ССО – Контроверзната страна

Статијата за ССО можете да ја преземете тука

„Сеопфатното сексуално образование е само мудро маскирана едукација за правата на абортус и сексуалното задоволство, која се провлекува под маската на човековите права, сексуалното, родовото и репродуктивно здравствено образование“.

„Програмите за Сеопфатното Сексуално Образование се маскирани под многу имиња и може да бидат наречени: сеопфатно сексуално образование, сеопфатно секс образование или сеопфатно образование за сексуалност, образование за човековата сексуалност, образование за репродуктивно здравје, информации за сексуалното и репродуктивното здравје, образование за семеен живот, превенција на тинејџерска бременост, превенција на силување, програми против силеџиство, превенција на ХИВ-СИДА и понекогаш дури и образование за апстиненција или апстиненција плус“.

„Тоа е ментално малтретирање. Ние ги буниме овие деца во врска со она што тие се. Од медицинско гледиште, кога сексуалната слобода е приоритет тогаш сексуалното здравје ќе страда“.


Меѓународен надгледувач на семејствата (International Family Watch): Војната со децата


Деновиве актуелна е новата Концепција за основно образование, објавена на веб страницата на Министерството за образование и наука. Меѓу другото, оваа концепција го вклучува и задолжителното воведување на т.н. „родово сензитивно образование“. Со ова, на мала врата се најавува она што во светот е општо познато како „сеопфатно сексуално образование (ССО)“ или „comprehensive sexual education (CSE)”.

Повеќе за овој Концепт, што учат децата во училиштата како дел од ССО, дали ССО е научно издржано, промоцијата на транс-родовата идеологија и последиците од неа, прочитајте во првиот дел од прегледот „ССО – Заштита на здравјето на децата или нивна индоктринација“.

Повеќе за тоа како ССО се најде во новата Концепција на МОН, прочитајте во третиот дел од прегледот „ССО – Патот до Македонија“.


Која е целта на ССО и кој го промовира?

Согласно Упатството за сеопфатно сексуално образование: од градинка до 12-то одделение, издадено од Советот за сексуални информации и едукација во Америка (SEICUS), а објавено на веб страницата на Обединетите Нации:

„Сексуалното образование има за цел да обезбеди можност за младите луѓе да ги преиспитуваат, истражуваат и да ги проценуваат сопствените ставови и ставовите на заедницата за: општеството, полот и сексуалноста“.

Оттука, јасно се укажува дека целта на сексуалното образование е менување на ставовите и нормите кои се поставени од страна на општеството на основа на долгогодишното искуство и во најдобриот интерес на човештвото – природна селекција.


Потоа, го имате Извештајот на Обединетите Нации за Правото на едукација: Извештај за генералното собрание. Согласно овој извештај за да се постигне „највисокиот можен стандард за физичко и ментално здравје“, потребно ни е сеопфатно сексуално образование „од самиот почеток на школување“ и исто така индивидуите „да бидат свесни за нивните сексуални потреби и права“, вклучувајќи го и правото на „задоволувачко“ сексуално искуство… и да ги „оттргнат чувствата на вина поврзани со еротиката“.

Што би значело тоа „од самиот почеток на школувањето“, може да послужи примерот на Унгарија и Франција каде градинката е задолжителна од 3 години. Како што видовме погоре, според СЗО децата почнувајќи од 0 години треба да знаат да поставуваат прашања за својата сексуалност и да се запознаат „со добрите и лошите искуства на неговото тело/што го прави да се чувствува добро“ и дека „ако искуството/чувството не му е добро, не мора секогаш да се жали за тоа“!!!. Откако ќе го усвојат ова на 3 годишна возраст, следната година (на 4 години) се веќе спремни за „рана мастурбација“. Во Грција и Луксембург градинката е задолжителна од 4 години, а во останатите држави, задолжителноста најчесто почнува од 5 години. Кај нас, за сега, со новиот Концепт е возраста за задолжително школување да се намали на 5 години.


