Имунологот д-р Среќко Сладољев за корона вирусот

Д-р Среќко Сладољев е хрватски имунолог, поранешен раководител на Одделот за истражување при Имунолошкиот завод во Загреб, член на Хрватската академија на науки и уметности на дијаспората.

Д-р Сладољев беше почесен гостин на научната конференција Вакцините во 21 век – предизвици со кои се соочуваме, која беше организирана од здружениjaта Здравје со игла не влегува и Од нас за нас, а кофинансирана од Владата на Република Македонија.

За д-р Сладољев прочитајте повеќе овде, а излагањето на конференцијата можете да го проследите овде.

Што вели тој за корона вирусот, прочитајте подолу.


Благодарение на корона вирусот, официјалната медицина конечно се повлече од своето сивило и демонстрираше талент во друга професија – режија на хорор!

Она што го слушаме и гледаме го надминува и Холивуд и Дизниленд заедно. Доказ дека успеале е секојдневната појава: Ѕрн, ѕрн… Ало? – „Доктор Сладољев, дали е опасно, што ни следува, вчера некој се искашла во кафич, дали ќе умрам, итн…“

Драги експерти, полицајци, министри, политичари и други неуки луѓе, корона е вообичаен „influenza-like“ или вирус сличен на грип каков што го посети Хомо Глупенс 200 пати во последните 70 години.

Прво, СЀ беше „грип“ (дијагностициран „одокативно“), потоа полу-квалитативно со тест за грип (или е грип или не е грип, значи „слично на грип“). И сега, ваквата „корона слична на грип“ ја доби својата „ОИБ“ и може да биде проследена со квалитативен тест.

И покрај неправилното и неугледното однесување на професијата што се појавува баш од секоја „паштета“ и покрај блокадата на училишта, кафулиња, патишта, театри, спортски терени, ставање во карантин на цели континенти и исцрпното следење на снабдувањето со маски од хартија (кои се само визуелен впечаток, воопшто не се физичка заштита од вирусот !!!), јасно е дека станува збор за вообичаена неопасна епидемија на вирусот „сличен на грип“, која кај 85% од заразените, поминува со благи симптоми.

Вирусот е крајно приемчив затоа што се „шверцува “ и покрај сите мерки на претпазливост насекаде, тој доаѓа „од никаде“. Ова можеби е страшно за лаикот, но сугерира нешто друго на интелигентниот лекар.

Воопшто не би било изненадувачки да се открие со серолошки тестови, дека на еден заразен имало десет (можеби сто!) заразени луѓе без симптоми! Овие се тие што се појавуваат „од никаде“ на крстосувачите, кои се затворен систем, а кои инфицираат само 10% од патниците. Како и со познатиот „свински грип“.

Сценариото е многу, многу подобро сега.

Со „свинскиот грип“ направија грешка, премногу бргу излезе вакцината (ја направија пред да избувне епидемијата!). А сега се истрчаа со специфичната дијагностика за вирусот „корона“. Корона вирусот го дијагностицираа на првиот заболен и тоа во Кина!

Кога ќе престане епидемијата и хистеријата, кога 1,5 милијарди американски долари што претседателот Трамп ги побара од американскиот буџет за вакцини (за кои се добиени права за патент во 2019 година) – ќе се реализират во вакцини, тогаш ќе може серолошки да се докаже дали сум бил во право или не.

И на крај, дали знаете дека во периодот во кој 1000 луѓе починале од „корона“, 50 пати повеќе починале од маларија?

Спијте мирно!

А „независните контролори” нека си ја вршат својата работа!

Д-р Среќко Сладољев, имунолог

Извор

Please follow and like us:
error