ССО – Врската со Истанбулската Конвенција

Статијата за ССО можете да ја преземете тука

„Уставниот суд смета дека и покрај нејзините неспорни позитивни аспекти, Конвенцијата е внатрешно контрадикторна и оваа противречност создава два слоја во неа. Така, содржината не некои од нејзините одредби ги надминува декларираните цели на Конвенцијата и нејзиниот наслов“

„Објаснувачкиот извештај кон Конвенцијата го дефинира „родовиот идентитет“ како што следува: „Одредени групи индивидуи исто така може да се соочат со дискриминација врз основа на нивниот родов идентитет, што едноставно значи дека родот со кој се идентификуваат не е согласно полот кој им е доделен при раѓање“

„Во отсуство на дефиниција за поимот „родов идентитет“ во Конвенцијата, нејзината содржина треба да се разбере не само преку Објаснувачкиот извештај, туку и во светло на политиката на Советот на Европа за заштита на одредени права на „трансродовите“ лица“


Одлука на Уставниот суд на Бугарија за Истанбулската Конвенција



Конвенцијата беше усвоена од Комитетот на министри на Советот на Европа на 7 април 2011 година. Таа беше отворена за потпис на 11 мај 2011 година. Стапи на сила после десет ратификации, од кои осум требаше да бидат земји-членки на Советот на Европа. Во декември 2015 година, Конвенцијата беше потпишана од 39 држави, проследена со ратификација на минимум осум држави на Советот на Европа: Албанија, Австрија, Босна и Херцеговина, Италија, Црна Гора, Португалија, Србија и Турција. Подоцна истата година, беше ратификуван од Андора, Данска, Франција, Малта, Монако, Шпанија и Шведска. Во 2015 година беше ратификуван и од Словенија, Финска, Полска и Холандија и во 2016 година од Сан Марино, Белгија и Романија; во 2017 година од Грузија, Норвешка, Германија, Естонија, Кипар и Швајцарија, во 2018 година од Хрватска, Македонија, Исланд, Грција и Луксембург и во 2019 година од Република Ирска. На 13 јуни 2017 година, Истанбулската конвенција беше потпишана и од Европската унија.

Државите што ја ратификувале конвенцијата се законски обврзани за почитување на нејзините одредби откако таа ќе стапи на сила.


Целите на Истанбулската Конвенција се утврдени во членот 1, како што следува:


Цели кои на прво и на десето читање оставаат впечаток на вистински напредок и цивилизациски достигнувања. Цели кои заслужуваат да бидат бранети од секој човек и држава.

Па, вреди да се запрашаме! Зошто овие доблесни цели се спротивни на Уставот на Република Бугарија и Република Словачка? Зошто Полска објави дека се подготвува да спроведе формален процес за повлекување од договорот? Зошто Унгарија усвои политичка декларација со која ја повикува Владата да прекине со натамошна имплементација на истата? Зарем овие држави навистина сакаат жените да ги стават во подредена положба? Зарем овие држави навистина го оправдуваат насилството врз жените?


СКРИЕНАТА ВИСТИНА ВО ИСТАНБУЛСКАТА КОНВЕНЦИЈА

Согласно член 3 од Конвенцијата:

Имајќи предвид дека една од целите е да се надминат сфаќањата за тоа што може да прават жените, а што може да прават мажите, бидејќи истото е реално определено од сфаќањата на луѓето кое влијае на кариерните можности на жените, но притоа не е основано на нивните биолошки определени способности (пример, жените можат да управуваат со авион, а мажите можат да пеглаат), на прв поглед, оваа дефиниција изгледа фер.

Согласно член 4 став (3) од Конвенцијата:

И кога ќе стигнете до крајот на Конвенцијата, било какво дополнително објаснување за термините род или родов идентитет, нема да најдете. Разликите меѓу „пол“ и „род“ нема да ги разберете. При површно читање на Конвенцијата, веројатно и ќе заборавите дека воопшто биле споменати и акцентот ќе го ставите на дискриминацијата на жените во однос на мажите.