Главната пропаганда од каде што „свират“ инструкциите по кои официјалните институции „играат“ е Интернационалната федерација за планирано родителство (International Planned Parenthood Federation IPPF), основана уште во 1952 година, чијашто визија е „сите луѓе да бидат слободни да прават избор за нивната сексуалност и добробит, во свет во кој нема дискриминација“. Според Наставната програма „Сѐ е едно” на оваа Федерација, која исто така е во партнерство со Светската Здравствена Организација (СЗО), децата од најрана возраст треба да се учат за: мастурбација, оргазам, ејакулација, орален секс, сексуални фантазии, сексуално задоволување на партнерот, третирање на сексуалните малцинства и нивните права, хомосексуалноста, сексуалните разлики во општеството, итн. На нивната веб-страница IPPF согласно нејзината визија и мисија, нуди „корисни“ информации за сексуалноста кои понатаму се преточуваат во образовни програми.

Членка на IPPF e Федерацијата за Планирано Родителство во Америка (Planned Parenthood Federation of America PPFA) или Планирано Родителство (Planned Parenthood), непрофитна организација која обезбедува репродуктивни здравствени услуги во САД и глобално. Организацијата директно обезбедува различни видови услуги за репродуктивното здравје и сексуална едукација, придонесува за истражувања во репродуктивната технологија и е адвокат за заштита и експанзија на човековите права. Исто така, во САД, таа е најголемиот давател на здравствено – репродуктивни услуги, вклучително и абортус.


Контроверзната страна на Планирано Родителство

Советник од Планирано Родителство во САД, беше фатена на тајно видео како советува 15 годишно девојка и како ја учи за техниките на садомазохистички секс, вклучувајќи упатства за зачепување, камшикување и задушување, како дел од сексуалното искуство што е прифатливо. Девојчето беше соочено со затворска казна. Таа имаше само 16 години, а нејзиниот партнер 43 кога се вклучила во една од сексуално-еротските игри каде „задушуваш некого“ и нејзиниот партнер се онесвестил и умрел. Таа изјавила: “Тој не го кажа безбедниот збор. Нè учеа дека треба да кажеш безбеден збор”.
Видеото можете да го погледнете и со македнски превод.

Дали сте слушнале за програмата „Колаче од Родово човече“ (The Genderbread man) за која излезе статија дека Планирано Родителство дистрибирала памфлети на учениците? Оваа програма визуелно помага да се објаснат разликите помеѓу родовиот идентитет, родовиот израз, биолошкиот пол и сексуалните и романтични привлечности. Ги учи децата дека родовиот идентитет (она што ние подразбираме машко или женско) е: како вие (односно детето од основно образование), во вашата глава, го дефинирате и го разбирате вашиот род, на основа на опциите за род за кои знаете дека постојат. Ги учат дека родот е спектар, дека можеш да одбереш да бидеш што сакаш. Можеш да си женско еден ден, па следниот ден да се чувствуваш како да не си ниту машко ниту женско. Денес, се зборува за 64 различни идентифицирани родови идентитети. Целосно збунувајќи ги децата од најрана возраст, кога немаат стекнато вештини за критичко размислување и емоционална регулација и на тој начин креирајќи една нова генерација на транс-родови и психички растроени деца. Во државата Орегон, возраста кога дете законски може да си го промени полот, без согласност на родителот, е 15 години!


Понатаму и гореспоменатата наставна програма за сексуално образование, издадена и промовирана од IPPF, „Сѐ е едно”, ги открива многубројните манипулативни тактики кои ги користат за индоктринација и сексуализација на децата преку ССО.

Во оваа програма, меѓу другото, се тврди дека сексуалното образование е: базирано на докази, сеопфатно, за човекови права, родово-сензитивно и културолошки соодветна едукација, која ќе го зголеми одговорното однесување одлуки кај младите, за да се намали стапката на бременост кај адолесцентите и сексуално преносливи инфекции, вклучувајќи го и ХИВ.

Сепак, „Сѐ е едно” како повеќето ССО програми, е мудро маскирана едукација за правата на абортус и сексуално задоволство, која се провлекува под маската на човековите права, сексуалното, родовото и репродуктивно здравствено образование.

