ССО – Реакција – Парада

Транспаренти со напис:
„ГОСПОД ЗБОРУБА
ДРЖАВАТА ЗБОРУВА
ПАРТИИТЕ ЗБОРУВААТ
ГОРДАНА ГОЏО ЗБОРУВА
ВАШАТА ЉУБОВ ЗБОРУВА
НИЕ СЕ ЕБЕМЕ И ГО ОДЈЕБУВАМЕ ВАШИОТ СИСТЕМ“

како и:

„МАЖЕСТВЕНОСТА Е МРТВА“,

осамнаа на „Парадата на гордоста“!



Здружението за заштита на човековите права ОД НАС ЗА НАС најостро го осудува ваквиот говор на омраза, како и непочитувањето (исмевањето) на моралните и верските уверувања на луѓето, од страна на учесниците на протестот – ЛГБТ пропагандата.

Воедно ги повикуваме организаторите и сите поддржувачи на протестот, вклучително и државните претставници, како и сите останати здруженија за заштита на човековите права во Македонија да го сторат истото!


Здружението за заштита на човековите права ОД НАС ЗА НАС ги чува и промовира основните човекови права на сите луѓе, без разлика на нивната сексуална ориентација, меѓу другото, и се спротивставува на малтретирањето и насилството кон било кој човек.


Притоа, забележуваме дека со овие пораки, ЛГБТ пропагандата нанесува сериозна штета и на ЛГБТ заедницата и влијае на нивно етикетирање и неприфаќање од страна на заедницата, наместо остварување на декларативните цели.



Деловите од коментарите на сликите, во кои се спомнува име на политичка партија се избришани од причина што ОД НАС ЗА НАС е НЕЗАВИСНА И НЕПАРТИСКА ОРГАНИЗАЦИЈА КОЈА СЕ ФИНАНСИРА ОД ЧЛЕНАРИНАТА НА НЕЈЗИНИТЕ ЧЛЕНОВИ И НЕ ПОДДРЖУВА НИТУ ЕДНА ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА, ТУКУ ЕДИНСТВЕНО ПОДДРЖУВА/НЕ ПОДДРЖУВА ДЕЛА КОИ ГО ЗАСЕГААТ СЕКОЈ ЧОВЕК!


Забележуваме дека со полна пареа и сè поинтензивно нè следи пропагандата која го промовира сеопфатното сексуално образование. И не само тоа. Нивните обиди за обезвреднување на нашата искрена борба со лепење недолични етикети, обиди да нè претстават како „одработувачи“ за политички партии, обиди да нè претстават како теоретирачи на заговор, обиди да нè претстават дека шириме говор на омраза (правејќи го токму тоа со нивните написи), се сè понтензивни! Како што гледаме од транспарентите и написите, тие не се срамат дури ниту да навлезат во приватноста на Претседателот на нашето здружение!


Ние велиме: АКО! Вистината ќе го најде својот пат!


Воедно потсетуваме!

Основни човекови права се и правата на морално и верско уверување, како и првенственото право на родителите да го изберат видот на образованието што ќе им биде дадено на нивните деца согласно нивните сопствени уверувања (вклучително морални и верски)!!!
Следствено право и обврска на секој родител е да биде информиран за образованието кое му се нуди на неговото дете. Здружението ОД НАС ЗА НАС доследно работи на својата цел, информирање на родителите за другата страна на вистината во врска со родово-сензитивното образование кое е дел од сеопфатното сексуално образование. Онаа страна која официјалните институции забораваат да ја спомнат.


#НЕзаССО