На таков начин, очигледно водени од добрите намери, голем број држави несвесни за скриените концепти во Конвенцијата се приклучиле кон овој договор, при што подоцна согледувајќи ги реалните намери и последици од истиот, една по една, влегуваат во постапка на повлекување од истата, затоа што едноставно ОВАА КОНВЕНЦИЈА Е СПРОТИВНА НА МОРАЛНИТЕ УБЕДУВАЊА НА МНОЗИНСТВОТО!

Затоа и е неопходен „затскриен“ неразбирлив речник, кој различно ќе биде толкуван и кој нема да предизвика инстантен бунт кај народот!


Но, како ние знаеме дека речникот е затскриен и горното толкување е соодветно?

За да се осигураме дека ова не е само наше илузорно толкување, тука е Објаснувачкиот Извештај кон Истанбулската Конвенција кој ние не успеавме ниту да го најдеме со помош на Гугл, преведен на македонски јазик. Токму во овој Извештај е дадено појаснувањето дека „родовиот идентитет“, „објаснето на едноставен начин, значи дека РОДОТ со кој се идентифицираат одредени групи на луѓе НЕ ОДГОВАРА СО НИВНИОТ ПОЛ кој им е одреден при раѓањето. Тоа вклучува категории на луѓе како што се трансродови или транссексуални луѓе, cross-dressers, травестити и други групи на луѓе кои не одговараат на тоа што општеството го воспоставило да припаѓа на категоријата „маж“ или „жена““.


Токму така. Oва, само уште еднаш ја потврдува јасната намера на оваа Конвенција, како и стратегијата истата да не биде трнспарентно обелоденета.


За Македонија, Советот на Европа има подготвено Брошура со прашања и одговори за Истанбулската Конвенција. Па така помисливме дека од оваа брошура ќе можеме, на нашиот национален јазик, да се информираме за тоа што точно значи род и родов идентитет. Вистинско место за да се информираме за тоа е прашањето: Зошто Истанбулската Конвенција содржи дефиниција за „род“? Сепак, со внимателна анализа на одговорот, гледаме дека ни од блиску не кореспондира со она што е наведено во Објаснувачкиот Извештај. Но, затоа на страна 9 од 11, во еден пасус можеме да се информираме дека: „Спроведувањето на одредбите на Конвенцијата без никаква дискриминација, врз основа на родовиот идентитет, ќе значи, на пример, да се осигурa дека родовиот идентитет на трансродовите лица нема да предизвика ускратување на загарантираните поддршка и заштита во случај на семејно насилство, сексуален напад, силување или принуден брак“.


Дали навистина таа е единствената цел кога станува збор за трансродовите лица?

Ако сакате да му верувате на Советот на Европа, прочитајте го поглавјето: „Време е да престанат шпекулациите и дезинформациите со Истанбулската Конвенција“ од истата Брошура. Но, ако сакате самите да се уверите за развојот на Истанбулската Конвенција и сета документација која ја поткрепува, а која слично како Објаснувачкиот извештај не е спомната во македонскиот етер и не е или тешко можете да ја најдете преведена на македонски јазик, можете да се информирате во продолжението на оваа статија. Она што денес ни се случува со ССО, односно родово-сензитивното образование предложено со новата Концепција на МОН е само дел од целата слика.


ИСТОРИЈА НА ИСТАНБУЛСКАТА КОНВЕНЦИЈА

Клучни точки во процесот кои претходат на воспоставувањето на Истанбулската Конвенција, според Уставниот суд во Бугарија, како и нејзините суштински карактеристики како меѓународен правен инструмент за борба против насилството врз жените и семејното насилство, се како што следува.