Оваа програма агресивно го промовира абортусот. Со преку 112 референци за абортус, „Сѐ е едно” опсесивно се фокусира на сексуалното задоволство, споменувајќи „сексуално задоволство“ 62 пати. Промовира повеќекратни сексуални дејства и ги учи децата како да се стимулираат самите себеси или партнерот до оргазам.

Со цел да ја истражат нивната подготвеност, децата пополнуваат листа која заклучува дека децата се подготвени за секс кога „се чувствуваш физички привлечен кон другата личност“ и „кога се чувствуваш удобно да ѝ кажеш на другата личност она што го чувствуваш како добро во сексуална смисла“. Ги учи дека човековите права опфаќаат „сексуални права”, вклучувајќи наводни права на сите лица за „сексуално изразување” и правото да бараат сексуално задоволство. Сепак, не заборавајте – станува збор за деца од најрана возраст.


Притоа и сосема случајно IPPF, е организација за која се кажува дека „ниту една друга организација не направила повеќе за ширење абортус низ целиот свет“. Планирано Родителство е најголемиот давател на здравствено – репродуктивни услуги, вклучително и абортус која своите услуги ги нуди ширум светот. Насмеано лице кое ќе ве охрабри да абортирате ќе ве пречека на нивната веб страница, на која исто така ќе најдете стотици центри ширум светот во кои можете да направите абортус. Повеќе за нивната историја можете да прочитате на овој линк.

Токму, поврзано со овие контроверзни тела, Светската Здравствена Организација – главната институција која треба да се грижи за здравјето на луѓето и децата, во Стандардите за сексуално образование во Европа (стр. 47), советува дека децата од деветгодишна возраст треба да добијат информации за: „сексуалните права, како што се дефинирани од IPPF“, како и „да се запознаат со националните закони и регулативи за тоа на која возраст самите можат да дадат согласност за сексуален однос“. Во некои држави во светот, ваква граница не постои. Ова значи дека децата на било која возраст се способни да дадат согласност за сексуален однос и со тоа практично педофилијата станува недокажлива категорија. Во државите во кои ваквата граница е дефинирана, истата се движи од 11 до 21 година. На територијата на Европа границата се движи од 14 до 18 години. Во Македонија границата за давање согласност за сексуален однос е 14 години. Ова значи дека во Македонија дете од 14 години се смета за доволно возрасно за да може да даде согласност за сексуален однос со возрасно лице!

Ако мислевте дека е веќе доволно, еве уште една информација. Во 2015 година, Medicaid – федерална и државна програма во САД (преку која Планирано Родителство добива државни финансии!!!) во тајна истрага ja разоткри Планирано Родителство дека е вклученa во нелегална трговија на органи од абортирани фетуси. Главниот директор за медицински услуги на Планирано Родителство, во графички детали, опишува како се презервираат „вредни“ ткива од фетуси за време на абортус. Повеќе детали можете да видите на следното видео.

Државата Тексас одлучи да ja казни Планирано Родителство така што ќе и го скрати финансирањето поради ваквото прекршување на законот, за што државата Тексас беше тужена од страна на Планирано Родителство. По однос на оваа тужба, Окружниот суд издаде наредба да не биде спроведена казната на државата Тексас врз Планирано Родителство, Но, на крајот, во 2019 година, 5-тиот Апелационен суд со пресуда ја укина наредбата на Окружниот суд затоа што на основа на форензичка истрага утврдил дека видеата се верни на оригиналот и дека не се дополнително едитирани. Значи, за нелегална трговија со абортирани фетуси, Планирано Родителство е казнета единствено така што ѝ е скратено финансирањето во една држава!!!

А знаете ли дека голем број на вакцини се култивираат на клетки од абортирани фетуси? Во тоа можете да се уверите, на пример, од Упатството за употреба на МРП вакцината објавена на веб страницата на ИЈЗ (во овој случај, стручниот термин е: WI-38 човечки диплоидни белодробни фибропласт на страна 5 од Упатството). И повтoрно случајно, Бил Гејтс – најголемиот пропагатор на вакцини и поборник за задолжителна вакцинација бил член на Управниот орган на Планирано Родителство, a нотирано е и дека во 2005 година Планирано Родителство примило „дарежлив подарок“ од Фондацијата на Бил и Мелинда Гејтс. За загрижувачките ефекти од феталната ДНК во вакцините, можете повеќе да разберете од следните две видеа.


