случува, постои „голема веројатност“ антителата вкрстено да реагираат со слични човечки протеини – со патогени последици. Овој вид на хиперактивна имуна реакција може лесно да ја објасни не само епидемијата на „нарушувањата на имунитетот поврзани со храна“, туку и страотниот пораст на автоимуни и невродегенеративни нарушувања.

Еден од главните наоди на авторите е дека постои „силна усогласеност на секвенците“ (региони на сличност) помеѓу пет растителни протеини и човечките глутамат рецептори. Иако глутаматот е најзастапениот невротрансмитер во телото, тој го следи „принципот Голдилокс“, кој бара ослободување на „вистинската количина“ на глутамат на „вистинските места за краток временски рок“. Д-р Расел Блејлок, експерт за проблемот со прекумерниот глутамат (наречен „ексцитотоксичност“) сугерираше дека прекумерната вакцинација и употребата на алуминиумски адитиви се дел од „имуноекцитотоксична“ каскада, кадешто тој и други ја поврзуваат со алергии на храна, нерамнотежа на цревната флора и аутизам. Всушност, научната литература цврсто утврдила дека абнормалностите на глутаматот се клучна карактеристика на аутизмот. Така, не треба да изненадува што алергиите на храна се многу почести кај деца со аутизам наспроти оние без аутизам, или дека резултатите од анафилакса на храна се полоши кога се присутни и состојби како астма или други алергии.

За полисорбат 80

Присуството во бројни вакцини на стабилизаторот наречен полисорбат 80, исто така, бара детално внимание. Вакцини што содржат полисорбат 80 се оние против хепатитис Б, човечки папилома вирус (ХПВ), ротавирус, комбинирани вакцини со компонента дифтерија-тетанус-пертусис, буквално сите вакцини против грип и други. За производство, полисорбат 80 се потпира на различни растителни извори (вклучувајќи пченица и пченка), како и зеленчук, мешунки и масла од јаткасти плодови.

Во претходната публикација од 2015 година, еден од коавторите на студијата во „Фармацевтски истражувања“ објави „неможност“ да се гарантира дека вакцините што содржат полисорбат 80 се ослободени од „преостанати алергени протеини од овие извори на храна“, истакнувајќи дека „остатокот алергени кои можат да бидат присутни … дури не се наведени во упатствата за користење на вакцините.“

Тим експерти за алергија неодамна тврдеа дека преосетливоста на полисорбатите „може да биде непрепознаена“, а една студија во Бразил имплицирала уште еден стабилизатор наречен декстран во „неповолен вид“ настани „поврзани со вакцинирање со МРП“.

Треба да се напомене дека глифосатот веројатно е присутен во многу од растителните извори што се користат за производство на полисорбат 80 и други компоненти на вакцините или како резултат на култури „Roundup Ready“ (на пример, пченка и соја) или преку употреба на глифосат како десикант (хигроскопска супстанција што се користи како средство за сушење). Документираната можност на глифосатот да го наруши здравјето на цревата, укажува на тоа дека нејзиното присуство во храна и вакцини може да придонесе за пораст на алергии на храна, кои се толку испреплетени со нерамнотежа на цревната флора.

Живеењето со алергии на храна е стресно, со потенцијал за значителни емоционални, социјални и финансиски влијанија. Родителите опишуваат „живеење во страв“ и имаат потешкотии да водат „обичен“ семеен живот. Лекарите кои продолжуваат да им кажуваат на овие семејства дека „не знаат што предизвикува пораст на алергиите на храна“ се неискрени, или полошо.

Ако нобеловецот Чарлс Ричет можел да демонстрира пред повеќе од еден век „дека вбризгувањето протеин во животни или луѓе предизвикува сензибилизација на имунолошкиот систем на тој протеин“, а ова е она што авторот на студијата од 2015 год., го нарекува „модел на алергија на Ричет“ – тогаш нема изговор за прикажување на епидемијата на алергија на храна како енигма.

Извор