Борбата против насилството врз жените е основно прашање за Европа и дел од основните вредности во Европа. Од 90-тите години на минатиот век, Советот на Европа, а особено неговиот Управувачки Комитет за еднаквост меѓу жените и мажите (CDEG), постојано работи на поддршка за заштита на жените од насилство. Првата сеопфатна стратегија за спречување на насилство врз жените беше усвоена во 2002 година. Потоа беше дадена препораката „REC (2002) 5“ од Комитетот на министри при Советот на Европа кон земјите-членки за заштита на жените од насилство. Парламентарното Собрание на Советот на Европа зазеде силен политички став против сите форми на насилство врз жените, усвојувајќи голем број резолуции и препораки за различните форми на насилство врз жените. Во 2008 година, Комитетот на министри при Советот на Европа формира Специјална комисија за спречување и борба против насилството врз жените и семејното насилство (CAHVIO) со мандат да развие законски обврзувачки стандарди за покривање на овие две области – насилство врз жени и семејно насилство. Во 2011 година, напорите на Советот на Европа кулминираа во нацрт-конвенцијата подготвена од CAHVIO за да обезбеди заштита на жените од сите форми на насилство и за спречување, гонење и елиминирање на насилството врз жените и семејното насилство (член 1 став (1) точка а) од Конвенцијата).

Конвенцијата на Советот на Европа за спречување и борба против насилството врз жените и семејното насилство е првиот сеопфатен меѓународен договор што има за цел да воспостави стандарди на основа на кои државите ќе можат да го усогласат своето домашно законодавство за ова прашање. Конвенцијата експлицитно го дефинира насилството врз жените како кршење на човековите права и форма на дискриминација врз жените. Вклучува специфични одредби насочени кон унапредување на родовата еднаквост и статусот на жените во општеството. Овие законски обврзувачки обврски се очекува да дадат нов поттик за постигнување еднаквост меѓу жените и мажите на национално ниво и да ја зајакнат заедничката цел за недискриминација на жените.



Па, каде работата отиде во погрешна насока?


Паралелно со политиката на Советот на Европа за заштита на жените од родово засновано насилство и недискриминација врз жените, Советот на Европа, во повеќе акти, ги повика земјите-членки на Советот на Европа изрично да забранат дискриминација заснована на основа на „родовиот идентитет“. Да го воведат „родовиот идентитет“ во нивното национално законодавство за анти-дискриминација и да го вклучат прашањето за човековите права на „трансродовите лица“ во делокругот на делување на националните институции за човекови права, СО ЕКСПЛИЦИТНО ПОВИКУВАЊЕ НА АТРИБУТОТ „РОДОВ ИДЕНТИТЕТ“ КАКО ФОРМА НА ДИСКРИМИНАЦИЈА НА ЖЕНИТЕ!!!

Во 2010 година, Комитетот на министри при Советот на Европа ја усвои препораката „CM/REC(2010)5“ за мерките за борба против дискриминацијата на основа на сексуална ориентација или родов идентитет. Според препораката, земјите-членки на Советот на Европа треба да преземат соодветни мерки за да обезбедат целосно правно признавање на промената на полот на една личност во сите области од животот, особено со тоа што ќе се дозволи промена на името и полот во официјалните документи, на брз, транспарентен и достапен начин. Земјите-членки треба да ги преземат сите неопходни мерки за да осигураат дека, откако промената на полот ќе заврши и ќе биде законски призната, ПРАВОТО НА ЛИЦЕТО ДА СТАПИ ВО БРАК СО ЛИЦА ОД СПРОТИВНИОТ ПОЛ НА НИВНИОТ НОВ ПОЛ, ќе биде ефективно загарантирано.

Во 2014 година, Советот на Европа формираше структура посветена на прашањата за сексуална ориентација и родов идентитет. Дополнително, Секретаријатот на Советот на Европа формира Работна група за сексуална ориентација и родов идентитет, исто така во 2014 година. Структурата им помага на замјите-членки во спроведувањето на ЛГБТ препораките на Комитетот на министри.

Во април 2015 година, Парламентарното Сообрание на Советот на Европа донесе одлука против дискриминација на „трансродовите луѓе во Европа’ (Резолуција 2048 (2015 година))

Во 2015 година, Советот на Европа објави Прирачник за правната страна на промената на полот и заштитата на човековите права на „трансродовите“ лица, според кој „родов идентитет“ значи: „Длабоко почувствувано внатрешно и индивидуално искуство на една личност за нејзиниот род, ШТО МОЖЕ ДА ОДГОВАРА ИЛИ НЕ, со полот што му е определен при раѓање, вклучувајќи го личното чувство за телото, како и други родови изразувања, вклучително облекување. говор и манири“.