Д-р Тереза Дајшер: Oпасноста поврзана со човечката фетална ДНК која е содржана во некои вакцини

Dr Marko Marjanović – “INFOVax” simpozijum, Beograd, 20. maj 2018.

Ова веќе јасно го објаснува фактот зошто Планирано Родителство го поддржува слоганот „Мое тело, мој избор“ кога станува збор за абортус. Од друга страна, ставот на Бил Гејтс за задолжителна вакцинација за секого, што би значело „Твоето тело, не е твој избор“ е веќе добро познат.

Планирано Родителство дури и постојано се бори против секој закон со кој се бара родителска согласност или вклучување на родителите, за малолетници кои бараат сексуална и репродуктивна здравствена заштита, вклучително и абортуси. Интернет-страницата на Планирано Родителство ги охрабрува тинејџерите да ги заобиколат своите родители и законот.

IPPF оперира во 142 држависо цел да обезбеди помош, совети, услуги и материјали кои се однесуваат на било кој аспект на сексуалното и репродуктивното здравје“. Овие услуги се испорачуваат преку здруженија – членки на IPPF.


ССО во Македонија

И еве сме, ако мислевте дека овие концепти кои во целост се спротивни на вашето верско и морално убедување, се далеку од вашите деца, за жал тоа – не е вистина.

Здружението ХЕРА, основано во Македонија во 2000 година „како волонтерско движење од универзитетски студенти“, е одговорно „за потребите на земјата за подобрена едукација и третмани за ХИВ и за подобра нега за луѓето со ХИВ“. „Денес, ХЕРА е водечка национална невладина организација која работи на полето на ХИВ и сексуалното и репродуктивното здравје и права. ХЕРА се фокусира на национална и меѓународна промоција за сеопфатни и политики засновани на права и програми за ХИВ и сексуално и репродуктивно здравје. Особено се залага за сексуално образование и за правото на жените да избираат и да имаат пристап до безбедни услуги за абортус“.

И сигурно не сте изненадени дека ХЕРА е здружение – членка на IPPF.

Дека IPPF и Планирано Родителство, преку ХЕРА, се навистина активни во овој домен во нашата земја, можеме да се убедиме од информациите објавени на нивната веб-страница. На оваа страница ќе најдете целосна разработка за ССО и степенот на негова имплементација во Македонија. Еве што смета ХЕРА:

„Според сите податоци, ХЕРА смета дека за да има воведување на сексуално образование во Македонија, според принципите на Рамката за сеопфатно сексуално образование како: сеопфатност, докажани научни сознанија, слободен избор, недискриминација врз родова, етничка или основа на сексуална ориентација, промовирање на родовата еднаквост и земање предвид на развојните капацитети, учеството, потребите и заштитата на децата, треба да се остварат следниве чекори:

– Mинистерството за образование заедно со стручната јавност, граѓанските здруженија, како и учениците, наставниците и родителите да изработи стратегија и акционен план за унапредување на образованието за сексуално и репродуктивно здравје, во согласност на препораките на Рамката за сеопфатно сексуално образование

– На краткорочен план, Бирото за развој на образованието да обезбеди обука и да го усвои подготвениот Прирачник за наставниот кадар (одговорен за предметот образование за животни вештини) на теми од областа на сексуалното и репродуктивното здравје и права, како и да ги поддржи граѓанските организации во однос на спроведувањето на неформалното сеопфатно сексуално образование“.

И така, сега сме таму каде што сме. ХЕРА во Македонија успешно напредува во остварувањето на своите цели. Според ХЕРА, „По спроведувањето на истражувањето за можностите за информираност на учениците од областа на репродуктивното здравје и неговата заштита во училиштата кое потврди дека за љубовта не треба да се зборува само после часови, во 2011 година се усвои Рамка за сеопфатно сексуално образование по што изготвивме и Прирачник за наставници во основните училишта за теми од СРЗП. Препораката за пилотирање на ССО во училиштата остана само на хартија, па заедно со уште 47 граѓански организации потпишавме Декларација за сеопфатно сексуално образование, а во предизборието во 2016 година 10 политички партии ни ветија поддршка во унапредувањето на овие теми во формалното образование“.