Според Уставниот суд во Бугарија:

Но исто така, нам јасно ни укажува за свесните намери за затскривање на вистинската позадина која има за цел „дискриминацијата на жените“ да ја искористи како параван за „правата на трансродовите лица“. И тоа, како што беше наведено и како што натаму е дополнително образолжено, тоа не се однесува само на правата кои го засегаат само нивниот личен избор и идентитет, туку се однесува на нивни права кои ги загрозуваат правата на мнозинството кое живее спротивно на нивните убедувања и избор.


Затоа, во Бугарија:

Уставниот суд на Бугарија во заштита на уставниот поредок направил сериозна процена и ги идентификувал сите проблематични аспекти, ризици и последици со кои ќе се соочи народот и државата од нејзината практична имплементација во сите сфери на животот.


Сега, би се запрашале: Но, зошто да не може секој да живее според своите сопствени убедувања, доколку не прави штета и не ги повредува правата на другите?

Сепак, подетална анализа на документите, како и искуствата од другите земји укажуваат дека штета на другите е направена, се прави и ќе се прави. И тоа не било кому. Најголемата штета од промоцијата на трансродовата идеологија ја трпат токму најмалите и најневините – децата. Како што дискриминацијата на жените е искористена како параван за туркање на трансродовите агенди паралелно со тоа и „правата на децата“ заедно со одземањето на правата на родителите, треба да послужат за истото.


ССО И ИСТАНБУЛСКАТА КОНВЕНЦИЈА

Според Прирачникот за правната страна на промената на полот и заштитата на човековите права на „трансродовите“ лица издаден од Советот на Европа:

Постапките за законско признавање на полот МОЖЕ да вклучуваат експлицитни ограничувања на возраста, често пати во форма на минимална возраст за пристап до постапките.

Комесарот за човекови права забележа дека правното признавање на родот на трансродовите деца ОСТАНУВА ОГРОМНА ПРЕЧКА во повеќето земји. Комесарот подвлекува дека ДЕЦАТА ИМААТ ПРАВА и нивните ставови мора да бидат земени предвид при донесувањето одлуки што ги засегаат“.


Па, како Советот на Европа се справува со овие пречки? Мнозинството родители очигледно нема да се согласат со неговите политики!


Одговорот е едноставен. Задолжителното образование секогаш може да послужи како единствено и едноставно решение за индоктринација на голем број деца кои масовно „едуцирани“ ќе се спротистват на своите родители, општествените норми и „родовите стереотипи“, повикувајќи се на СВОИТЕ ПРАВА и емпатијата кон ПРАВАТА НА „ДИСКРИМИНИРАНИТЕ“.


Согласно Упатството за сеопфатно сексуално образование: од градинка до 12-то одделение, издадено од Советот за сексуални информации и едукација во Америка (SEICUS), а објавено на веб страницата на Обединетите Нации:

Сексуалното образование има за цел да обезбеди можност за младите луѓе да ги ПРЕИСПИТУВААТ, ИСТРАЖУВААТ и да ги ПРОЦЕНУВААТ сопствените ставови и СТАВОВИТЕ НА ЗАЕДНИЦАТА за: општеството, родот и сексуалноста“.


Оттука, јасно се укажува дека целта на сексуалното образование е менување на ставовите и нормите кои се поставени од страна на општеството на основа на долгогодишното искуство и во најдобриот интерес на човештвото – природна селекција. А сета претходна документација изложена од Советот на Европа јасно укажува и зошто им е потребно менувањето на општествените норми.


Па така, ова не го заборавиле да го споменат ниту во Истанбулската Конвенција.

Согласно член 14 од Конвенцијата:

Во однос на оваа одредба, проф. д-р Пенчо Пенев во неговото правно мислење искажува дека овој член е недоследен со член од Уставот на Бугарија согласно кој „Воспитувањето и образувањето на децата сè додека не наполнат полнолетство е право и обврска на нивните родители и на нив ќе им помага државата“ – право загарантирано и со член 26 став (3) од Универзалната декларација за човекови права! Тој смета дека член 14 од Конвенцијата е спротивен на Уставот на Бугарија бидејќи „Конвенцијата зазема едукативен пристап, вклучувајќи ја државата „во сите нивоа на образование“ и повикува на активно учество на други образовни структури, вклучително и невладини организации и медиуми, што е спротивно на Уставот кој го доделува воспитувањето на родителите, а не на државата“.