Па, благодарение на овие документи можете на пример да „ѕирнете“ како би изгледал часот на кој вашето дете во 4-то одделение би учело за Маструбација (страна 139/200 од Прирачникот за наставниците во основните училишта на теми од СРЗП). Еве само еден пример за прашање на кое вашето дете треба да знае да одговори за да добие добра оцена:

И повторно нагласуваме дека се работи за малолетни деца чија способност за критичко размислување сѐ уште не е доволно развиена!


Во нашата земја ХЕРА е активна во одржување на бесплатни работилници за средношколци, во кои не се бара експлицитна согласност и дозвола од родителите, а исто така има јасен став во однос на борбата за правото на абортус.

Повеќе за тоа како ССО се најде во новата Концепција на МОН, прочитајте во третиот дел од прегледот „ССО – Патот до Македонија“.


На основа на сето претходно наведено, целите за кои се залагаат организациите кои стојат позади промоцијата на ССО може да се сумираат во следното:

1. учење на децата од нивната најрана возраст за нивните права за сексуалноста,
2. сексуализација на децата од најрана возраст,
3. промоција на родовото збунување кај децата. Децата да не му веруваат на сопственото тело за тоа дали се машко или женско и постојано да се преиспитуваат и да бидат несигурни во себе,
4. промоција на истополови бракови,
5. учење на децата да се спротивстават на околината (родителите) за „штетните норми“ (хетеро нормативноста) затоа што „родителите често не ги знаат одговорите“ и да побараат друга (некоја си) особа која ги разбира и на која ѝ веруваат и со која ќе зборуваат за сексуалноста од најрана возраст,
6. учење на децата да не се жалат секогаш кога имаат лошо сексуално искуство (почнувајќи од 0 години),
7. промоција на абортус,
8. профитирање (дел или можеби и сите) од абортусот

„Навлекувајќи ги децата на секс, сексуалното образование е мулти-милијарден бизнис за Планирано Родителство и други слични организации. Ова е поради тоа што децата или „кандидатите”, кога се сексуализирани, стануваат клиенти на Планирано Родителство и зависни од нивните услуги.“


Меѓународен надгледувач на семејствата (International Family Watch): Војната со децата

Во првите 10 дена од 2021 година, во светот се абортирани повеќе од 1,1 милион фетуси. ССО е широко распространето низ светот. Дали сметате дека оваа информација е согласно промовираната цел од страна на пропагандата за ССО дека придонесува за „сексуална едукација“ на децата? Но, секако е согласно организираната промоција на абортус од која профитираат, никој друг, туку истите тие организации кои го промовираат ССО.


За крај….

Научните анализи недвосмислено покажуваат дека воведувањето на „сеопфатно“ сексуално НЕ придонесува за подобрување на сексуалното и репродуктивното здравје на децата, а од друга страна промоцијата на ваков навидум наивен тип на образование, од во најмала рака сомнителни институции – може да предизвика трајни психички последици кај младите индивидуи.

И уште еднаш:

Фер е да се признае дека еден дел од содржините и програмите на ССО може навистина и да бидат во корист на здравјето и развојот на децата, ДОКОЛКУ се применети во соодветна возраст и со целосна поддршка на моралните и верските убедувања на родителите на децата. Но, тенденцијата кон: индоктринација на децата од НАЈРАНА возраст, истакнување на СЕКСУАЛНИТЕ ПРАВА на децата, ОЦРНУВАЊЕ на културните и религиозните вредности на родителите, насочување на децата да одлучуваат БЕЗ ЗНАЕЊЕ НА РОДИТЕЛИТЕ, е повеќе од очигледна и води кон насока која може да биде сè, освен најдобар интерес за децата. Дополнително, знаејќи ги сите претходно наведени информации за последиците и ефектите од овој вид образование, како и криминалната историја на институцијата која го промовира, сигурни сме дека добрите елементи од програмата служат единствено за да се постигне ефектот на „контролирана нејаснотија“ што ќе обезбеди подмолно пласирање и усвојување на овие програми од страна на надлежните институции – без информирана согласност на родителите.

Затоа едуцирајте се поопширно за она за што ќе биде „информирано“ Вашето дете, не само во рамките на изборен предмет, туку проткаено во останатите предмети, секаде каде има можност.

Сè на сè, на нашите деца им се заканува сериозна опасност! Дали ќе дозволиме при отворени очи да ни ги одземат од рацете – од нас зависи! Дека е тоа така и дека не постои никаков изговор за пред време да ги кренеме рацете од нашите деца дозволувајќи некој да влијае на нивното невино, наивно и среќно детство, зборуваат два примери од нашата блиска околина.

– Во Бугарија незадоволството на родителите од раното сексуално образование во училиште ја запре програмата во училиштата во земјата.

– Во Србија, исто така под притисокот на јавноста, Министерството за образование одлучило да ги повлече од употреба „образовните пакети за учење за сексуалното насилство над децата“ (спомнати во првиот дел од прегледот), на неодредено време. Претходно, во 2016/17 станале дел од редовниот, постоечки национален наставен план и програма во образовно-воспитните институции, за основните и средните училишта. Се чини дека истиот овој период Србија, како и Македонија, повторно ја тресат секс-скандали со паралелен притисок за воведување на ССО како „единствено совршено решение“ за овие сериозно медиумски покриени случаи. Оваа коинциденција не може, а да не остане забележана.

– Во Хрватска организираните родители дури стапија во контакт со организацијата IFW. Американска активистка Џудит Реисман и британскиот новинар Тимотеј Тејт, на повик на клубот на партијата ХДЗ, пред избраните пратеници и гостите во Хрватското Собрание одржаа предавање за предизвиците од воведувањето на родово-сензитивно образование во училиштата, кое во текот на расправата беше оценето како првенствено идеолошко прашање што во иднина треба да иницира дијалог во фокусот на правата и интересите на децата. Овде, можете да ја погледнете одлуката на Уставниот суд во Хрватска со која на 22.5.2013 година е одлучено да се поништи Одлуката на Министерот за образование и спорт за воведување на здравствено образование во основните и средните училишта сè додека наставната програма не се усогласи со Уставот на земјата. Еден од 4-те наставни модули кои биле дел од курикулумот на здравственото образование е: Полова/родова рамноправност и одговорно полово однесување.


Овие родители покажаа дека никој не смее да се „приближи“ до нивните деца и дека силата е во заедништвото! А ние?



ОГРАДУВАЊЕ: Овој преглед има за цел да даде збирен извештај со информации кои се поврзани со сеопфатното сексуално образование, а кои се достапни на интернет. Информациите наведени во прегледот не претставуваат став или тврдење на здружението и изворот на истите може да биде проверен со пристапување до линковите кои се дел од прегледот. Здружението ги повикува читателите да известат доколку дојдат до извори со дополнителни информации на оваа тема. Ниту еден дел од текстот не значи и не треба да се разбере како такво, дека Здружението ОД НАС ЗА НАС Скопје и/или неговите членови поттикнуваат дискриминаторски чувства кон луѓе кои имаат различни убедувања. Напротив, според Здружението и/или неговите членови, секој облик на дискриминација е недозволив и треба да биде подеднакво третиран. Ниту еден вид на дискриминација не е и не смее да биде помалку значаен од другите. Искреното залагање против дискриминација не смее да одделува, фаворизира или повеќе да нагласува само еден вид на дискриминација – како што е тоа случај со предложената Концепција за основно образование од страна на МОН. Здружението смета дека со предложениот текст се спроведува дискриминација врз луѓето кои не веруваат во транс-родовата идеологија и со тоа воведувањето на новата Концепција би значело неможност за нив да изберат образование за нивните деца кое, за нивни најдобар интерес, е согласно нивните морални убедувања.

За ова, Здружението го информира МОН со овој допис.