Сепак, имајќи го сето горенаведено предвид, не е за изненадување што наставниците од основното образование во нашата земја веќе се обучуваат дека:


ДИГИТАЛЕН КУРС – ОБУКА НА НАСТАВНИЦИ ЗА ПРИМЕНА НА РОДОВАТА СЕНЗИТИВНОСТ ВО ОСНОВНИТЕ УЧИЛИШТА, во организација на ИНСТИТУТОТ ЗА ЧОВЕКОВИ ПРАВА

ИСТАНБУЛСКАТА КОНВЕНЦИЈА ВО МАКЕДОНИЈА

Во Македонија, Истанбулската Конвенција на Советот на Европа е ратификувана на 22 декември 2017 година. Како што бидува со сè, а овој пат и согласно препораките на Советот на Европа, овој документ беше потпишан единствено под маската на „заштита на жените од насилство“. Луѓето не беа информирани за задните намери на оваа Конвенција, ниту пак за последиците кои еве сега ги гледаме преку обидот за воведување на трансродовата идеологија преку Сеопфатното Сексуално Образование.

Од запишаното, единствено тогашниот Претседател на Македонија ги споменал проблематичните аспекти за кои во тој момент оценил дека сепак не ја надминуваат користа. Сепак, останува забележано дека и оваа Конвенција е ратификувана без соодветна јавна дебата.

Уште една реакција е забележана и од Православниот богословски факултет „Свети Климент Охридски“ – Скопје.


Час потоа, за целите на нејзино имплементирање се вклучува токму ХЕРАгласниот застапник на правата на ЛГБТ и предлагач на новата концепција на МОН во делот на ССО


Па, дали ова значи дека за правата на трансродовите луѓе и ЛГБТ заедницата, ние треба да ги жртвуваме нашите деца и да дозволиме нивна индоктринација од најрана возраст со штетни последици по нивното ментално и физичко здравје? Дали Претседателот за ова ги предупредил пратениците, иако не се спротивставил?


ГОЛЕМОТО СВЕСТУВАЊЕ

Бунтот кај државите од регионот кои имаат слични општествени уредувања и морални и верски убедувања како во нашата држава е неспорен и сè понагласен. И без разлика на членството во Европската Унија, државите решително го бранат својот Устав и државен поредок, без изговор за некакво загрозување на нивното членство во Европската Унија. Во продолжение се државите кои го кренаа својот глас против наметнувањето на нечии малцински идеологии врз целата заедница, а кои се целосно спротивни на моралните и верските убедувања на заедницата. Лагата може да се крие, но не може да се сокрие. Кога тогаш вистината излегува на виделина.


Бугарија – Во јануари 2018 година, Советот на министри на Бугарија усвои предлог до Парламентот да ја ратификува конвенцијата. Одлуката бргу беше осудена од некои владини министри, членови на парламентот, медиумски групи и граѓански организации, кои сугерираа дека конвенцијата на крајот ќе доведе до официјално признавање на трет пол и брак меѓу ист пол. По широката реакција, владата ја одложи ратификацијата и ја пренесе одлуката на Уставниот суд, кој ќе донесе одлука дали тоа ќе биде легално. Претседателот на Бугарија, противник на ратификацијата, го поздрави одложувањето како „триумф на здравиот разум“, изјавувајќи дека конвенцијата е двосмислена и дека семејното насилство може да се реши само со соодветни бугарски закони и подобрено спроведување на законот.

На 27 јули 2018 година, Уставниот суд ја изрече Резолуцијата бр. 13 за уставниот случај бр. 3/2018, во која се наведува дека „Конвенцијата на Советот на Европа за спречување и борба против насилството врз жените и семејното насилство, не е согласно Уставот на Република Бугарија“. Во својата одлука, Судот утврди врска меѓу претходните документи на Советот на Европа против семејното насилство и проширувањето на правата на трансродовите лица. Според Уставниот суд, конвенцијата нуди бинарно толкување на полот и како биолошка и како социјална категорија, што е спротивно на Уставот на Бугарија, каде што луѓето се неотповикливо дефинирани како биолошки мажи или жени, со еднаква положба како граѓани. Според тоа, Конвенцијата поставува формална основа за промовирање на не-биолошки дефиниции за полот, кои се сметаат за неуставни.


Словачка – На 25 февруари 2020 година, Парламентот на Словачка, ја отфрли Конвенцијата на Вонредна седница со гласање 17-96 (37 отсутни). Отпорот се појавил особено поради нејзините клаузули во врска со правата на ЛГБТ, кои противниците ги претставиле како „екстремен либерализам“ што ги кородира традиционалните вредности кои треба да бидат заштитени.


Полска – Во јули 2020 година, полскиот министер за правда изјави дека ќе започне со подготовка на формален процес за повлекување од договорот. Тој рече дека договорот е штетен затоа што бара училиштата да ги учат децата за род на идеолошки начин и да го де-нагласи биолошкиот пол. Во 2012 година, кога бил во опозиција, го спомена договорот како „изум, феминистичка креација насочена кон оправдување на геј идеологијата“.


Унгарија – Во мај 2020 година, Националното собрание усвои политичка декларација во која ја повикува владата да не оди понатаму во пристапувањето кон конвенцијата и да лобира во Европската унија да го стори истото. Декларацијата беше усвоена со 115 гласа „за“, 35 „против“ и три воздржани.


Србија – Иако Истанбулската Конвенција е на сила во Србија од 1.8.2014 година, сепак она што е карактеристично за Србија е нивната извојувана победа против индоктринацијата на децата преку ССО во училиштата во 2017 година.


Хрватска – Во Хрватска, слично како и во Србија, но со помош на Уставниот суд, во 2013 година успеале да се спротивстават на транс-родовата идеологија да влезе во училиштата. Сепак во 2018 година, Хрватска ја ратификувала Истанбулската Конвенција и сè уште е на сила.



Македонија ја премолче Истанбулската Конвенција. И покрај укажувањата на ризиците од страна на тогашниот претседател на државата, народот не ја разбра пораката и не ги измери последиците во услови на познатата медиумска цензура кога станува збор за проблематични аспекти. Но сега, родовата сензитивност тропа и во образовниот систем во кој се образуваат нашите деца. Од прво одделение, а со намера да биде воведено и во задолжително претшколско образование!

Сега немаме изговор! Сега се работи за нашите деца!

Да направиме жив ѕид и да ги заштитме!




Повеќе информации за родово-сензитивното образование, ССО, организациите кои го промовираат, отпорот, науката, штетните последици од промоцијата на транс-родовата идеологија, итн., можете да прочитате во серијата статии на темата за ССО на овој линк.




ОГРАДУВАЊЕ: Овој преглед има за цел да даде збирен извештај со информации кои се поврзани со сеопфатното сексуално образование, а кои се достапни на интернет. Фактите кои се наведени во прегледот не претставуваат став или тврдење на здружението и изворот на истите може да биде проверен со пристапување до линковите кои се дел од прегледот. Здружението ги повикува читателите да известат доколку дојдат до извори со дополнителни информации на оваа тема. Ниту еден дел од текстот не значи и не треба да се разбере како такво, дека Здружението ОД НАС ЗА НАС Скопје и/или неговите членови поттикнуваат дискриминаторски чувства кон луѓе кои имаат различни убедувања. Напротив, според Здружението и/или неговите членови, секој облик на дискриминација е недозволив и треба да биде подеднакво третиран. Ниту еден вид на дискриминација не е и не смее да биде помалку значаен од другите. Искреното залагање против дискриминација не смее да одделува, фаворизира или повеќе да нагласува само еден вид на дискриминација – како што е тоа случај со предложената Концепција за основно образование од страна на МОН. Здружението смета дека со предложениот текст се спроведува дискриминација врз луѓето кои не веруваат во транс-родовата идеологија и со тоа воведувањето на новата Концепција би значело неможност за нив да изберат образование за нивните деца кое, за нивни најдобар интерес, е согласно нивните морални убедувања.